Пренос на 2 тонска машина по земјена угорница

JohnKav

Комедијант
Член од
18 јуни 2010
Мислења
57
Поени од реакции
8
Abe sho vi e so racen viljuskar 2tona pa i na ugornica, ostajte paletite, na 30 paleti ili na 33 i rasporeden tovar 25 toni, vo kamion, sto imate matematika, 2 tona na paleta so racen ne mozis na ramno edvaj da ja pomestis :D spasot ili kran ili platforma kako sto spomnaa , i so cekrk i so sajla moze da se povleci nagore, pa posle so golem viljushkar da se pikne vo prostorija
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
.....доколку имаш можност постави слика од патот што треба да го помине машината...или барем скица ....2 тона не е некоја тежина....но се зависи од тоа колку е габаритна машината....колку е тесен просторот и слично.....

дали по патот може да помине трактор????
со помош на трактор и дрвена санка може да се преместат и повеќе од два тона....се зависи од габаритот на машината и конфигурацијата на теренот

слика или скица би помогнале
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Ова нешто ми текна на местење тежок мебел по дома. Практично решение. Со килим испод тоа што е тешко да се премести. Е сеа за машината, да искористите лим ? малце да се подигне машината колку да се стави на лимот и после со автомобил со поголема влечна сила да се влече па дури и со тратор ако може да влезе.
А за внесување на машината не знам..
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
.....доколку имаш можност постави слика од патот што треба да го помине машината...или барем скица ....2 тона не е некоја тежина....но се зависи од тоа колку е габаритна машината....колку е тесен просторот и слично.....

дали по патот може да помине трактор????
со помош на трактор и дрвена санка може да се преместат и повеќе од два тона....се зависи од габаритот на машината и конфигурацијата на теренот

слика или скица би помогнале

Ок, ќе се потрудам да поставам слика.
Машината има должина 1.80, ширина 1.30, висина 1.80. Тежи малку нешто над 2 тона.
Просторот низ кој што треба да влезе беше за некој си пола метар - метар поширок од вилушкарот.
За трактор ќе може ама само кабината, позади за приколицата е тесно.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Ок, ќе се потрудам да поставам слика.
Машината има должина 1.80, ширина 1.30, висина 1.80. Тежи малку нешто над 2 тона.
Просторот низ кој што треба да влезе беше за некој си пола метар - метар поширок од вилушкарот.
За трактор ќе може ама само кабината, позади за приколицата е тесно.

не треба приколица

вообичаено тешки трупци низ планински предел по импровизиран пат се пренесуваат со дрвени санки влечени од трактор или тракторче....санката вообичаено се прави од багремово дрво поради издржливоста....но за 15 метри ке издржи било кое дрво....2 греди се заоблуваат на краевите за да нема кочење и се премачкуваат со масло, уље, коломаст или слично... се поставуваат на растојание од околу 80см до 1м ......меѓу себе гредите се поврзуваат со попречни греди (со шрафови) врз кои лежи товарот....на почетокот гредите се избушени и тука влегуваат метални клинови на кои е закачена "рудата" која се закачува на тракторот
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Абе не споредувајте трупци со машина.
Има наука тука, каде е тежиштето, кој е наклонот на земјиштето и колку е цврста подлогата треба да се има предвид.
Рачен вилушкар ќе подигне до 1,2 тони најмногу, како ќе се влече по земја е поголемиот дел од проблемот.
Дури и платформа со тркала и да е решение, пак цврстината на подлогата игра значајна улога, плус наклонот.

Ако машината има оригинална документација, сигурно, уште на првите страници пишува кои се потпирните точки, или точките за обесување, каде е тежиштето и како е најоптимално да се пренесе.
Ако не, си треба стручен надзор, да не испадне како оној авионот во Авганстан на клипот од пред некој ден.
Поздрав.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Во Египет пред 3-4.000 год носеле 2 тони тешки камења и тоа низ пустина, а тука неможете да се снајдете на 15 метри.
Штом се работи за земјен пат, тешко дека вилушкар ке помогне.
Најдете магарешка количка, коњска количка, еден коњ или вол напред и завршена работа, или пак врзете ја со сајли и влечете ја.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Во Египет пред 3-4.000 год носеле 2 тони тешки камења и тоа низ пустина, а тука неможете да се снајдете на 15 метри.
Штом се работи за земјен пат, тешко дека вилушкар ке помогне.
Најдете магарешка количка, коњска количка, еден коњ или вол напред и завршена работа, или пак врзете ја со сајли и влечете ја.
Е ајде де и ја тоа викам. На крај краева не ми е мене струка тоа. Ја не знам мајсториве мислиш гратис работаат, ко услуга да ти прават. Абе ќе им платам три пати од тоа што ми бараат само да ја пикнат внатре. Тоа им е струка, нека измислат начин, дали со трактор, дали со платформа, дали со Дедо Мраз.

Коњ ќе влече 2 тона??
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 14:00 ---
Има кранови какви сакаш, има од тие големите со 40-50 метри долга рака за подигање.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 12:37 ---



Ало дечко, со макарата нема потреба да влегува возило било каде, на врата ќе се паркира ќе ја пушти сајлата и после само ја мота назад, сосе платформа. а возилото може да биде и обично камионче или џип.
Кај си бре па ти, 6 пати те прашав, она онлајн ми вели дека си + сограѓанец си ми :)
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Е ајде де и ја тоа викам. На крај краева не ми е мене струка тоа. Ја не знам мајсториве мислиш гратис работаат, ко услуга да ти прават. Абе ќе им платам три пати од тоа што ми бараат само да ја пикнат внатре. Тоа им е струка, нека измислат начин, дали со трактор, дали со платформа, дали со Дедо Мраз.

Коњ ќе влече 2 тона??
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 14:00 ---


Кај си бре па ти, 6 пати те прашав, она онлајн ми вели дека си + сограѓанец си ми :)
На работа сум, неможем цело време да надгледувам :)

Дај стави слики да видиме што е целава финта.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Испадна дека ќе се постават бекатонки.
Ама вчера јас го чув овој од вилушкарот дека и така не е сигурно пошто угорницата останува. Ауф и нив ако ги ставиме за џабе...
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Коњ ќе влече 2 тона??
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 14:00 ---
Абе зависи од коњот, али дедоми со магарето влечеше повеќе од 2 тона :D , добар коњ ќе ви заврши работа без проблем.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Вака просто размислување

Да влезе возило во рикверц во дворот со носивост од 2т да ја качите во багаж машината рикверц да појде до местото Б и да ја симнете од багаж и ете,
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Вака просто размислување

Да влезе возило во рикверц во дворот со носивост од 2т да ја качите во багаж машината рикверц да појде до местото Б и да ја симнете од багаж и ете,

Абе машината има 2 тона, ќе пропадне и кола и све. Кај ќе ја собере машината во багажник, неколку пати на темава ги спомнав мерките.
 
П

Пепси_

Гостин
:pos: џип од оние со сајли и чао пријатно....за 15 метра голема работа.


и ова со вилушкарите ме изнасмеа....тоа им е професија :pos:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
:pos: џип од оние со сајли и чао пријатно....за 15 метра голема работа.


и ова со вилушкарите ме изнасмеа....тоа им е професија :pos:
Ок, ќе стигнеме со џипот до просторијата и после? Кај ќе исчезне џипот за да направи место на машината да влезе во просторијата?

И што е толку смешно не разбирам, зар не се они стручњаците? Ни рекоа дека ќе влезат машините, ние го опремивме местото, ги купивме машините и сега испадна дека не можат да ги внесат. Фер е? Па доаѓаа минатата недела, мереа, гледаа, што мереа мамичето нивно? Мислеа дека ќе прелета машината од тротоарот до собата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom