Пренос на 2 тонска машина по земјена угорница

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Ако успеете да ја изнесете од објектот тогаш повикајте дизалица која многу лесно ке ја покрене и ке ја стави машината каде што сакате.

Мислиш на кран? Па да, почнавме вчера да збориме и за кран, ама ипак виљушкар ќе ни треба нели?
 
Стај слика од местото со машината ако можеш, може ќе ни текне нешто, вака... :)
 
Слики и/или видео би помогнало да ти се реши проблемот.
 
Ми треба помош.

Сакаме да пренесеме машина која има нешто над 2 тона (и не може да се расклопи) на растојание од 15тина метри.

Патчето од 15 метри се состои од земја, а првите 3 метри се блага угорница. Натаму е рамно ама сеуште е земја (значи двор, тревник).

Како може да се пренесе оваа машина? Износот на пари не е важен.
Вчера дојде вилушкат (од 5 тона) и пробавме со дрвени талпи ама тој празен не можеше да влезе, а не пак со уште 2 тона на него.

Значи деца ве молам без тролање, нека ми одговори само оној кој знае, без шпекулации.
Ако вашето мислење навистина ми помогне, спремна сум и да платам.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 09:30 ---
Мислевме и на трактор со приколица, ама приколицата ќе биде поширока од вратата влезна за во дворот, така да и тоа отпаѓа :(
Преносен кран, на друго не ми текнува. Од оние големите прилично огромни камиони со кран на нив што се. Доколку треба да се пренесе на големо растојание има и носачи. Се користат за градежни цели и при работа со тешка машинерија.
 
Со камион, качена е на камионот со вилушкар и после ваму ја симнаа со вилушкар.

Тогаш и со вилушкар ќе ја изнесете... Според некоја логика, за поголеми тежини понезгодно е симнувањето надолу, отколку нагоре.
Ако овие што дошле не се снашле, не значи дека и други нема да се снајдат. Прашајте на друго место, нека дојдат на лице место за ѕирнат.

Тешко е некој на форум да ти даде совет без да го знае теренот, нагорнината, димензиите и формата на машината, местото каде што треба да се премести и тн... Слика/видео секако би било од корист.
 
Знам дека е тешко ама морав да прашам бидејќи не знаеме веќе што да правиме. Значи на се ми текна дека може да тргне погрешно, ама на ова не бев спремна.
Ама чекај, ние ја зедовме од друг град, од таму е качена на камион, таму не знам каков бил теренот, а овде сакаме сега ние прв пат да ја внесеме.
Прашавме други вилушкари, сите кај него не пратија, неговиот вилушкар бил помал и со тоа и полесен.
 
Девојчето два пати спомна дека ни едното ни другото не можеле да влезат ... по некоја логика се влегува и излегува низ врата и затоа и реков нека ја бувта вратата за да собере трактор или вилушкар

Па сигурно за два тона нема да вика кран. ако веќе е до толку проблем нека викне возило кое има т.н. макара па со неа може да повлече се што сака, а товарот нека го стави на обична платформа со 4 тркала.
 
Леле еве сега се чув со сопругот, и он ми спомна дека вилушкарот му спомнал некаква платформа. Ај дај Боже да испадне нешто со тоа, ама од оние неспособнине вилушкари и немам некои очекувања.

А чекај нема некои помали кранови?
 
Има една направа шо се вика рачен виљушкар - на енглески hand forklift. Ги користат за кревање и поместување на палети. Не ги има многу кај нас, мада во секој поголем магацин ги имаат заради практичноста и едноставноста.

TMHE_Handtruck_pr1.jpg

Вака некако изгледа, мислам дека со вакво ќе завршите работа.
 
Па сигурно за два тона нема да вика кран. ако веќе е до толку проблем нека викне возило кое има т.н. макара па со неа може да повлече се што сака, а товарот нека го стави на обична платформа со 4 тркала.

И пак ја заборај вратата + угорницата + меката земја ама ај .... глеам не читаш или не мислиш , мене не ми треба советот
 
И пак ја заборај вратата + угорницата + меката земја ама ај .... глеам не читаш или не мислиш , мене не ми треба советот

Арно де, таму со нормален виљушкар ќе го кренат... јас колку шо гледам проблемот е како да се извади надвор од објектот.
 
Леле еве сега се чув со сопругот, и он ми спомна дека вилушкарот му спомнал некаква платформа. Ај дај Боже да испадне нешто со тоа, ама од оние неспособнине вилушкари и немам некои очекувања.

А чекај нема некои помали кранови?

Има кранови какви сакаш, има од тие големите со 40-50 метри долга рака за подигање.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 12:37 ---
И пак ја заборај вратата + угорницата + меката земја ама ај .... глеам не читаш или не мислиш , мене не ми треба советот

Ало дечко, со макарата нема потреба да влегува возило било каде, на врата ќе се паркира ќе ја пушти сајлата и после само ја мота назад, сосе платформа. а возилото може да биде и обично камионче или џип.
 
Арно де, таму со нормален виљушкар ќе го кренат... јас колку шо гледам проблемот е како да се извади надвор од објектот.

Изгледа не сум јасна.
Значи машината моментално е сместена во гаража на 15 метри од местото кај што сакаме да ја сместиме. Да се извади од гаражата не е проблем (гаражата е отворена од горе).
Проблем е да се пикне во објектов - значи од тротоарот кој се наоѓа надвор од гаражата, до објектов има 15 метри земја. Тоа е проблемот. Да се извади не е проблем. проблем е да се стави.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 12:40 ---
Има кранови какви сакаш, има од тие големите со 40-50 метри долга рака за подигање.

Ало дечко, со макарата нема потреба да влегува возило било каде, на врата ќе се паркира ќе ја пушти сајлата и после само ја мота назад, сосе платформа. а возилото може да биде и обично камионче или џип.

Ти имаш искуство со вакви ствари?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom