realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Премиерот и Претседателот на денешните состаноци кои во Брисел ги имаа со Хавиер Солана и Оли Рен, дефинитивно ретерираа од нивните цврсти ставови за двојната формула како решение во спорот со грција.
Најновата нивна црвена линија е зачувано име за домашна, и сложено за меѓународна употреба, што се поклопува со ставовите на таканаречените "предавници" кои ДПМНЕ и неговите слепи подржувачи не ги вадеа од уста во изминатите неколку години.
Да не должам, еве дел од изјавите:
Македонија, порачаа претседателот и премиерот, чекаат да поминат изборите во Грција, од новоизбраниот претседател денеска слушнавме дека двојната формула не е повеќе во игра.
„Во текот на целата моја изборна кампања, дека кога ќе бидам избран за претседател, ќе бидам подготвен да најдеме компромис. Не каков било компромис, туку разумен компромис. Компромис кој нема да биде на штета на нашите национални интереси.
-Како што знам, предлогот за двојна формула, беше во 2004. или 2005. година во преговарачкиот процес, и тој беше отфрлан од грчка страна“, изјави Иванов.
Линк од целиот текст
Шефот на Владата посочи дека Македонија очекува на 1 јануари македонските граѓани да патуваат без визи во земјите на ЕУ. Во случај на позитивна одлука за визната либерализација Рен најавил посета на Македонија.
Голем дел од разговорот бил посветен и на спорот за името со Грција. Груевски истакнал дека Македонија е подготвена да ги продолжи преговорите и оти сака да се постигне решение за името.
Премиерот му соопштил на Рен и за ставот на Грција за решавање на проблемот, односно дека се бара промена на името и во билатерални и во мултилатерални односи. Груевски истакнал оти по изборите во јуни е возможно да се најде решение.
Линк
Наградно прашање до подржувачите на Груевски и Иванов:
Во која насока се одвиваат работите, и од кога шефот на државата и премиерот се на платениот список на Џорџ Сорос ?