Sungerot Bob
Живеј го животот
- Член од
- 7 август 2012
- Мислења
- 32.391
- Поени од реакции
- 36.508
Колку и да си гурман, некогаш мора да се откажеш од некои работи поради своето здравје, ова од искуство ти го зборам. Подобро здрав и жив, отколку прејаден со нездрава храна.Друштво темава ја прочитав од почеток до крај и не најдов нешто слично со мојот проблем.
Имам прекумерена количина на киселини во желудникот.
Бев кај др.Ставридис во Градска каде што ми правеа Гастроскопија, па тестирав и Хеликобактер, се си е нормално, освен во Гастроскопијата каде што имаше дијагноза (воспален желудник).
Кога јадам свежа храна и мала количина најчесто немам проблеми, ама зачинето, термички обработено, шеќери и слично.... тешко мене.....
Пиев Ланзул и немав проблеми додека ги пиев што и да јадам, престанав и пак почнаа....
Гурман сум си
Дали оваа моја дијагноза се лечи или и доживотно ќе си внимавам?
Можеби описов е оф топик, но го пишувам како објаснување за некој кој имал сличен проблем па да ми препорача кај кој специјалист го решил истото.
Може приватно или државно.
Благодарам однапред.
Иначе не сум нешто многу запознаен кои доктори се добри во оваа гранка од медицината, но член од моето семејство беше кај една професорка, Мери Трајковска на Клиника и горе доле е задоволен од неа. Башка она испраќа на повеќе испитувања да се направат. Така да отиди кај неа или кај некој друг доктор за кој знаеш дека е добар, бар ќе имаш едно мислење повеќе.