Препорака за добар соковник и блендер

  • Креатор на темата Креатор на темата MajMyH
  • Време на започнување Време на започнување
Дали Соковниците со бавно цедење со моќност од 150-300w можат да цедат тврдо овошје како на пример дуњи???
 
Dali nekoj ima iskustvo so koristenje na susharite za ovoshje i zelencuk? Koja matka i jacina na mashinata se preporacuva? Koi ovoshja i zelencuci najmnogu se peeporacuvaat za sushenje?
 
Што би препорачале за мелење јаткасти ореви и правење путер од нив? Исклучиво за таа намена ми е, па не сакам да дадам отповеќе пари.

Што би завршило работа? Блендер, сецко? Препораки за некој модел?
 
Што би препорачале за мелење јаткасти ореви и правење путер од нив? Исклучиво за таа намена ми е, па не сакам да дадам отповеќе пари.

Што би завршило работа? Блендер, сецко? Препораки за некој модел?
Зависи колку ситно сакаш да се измелени. Нутрибулетот лом ги прави, ама рачунај ќе ти треба дополнителниот нож и многу скапо ќе те фати комплетот. Друга варијанта е миксерот-сецкото 3 во 1 на делимано што е, 2.000 кошта и ќе ти заврши работа. Е сеа нема да се ептен ситни ко со рачна мелница сомелени ама ипак е ситно. Ти кажувам од тоа што сум пробал, можеби има некоја подобра варијанта ама не сум чул.
А ако ти е исклучиво за ореви можеш со рачна мелница или како да се вика литературно, со 150 денари ќе куртулиш.
 
За путер од кикирики и бадеми ми е најмногу. Ситни - колку за да се мачка на леб ситни.

Овој на делимано каде може да го најдам? Фала инаку, ако поминам со 2.000 добро би било.
 
Последно уредено:
За путер од кикирики и бадеми ми е најмногу. Ситни - колку за да се мачка на леб ситни.

Овој на делимано каде може да го најдам? Фала инаку, ако поминам со 2.000 добро би било.
Чекај сеа, дали разбрав.
Путер од кикирики сакаш да ставиш во блендер + јатки од ореви + бадеми, и сето тоа да се иситни и измеша со путерот за да можеш да го мачкаш на леб?
Целосно ептен густо ќе е, нема шанси да ти успее со ништо. Путерот е прегуст.

Делиманото го имаш во Топ Шоп продавниците - ГТЦ, Веро-Џамбо, Сити мол. Види на официјалната страна.
 
Чекај сеа, дали разбрав.
Путер од кикирики сакаш да ставиш во блендер + јатки од ореви + бадеми, и сето тоа да се иситни и измеша со путерот за да можеш да го мачкаш на леб?
Целосно ептен густо ќе е, нема шанси да ти успее со ништо.
Неe скроз погрешно ме разбра. Путер од кикирики да правам, на пример. Земам печени кикирики лупени и сакам путер да правам од нив.
 
Дечки планирам да купам Нутрибулет. Е сеа дали да го земам црвениот моментално на промоција е 3990 или да го земам сивиот мислам дека е 6990. Која е разликата и дали вреди да се земе сивиот? Иначе имам дома Delimano Fusion Juicer 5-6 пати уклучен уште е под гаранција ако сака некој соковник за ефтино да си купи
 
Момци во потрага сум за некој ваков апарат,ми треба некој апарат за да правам некои шејкови и сокови најмногу а и да не ме кошта мн скапо.... и да се лесни за чистење имам еден соковник дома само соковник што е но е многу тежок за чистење има мн делови...Значи барам нешто со коешто можам да изблендам нешто да напраам некои шејкови природни со млеко ова она а и чисти природни сокови од овошје,зеленчук... Но давајте понуди со разумни цени,да не е многу скапа понудата ако воопшто постои нешто вакво што ќе ги задоволи моите потреби како спортист?[DOUBLEPOST=1483458336][/DOUBLEPOST]Значи барам некој блендер во кој можам да правам некои шејкови,смутија ама да не е ептен скап имам буџет до 3000... 3500 макс да истеегнам.... дајте некој предлог за сиромашни хахаххаха
 
Последно уредено:
Периодов треба да купувам блендер. Број 1 важно ми е добро да ги ситни јаткастите плодови, а посебно лешниците и кога ќе се конзумира смути или сл да не се осеќа како зрнца од нив туку да се како прав сомелени. Од искуства на другите до сега најверојатно Нутрибулет ќе ми одговара ама некако сум скептик кога се работи за Топ Шоп и Делимано, а посебно прееска кога на фб прочитав реклама од една онлајн продавница кадешто истиот Нутрибулет го имаа постирано, исти спецификации а цената беше 2890. Кога ги прашав зошто во Делимано е 7000, а кај нив 2890, одговорија дека нивниот бил реплика (баш со тој збор), но бил со врвен квалитет. Некои кажуваат дека во Лидл во Грција имало Нутрибулети за 40 евра. Ако купам секако дека ќе купам од Делимано, но поентата ми е нели ова треба да е некој заштитен бренд, оригинален, а не вакви копии да има со идентичен изглед и спецификации?
Или да одам во Сетек па да си купам некој од Филипс, Ронсон, Бош, Горење со многу појака моќност од Нутрибулет?
 
Ја знаеш онаа дека сиромавиот и скржавиот плаќаат дупло.
Нутрибулетот е единствено нешто од Топ Шоп што вреди за парите. Доплати си и за уште една година гаранција и уживај си. И тој од 600W врши работа и нема некој што не е задоволен.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Го земав Нутрибулетот сосема за истата работа, мелење на семенки: лешници, бадеми, ореви, сончоглед итн. По подолго читање и проверка на цена - перформанси (како да купувам дел за ПЦ :D) се одлучив за него и не згрешив. Меле одлично и тврди лешници како и се друго што пробав.

Мана му е што има допир со пластика (преферирам стакло) но за брзо мелење и не врели течности нема проблем.

Во суштина замисли мотор на Ферари во школка на Дакиа, добро може не баш Ферари ама моторот е стварно топ и не загрева со обично користење.

При купување ќе имаш опција за мала доплата 600 ден да купиш додатна сецкалка за мелење семки. Јас не ја купив и мелам се со основната и топ е. Веројатно подобро е да се има и таа другата па ако ја земеш пиши впечатоци.

Има и некои други финеси што се учат при секојдневно користење ама за тоа потоа.

Во секој случај една од мои најдобри купувања, се испадна како што очекував :).
 
Ја знаеш онаа дека сиромавиот и скржавиот плаќаат дупло.
Нутрибулетот е единствено нешто од Топ Шоп што вреди за парите. Доплати си и за уште една година гаранција и уживај си. И тој од 600W врши работа и нема некој што не е задоволен.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Како што реков во постот - секако дека од Делимано ќе го купам ама не ми е јасно зошто како бренд не е заштитен и зошто негови копии има? Ова испаѓа кој сака може свој Нутрибилет да си произведе...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom