Ни тоа што не си објективен не е проблемот. Никој не е целосно објективен (иако некои од нас се трудиме).
Проблемот е што ти не се ни обидуваш да размислиш со своја глава, туку еднострано пласираш информации - и потоа се лутиш кога некој ти укажува факти дека пласираното е очигледно погрешно.
спушти се на земја малку пријателе, згази на цврсто тло, многу лебдиш над сите нас
Дискусија не е пласирање на две пропаганди, и последователно меѓусебно игнорирање.
Дискусија е разговарање и размислување за достапните факти (во пласираните пропаганди, или од било каде).
се слагаме, ова е точно, ама ти забораваш дека твоите „факти“ се исто толку матни колку моите
Тоа јас што ти го кажувам се факти.
На пример еве ги фактите за тој настан:
1. има снимки два дена претходно како го „ослободуваат“ Буча (читај, влагаат откако Русите го напуштиле), и никаде не се гледаат убиени луѓе на улиците
2. градоначалникот на Буча жив насмеан дава изјави, ништо не кажува за убиени цивили
3. Тоа
Буча е некое г’з место, не е дека убиениве биле во голем град во некој збутан кварт каде што никој не стигнал да влезе па никој не видел
4. тек неколку дена после влагањето на Украинците во Буча наеднаш снимки со куп убиени по улиците
Болд = алал да ти е
1. од истите улици се снимките? ги препозна разликите пред и потоа? - не, не се
2. па ако влегол прво во празни улици, логично е да е насмеан, да не треба да плаче предвреме ради превентива?
3. таман, г'з место е, сега проверив со мерки на гугл мапс, малце поголемо местенце од Битола е, дуќанчина ситна риба. Ако доволно одзумираш и Токио изгледа големо колку Мамутчево
4. Мосул го чистеа година и половина во модерна урбана борба, ама неколку дена изгледа се многу голем период за претходно окупиран град од втората светска сила на светот.... куку мене
Тоа се фактите.
Размислувањето е дека убиените е нелогично сите да се чисти и сите паднати како покосени. Имаше некој уште со точакот меѓу ноги, други по двајца во парови паднати како што оделе... Немало ранетите да се влечат накај куќи? Или Русиве сите со headshot во движење ги погодиле? Тоа е можно само со хемиско оружје (кое никој не го спомна), или со касетни бомби (што ќе продуцираше мелено месо и човечки делови на сите страни, наместо чисти и мирно легнати луѓе). И снимки од убиените кои искачаат неколку тек дена подоцна? И веднаш сите западни држави даваат синхорнизирани (по време и содржина) изјави?
Нема логика, полна е со дупки приказнава. Па сеедно што тебе ти ја раскажал другар од Украина. На лице место да не бил присутен кога Русите наводно ги убивале цивилите?
многу е лесно да се побиеш сам себе си со глупостиве што ги напиша. Отвори на јутуб или било кое друго место каде што има слики и снимки од борби во урбани средини. Бивша СФРЈ, Грозни, Тбилиси, Рамади, Фалуџа, Мосул, Рака, Алепо, Дамаск...... спореди ги снимките и сликите и види дали има сличности. Види дали на тие снимки мртвите врескаат од среќа
линкот што јас го споделив, беше многу реален во моите очи, можда твоите суперкогнитивни способности видоа нешто што не видов јас
јас видов на сликите мртви тела со згрудчени локви крв до нив, има една слика која крвната трага е развлечена, што укажува на движење. Згрудчена или исцедена крв укажува дека крвта не е свежа туку дека стоела таму некое време - неколку дена
Влажен коловоз укажува дека врнело сега скоро, вајда вода ке ја измие трагата?
Што виде ти? де објасни ми на линкот што го пратив што виде ти?
Нема логика, полна е со дупки приказнава. Па сеедно што тебе ти ја раскажал другар од Украина. На лице место да не бил присутен кога Русите наводно ги убивале цивилите?
ако читаш, ќе прочиташ, дека се криел во скривница. види ми болд
другар мој кој е Русин и живее во Киев во некое предградие ми го прати линков
вели дојдоа русите и пукаа по се што се движи, дури и кучиња. Тие што биле по подруми и скривници преживеале.
Комшиите негови биле заврзани и застрелани. Комшиката била трудна и преживеала ама нејзиното дете не, како и мажот и.
Изгледа бебињата се нацисти
црева ми се превртеа од сликите што ми ги објасни, никогаш повеќе нема да бидат исти овие луѓе. Омразата длабоко ќе се вкопа
Пошто некако не си ми сигурен дека го знаеш поимот - факти инаку се
информации кои се потврдени како точни и неспорни.
Неоспорен вистинит податок или настан. пример, случај, доказ Реалност, стварност; неоспорна вистина. Како потврдна честичка со значење: точно, верно, вистина.
drmj.eu
Факти не се приказните (твои или на другарти, или од украинските центри за специјална војна).
Факти се работите кои ти ги набројав на почетокот на постов. Факт е дека Русите ја напуштиле Буча на 31-ви. Факт е дека снимките излегуваат цели неколку дена после влагањето на Украинците во Буча. Факт е дека цивили убиени со огнено оружје не изгледаат како да се убиени со екстра потентно хемиско оружје (искрено и не знам за хемиско оружје кое убива инстантно, за некој да падне на лице место и да умре во моментот).
болд: факти е тоа ти што збориш и ништо друго
1. Факт е дека Русите ја напуштиле Буча на 31-ви, = ОК ама што направиле пред да ја напуштат Буча? Остануваме да видиме после нив
2. Факт е дека снимките излегуваат цели неколку дена после влагањето на Украинците во Буча = и наоѓаат мртви цивили на улици кои изгледаат како да стоеле таму некое време
3. Факт е дека цивили убиени со огнено оружје не изгледаат како да се убиени со екстра потентно хемиско оружје (искрено и не знам за хемиско оружје кое убива инстантно, за некој да падне на лице место и да умре во моментот). = што укажува дека пред неколку дена, некој употребил огнено оружје на цивилите а локвите крв потврдуваат дека не се помрднати од местото
Факт е дека цивили убиени со огнено оружје не изгледаат како да се убиени со екстра потентно хемиско оружје (искрено и не знам за хемиско оружје кое убива инстантно, за некој да падне на лице место и да умре во моментот).
1. Ти веројатно не очекуваше дискусија за ова, ама малку е неразумно да постираш нешто на јавен форум и да не очекуваш дискусија.
2. Тој настап „игнорирај ме и ќе те игнорирам“ е целосно неразумен...
3. Очекувањата ти се неразумни, евентуално да си отвориш блог и да постираш мислења таму (без секција за коментари).
1. очекував дискусија, жешка тема е. Ама не очекував дека некој ќе ми се закачи и ќе мава со глава во ѕид. Не очекував некој да левитира над мене како Бог.
2. Напротив, многу е разумен. Штом видов колку јак став имаш „јас се знам - ти појма немаш“ нема што да се убедуваме после тоа. Јас ќе ти реплицирам на секој еден збор како до сега, ама тоа нема ефект, не е дека ти нема да си ја тепаш истата песна како да не сум те цитирал
3. за ова си во право, имав убави очекувања кои ти ги разочара
@Klinton зошто бе вака Британците да одбиваат состанок и истрага за случувањата во Буча?
Reality check: Ако злосторниците се Русија, тогаш зоштo се единствени кои бараат Советот за Безбедност да одржи состанок?
Шо ги знам, не ги пасам. Цитиран сум си сам да видиш што пишува, не ми мењавај тема и не ми прави дигресија од кажаното. Јас не дискутирав геостратегија