Значи, види вака сега, јас само напоменав што се зборуваше и пишуваше во проруските медиуми пред инвазијата, русољупците тука и на фб 50 пати споделуваа дека ќе се соборува рекордот на Израел, па дури и утрината кога почна инвазијата на проруските медиуми имаше написи дека за 24 часа ќе се избомбардираат аеродромите, ќе се онеспособи ПВО на Украина околу Доњецк, и ќе се поапси цело раководство на Украина на чело на Зеленски, за на крајот да не испадне баш така на терен. Јас тоа тродневна војна го напишав со доза на цинизам како контра на бруталната пропаганда за семоќната руска војна армија и тактика. А никаде не напишав дека јас верувам во тоа. Е сега истите тие што тогаш триумфалистички најавуваа такви работи, сега гледаме како тоа Русите се грижеле за цивилите, затоа се одолговлекува војната итн.
Во врска, со тоа колку мислам јас лично дека треба, тоа ретко кој може да ти го докаже, но фактите се факти:
- На Русите не им оди според планираното, веројатно си имаа некои си погрешни проценки Путин со екипата, и ќе видиме како ќе оди војната наредно.
- Војната отсега па натаму, нема да има победник. Русија и да ја направи Украина тепсија, што несомнено е дека има капацитет за тоа, сепак на крајот кога ќе направи калкулација, повеќе ќе има изгубено отколку добиено. Разорена Украина, сиромашна со разрушена инфраструктура и општество, и да ја припојат кон Русија како што сторија со Крим, ќе им биде рак рана. Војната и злосторствата Украинците никогаш нема да им го простат, дури и тврди руски поддржувачи видни личности во Украина, Украинци, јавно го осудуваат однесувањето на Русија, Руската вранишковски тип на црква во Киев, ја осуди Москва, и еден куп довчерашни русофили во Украина. Oсобено па ако потраат рестрикциите од западот?! Ете сведоци сме дека се притиска и Кина од страна на Западните земји, и дека и Кина калкулира како ќе се постави, сега засега е неутрална, може да се наречи и благонаклонета.. Сепак досега е многу воздржана, и чека разрешница. Секој си има своја математика, и како ќе се постави. Но, од сево ова има еден голем добитник, а тоа се УСА. Правете го Бајден вие стар, сенилен ваков таков. Америка си го билда доларот, во својата земја нема војна, ниту минорен протест, од друга страна сите земји кои му се „конкуренција“ страна имаме потполен хаос во комшиите на Русија, што сигурно не е стабилизирачки фактор, туку дестабилизирачки, така да влогот е голем, а мислам дека Кина се добри тактичари и ќе земат се во предвидов.
- Русија ќе беше победник во војната, доколку ја завршеше работата за 5-7 дена, со секој ден повеќе, Русија губи се повеќе.
Ваква интелектуална немоќ за волку сложена ситуација е греота да се коментира. Но ај со ред.
1. Тоа што про руски медиуми, фб ликови и навијачи, форумџии итн. пишувале ем е небитно ем е очекувано. Затоа се тие на интернет стратези, а за среќа оние што треба у реалност да бидат стратези, планери и спроведувачи си се на соодветни позиции.
У контекст на навивањето "за 3 дена се готови", секој објективен воен експерт/аналитичар знае дека и 3 дена се многу за моќта на руската армија во случај да им била таа намерата. И самите амери ако се сеќаваш викаа "очекуваме Киев да падне во следните 72 часа". Не е прашање на дали можеле туку на стратегија. Апсолутно можеле и можат. Апсолутно не им била тоа целта и стратегијата.
2. Буквално во првите 24 часа им ја уништија ПВО. Она што не го разбираш е повторно стратегија и определба, т.е. уништија стратешки позиции кои им дозволија како на тренинг да си ги леткаат коптерите. Буквално на 20км од Киев си се истоварија. И на сите други места од стратешка значајност истото, авионите, дроновите и коптерите си ги летаат како дома од тогаш.
3. Да имале цел апсење/елиминирање на Зеленски, навистина мислиш дека ќе се потегнеа светот наопачки да го обрнат? Не биди наивен.
4. Кои факти ги приложи дека не им оди поред планираното? Никои. У реалност, ефикасноста и брзината се историски. Мала компарација, НАТО 78 дена ја бомбардираше Србија без војник ни тенкче да успее да стапне у територија на Срб. НАТО 42 дена го кршеше отпорот на Ирак притоа прво мавање ракета у резиденција на претседател а после тепих бомбардирање сосе цивили. Исто битно е географијата, Украина е огромна територија, со многу активна војска, многу советско оружје и од 2014 пумпана со западно. На тоа додај целото западно техничко, технолошко, логистичко, сателитско, аналитичко, разузнавачко, политичко, економско, сајбер, пропагандно и секакво друго помагање. И на тоа додај воена основа тој што напаѓа мора да има 3:1 сили, а овде е обратно, 1:3. И ако пресметаш дека фронтот што го отвара е 1800км долг, нешто што ниту се десило ниту ќе се деси.
Никој не знае што е планирано, самите кажаа дека нема рок, ќе трае дур не се исполнат целите. Така да сета таа пропаганда дека не им идело е трагикомична.
5. И во таа насока дали им иде и дали ќе немало победник ај да ги видиме фактите.
1 цел демилитаризација - уништени 3500+ воени објекти + морнарица, пво, тенкови, дронови, авиони, коптери механизација, артилерија, командни постови, радари складови, магацини итн...ОСТВАРЕНО
2 цел денацификација, поголемиот дел од нацистите опколени, останатите елиминирани. ОСТВАРЕНО
3 цел неутралност, денес Зеленски кажуе дека веќе е јасно дека нема да бидат дел од НАТО.
И останува 4та цел тоа се признавање на Крим и решавање на статус на ЛНР и ДНР.
Е сеа ова беа почетните, а Путин рече со секое одолговлекување, цената ќе биде со камата, така да нека не те чуди поголем дел да задржи под контрола.
Ќе прескокнам другото и ќе кажам само за задњиот пасус. Ако се обидеш да ги разбереш позициите на Русија, ќе сватиш дека нема што да изгубат. Се освен контранападов за нив ќе беше смрт. Можеби не инстант ама полека но сигурно. Русија да дозволи ракети на НАТО донесени на близина со 3.5 минутна шанса за погодок у нивна територија е рамно на самоубиство.
П.с. како бонус само ќе ја споменам каматата за овие екскурзии на НАТО и европа. Путин штотуку ги доближи нуклеарките како и ваздушната одбрана за 1000 км поблиску до нив. Хинт: референдумот у Белорусија.
Сеа за сеа толку, а заслужуваш многу повеќе Red Pilling