Јас на сите им ја препорачувам Counter Strike 1.8-ептен јака игрицата е и оружјата имаат вистински звук и лик,а не како на постарите Counter Strike :smir:
Целата приказна е споена со девојката "Alma" па ти препорачувам да ги изиграш и двете нема да зажалиш, додека F.E.A.R 2roject origin е за степен пострашна, кога си кај F.E.A.R имаш и експанзија на играта односно F.E.A.R:reborn затоа кога ќе ја превртеш не ја бриши потребна ти е целата игра за да можеш да ја инсталираш и играш експанзијата :smir:
Tactical Intervention
Нова игра од авторот на Counter Strike, Мин Ле - Гусмен. Играта е ФПС со модерно војување.
Правена е во Source енџин. Најверојатно е лиценциран, а не како мод затоа што бета верзијата се игра посебно и енџинот ми личи како од L4D(2) за кои нема модови, па најверојатно ќе се наплаќа. (ЦС беше бесплатна кога излезе ама бараше хл1). Моментално играта е во затворена бета.
Немојте да се зафркнете и да читате рецензии за Alpha Protocol.. играта е стварно добра. Тие неколку пропусти кои ги има (лоши анимации, малку глупи непријатели, некои ситни багови..) се приметуваат првите неколку мисии, после исто како да ги нема.
Приказната е просечна (слична на таа од Bourne филмовите, само не толку добро имплементирана), ама гејмплејот е закон - комбинација од старите Splinter Cell и од Mass Effect.. значи мисиите може да бидат завршени само со stealth/шпионски, или со влегување од главна врата со два SMG, или комбинација од двете; непријателите можат да бидат убиени или онеспособени итн. Најважното нешто во цела игра се дијалозите на главниот лик со останатите ликови. Има 3 главни типови на дијалози (aggressive, suave, professional), секој од нив инспириран од некој од ликовите со иницијали J.B. (Jack Bauer, James Bond, Jason Bourne). Секој избор што ќе го направиш има некакви (позитивни или негативни) последици во некоја наредна мисија - дали некого ќе поштедиш или ќе го убиеш, дали со некого ќе склучиш неформална алијанса,
дали ќе спасиш една личност блиска до тебе или стотици кои не ги знаеш
, дали ликовите нема да можат да те поднесат или ќе те обожаваат.. од овие избори зависи крајниот исход, како и нивото на помош што ќе го имаш во мисиите. Не е ништо ново, ама последиците се стварно видливи и се осеќаат, за разлика од на пример Fallout каде само се спомнуваат во слајдшоуто на крајот.
Има атрибути во кои може да се инвестираат поени за да се подобрат (до максимум 15то ниво) и специјални способности (silent running, chain shot..). Оружјата се поделени во три главни делови (pistol, SMG & assault rifle), со голем избор од истите и од разни додатоци (придушувачи, поголеми шаржери..). Нормално, има и CQC (close quarters combat).
Да кажам за F.E.A.R. сега ја завршив.
Значит дефинитивно требит да ја играте со слушалки и навечер, вервете многу подобра игра е така, појак филинг имат. Е сега ако сте ко мене и немојте да дочекате после полноќ, то е друго. Имаше некој страшни моменти (да, најповеќе се "исплашив" ко играв после полноќ), Глупо ми беше само шо немаше некој места, каде шо требит да се замислиш шо да прајш, а не само право, право и пак право, тоа е само еден голем минус во играва, но сепак вредит да се изиграт.
Сега ја спуштам експанзијата шо ми ја предложи smeX, а потоа ја инсталирвам двојката. Can't wait!
ps. Некој вакви пострашни игри да предложите? Неморат да се FPS...
Може да ја пробаш DooM 3 или Quake 4, и двете се FPS колку што гледам ти сакаш малку повеќе загонетки да решаваш но и акцијата да не ја запоставиш, во DooM 3 имаш малку повеќе компликации но играта е стара па графиката не толку добра како F.E.A.R но сепак вреди да се игра :wink: додека Quake 4 е што може да се каже иста како F.E.A.R само што ја нема страшната музика и си во понапредно време но верувај и на неа ќе скокаш од стол доколку играш во темна просторија
PS: А доколку сакаш стварно добра приказнa и мистерија почни да играш Princ of Persia. (стварно има некој места да мислиш дури со денови) но нее страшна авантура е
Уф игричкава ке биде закон според мене..само на овој трејлер колку изгледа добро графиката..слушнав дека ке излезе септември/октомври..неможам да дочекам веднаш ке ја купам !!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.