Кога ги читаш руските “напредувања“ на форумот и кога ќе ја погледнеш картата на Украина сфаќаш колку СВО е локализиран и колку тие напредувања се минимални и локални со голем број жртви и воена техника.
Руската воена операција е тотално неутрализирана и сведена на пар места во Донецка Република околу Покровск и Курахово. За напомена Часов Јар и Торетск се освојуваат веќе цела една година.
Ниту една територијална единица која беше припоена кон РФ не е целосно освоена, а во Херсон и Запорожје со месеци нема никакви воени дејствија од страна на руската армија. Што доволно зборува дека руската армија моментално нема капацитет за поголема офанзива на повеќе правци. Плус, мачењето во Курск да повратат територии после 7 месеци.
Каде се големите аналитичари од типот на Скот Рихтер кој на секои два месеци предвидуваше распад на украинската армија и фронтот лол. Какви се не будали исчитав последниве 2 години тоа е чудо.
Тоа го рече и Стрелков кој моментално е во затвор, затоа што вистината ја кажува дека целата руска воена операција е само едно обично фијаско. Нормално во „слободарскиот и биполарен“ свет на Русија се е цензурирано и не може да се чуе никаква критика кон Путин и целиот воен врв околу него. Само бајки цветаат и руската храбра армија напредува кон следната штала.