Како што реков, зависи од целта поставена пред инвазијата. Ако целта на СССР бил Виборг и Карелија, тогаш тие победиле и жртвите се исплатиле. Ако целта била Финска назад во Русија како во време на царска Русија, тогаш не баш. 10% територија и тоа најнеразвиениот дел. Ако прашаш Финци денес дали некогаш би ја сакале таа територија назад, 90% ќе ти одговорат не.
Финците знаат дека ќе бидат battleground со или без НАТО и се спремни на тоа. НАТО им е дополнителна гаранција (или илузија, од кај да знам што ќе се случи ако Русија нападне НАТО членка) дека нема да бидат сами како Зимските Војни. До ден денешен НАТО не бил нападнат и немало потреба да интервенира и брани своја членка, ваљда мислат дека ова значи нешто и вреди да се зачленат. Ако Естонија, Литванија, Латвија со 5000 војници имаат сила да праќаат воена опрема во Украина (Естонија досега повеќе од една Франција, замисли) и нон-стоп да се анти-Русија без страв, тогаш ваљда има нешто во тоа НАТО.