Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Во последно време (веројатно недостиг на креативност или којзнае што...) преработки никнуваат како печурки, веќе искрено не ни знам од кој е оригиналот. Најчесто велам оригинал си е оригинал и секогаш оригиналот е подобар од преработката, но секогаш има нели исклучоци од правилата, па ете темава нека биде за исклучоците, односно за преработките кои се подобри од оригиналите или ако ништо друго барем попопуларни. (Да, знаеме дека популарноста не значи дека е и подобра, ама ме сфаќате што сакам да кажам)
Се разбира според вашето мислење, секогаш ќе има спротиставени мислења, но да видиме вие што мислите.
Пример 1:
Оваа верзија е каде каде попозната од оригиналната, а и мене искрено многу повеќе ми се допаѓа. Не дека првичната верзија на Боуви е лоша, ама верзијата на Нирвана повеќе ми се допаѓа.
VS.
Пример 2:
Пример за апсолутен хит и евергрин, песна прогласувана и за најубава балада на сите времиња. Но, малкумина знаат дека оригиналот е всушност на Доли Партон (некаде прочитав дека и уште некој ја има испеано, ама не ми текнува на името).
VS.
Пример 3:
Многу ми е интересно што многу луѓе не знаат дека оригиналот е на Боб Дилан. Баш чачкав по ЈуТуб и низ интернетов нешто и многу луѓе кога ќе ја видат верзијата на Боб, мислат дека тоа е преработката, не ми е јасно како...
Мене лично двете верзии ми се допаѓаат, дури таа на Боб Дилан може малку повеќе, ама ми изгледа (може грешам) дека оваа од ГНР е попопуларна. И Аврил памтам направи преработка и во повеќе весници тогаш ја пишуваа како обработка на ГНР.
VS.
Еве овие први три примери ми текнаа, слободно надополнувајте, ми секна инспирацијата, вака од прва на овие три ми текна...