Шведска да, Финска беше нападната од СССР и водеше сама војни, без никакви ресурси (сиромашна земја тогаш, без чизми камоли повеќе) против Црвената Армија. Еве како тоа заврши тогаш:
Прегледај го приврзокот 328614
За разлика од тогаш, Финска имаше 80 години да изгради армија и дефензивна стратегија (пошто знаат со кого граничат на исток). 900.000 обучени резервисти (во Финска воениот рок е задолжителен и нивото на обука високо), најголема подготвеност на популацијата да си ја брани државата во цела Европа, најголема артилерија во Западна Европа и 80 години градење дефанзива како на пример:
- ако отвориш мапа на Финска ќе видиш дека нема главни патишта што одат исток-запад, само север-југ, ова е плански за да нема колони како во Украина;
- теренот во Украина за теренот во Финска е авионска писта - целата земја е карпи, шуми, езера. Периодот за напад би бил неколку месеци во лето, од октомври до мај снег и мраз, и тоа на југ (пред некој ден имаше снежна бура, Балтикот сеуште е замрзнат на сред април)...на север снег во јуни не е ништо чудно;
- секоја зграда со одредена големина има подземен бункер. За саат време може цела популација да биде под земја. Ова е закон, исто како следната точка;
- секоја компанија има обврска да има залихи на неопходни продукти од 6 до 12 месеци. Сите поголеми компании соработуваат со државата (обврзани се) и имаат кризни состаноци и во време на мир, да бидат подготвени за кризи.
Единствена опасност за Финска од Русија би бил нуклеарен напад. Никој, ама буквално никој, не се плаши од конвенционална војна на финска територија. До пред војнава во Украина Финците си беа неутрални и НАТО не беше ниту тема на разговор. Никогаш НАТО немаше позитивен рејтинг ниту сакаа да влезат. Сега изгледа гледаат што може да се случи ако си руски сосед а не си во НАТО и сменија правец. Нема љутиш, play stupid games win stupid prizes. Честито 1300км НАТО граница.