Премиерот и Претседателот ретерираат од "цврстиот" став за двојната формула

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Премиерот и Претседателот на денешните состаноци кои во Брисел ги имаа со Хавиер Солана и Оли Рен, дефинитивно ретерираа од нивните цврсти ставови за двојната формула како решение во спорот со грција.

Најновата нивна црвена линија е зачувано име за домашна, и сложено за меѓународна употреба, што се поклопува со ставовите на таканаречените "предавници" кои ДПМНЕ и неговите слепи подржувачи не ги вадеа од уста во изминатите неколку години.

Да не должам, еве дел од изјавите:

Македонија, порачаа претседателот и премиерот, чекаат да поминат изборите во Грција, од новоизбраниот претседател денеска слушнавме дека двојната формула не е повеќе во игра.

„Во текот на целата моја изборна кампања, дека кога ќе бидам избран за претседател, ќе бидам подготвен да најдеме компромис. Не каков било компромис, туку разумен компромис. Компромис кој нема да биде на штета на нашите национални интереси.

-Како што знам, предлогот за двојна формула, беше во 2004. или 2005. година во преговарачкиот процес, и тој беше отфрлан од грчка страна“, изјави Иванов.

Линк од целиот текст


Шефот на Владата посочи дека Македонија очекува на 1 јануари македонските граѓани да патуваат без визи во земјите на ЕУ. Во случај на позитивна одлука за визната либерализација Рен најавил посета на Македонија.

Голем дел од разговорот бил посветен и на спорот за името со Грција. Груевски истакнал дека Македонија е подготвена да ги продолжи преговорите и оти сака да се постигне решение за името.

Премиерот му соопштил на Рен и за ставот на Грција за решавање на проблемот, односно дека се бара промена на името и во билатерални и во мултилатерални односи. Груевски истакнал оти по изборите во јуни е возможно да се најде решение.

Линк

Наградно прашање до подржувачите на Груевски и Иванов:


Во која насока се одвиваат работите, и од кога шефот на државата и премиерот се на платениот список на Џорџ Сорос ?
 
jas kako sto go slusnav Ivanov deneska ..toj go smenil imeto:toe:
 
Е па создравје да си го носиме новото име.
 
И што-да не сте изненадени?:tapp:
Наздравје нека ни е!
 
Во контекст на темава еве и дел од писмото кое Иванов деновиве го испрати до неговиот Американски колега:

"Македонија, истакнува Иванов, ќе продолжи со напорите за членство во НАТО и во ЕУ и високо ги цени зборовите на поддршка што американскиот претседател ги искажа на неодамнешниот Самит на НАТО.

- Оттаму, дозволете ми да ја подвлечам нашата решителност да го продолжиме дијалогот со нашите грчки пријатели и соседи, со цел да изнајдеме взаемно прифатливо решение за разликите околу името. Решение со кое ќе се испочитуваат нашиот национален идентитет, јазик и култура, му пишува Иванов на Обама.

Линк



Каде се тука ставовите за тесна поврзаност помеѓу името и идентитетот на драгиот ни наш Претседател ?
 
"Македонија, истакнува Иванов, ќе продолжи со напорите за членство во НАТО и во ЕУ и високо ги цени зборовите на поддршка што американскиот претседател ги искажа на неодамнешниот Самит на НАТО.

- Оттаму, дозволете ми да ја подвлечам нашата решителност да го продолжиме дијалогот со нашите грчки пријатели и соседи, со цел да изнајдеме взаемно прифатливо решение за разликите околу името. Решение со кое ќе се испочитуваат нашиот национален идентитет, јазик и култура, му пишува Иванов на Обама.

Мислам дека ВМРО само глуми дека преговара за името, доколку некогаш тие прифатат промена на име тоа ќе значи крај за Никола Груевски во партијата и губење на изборите. Мене не ми се допаѓа што воопшто преговараме за името ама ај..........

Но од друга страна ги имам СДС кои имаат тотално антимакедонски став по секое прашање така да иако ВМРО не се никаква десница, ќе мора со нив да се задоволиме.
 
Груевски и самиот знае дека доколку го сменат името ќе паѓаат на следните избори како за премиер така и за претседателските и никогаш веќе нема да бидат влада.
 
Кога е планирано да почнат со тоа харикирите , овие ВМРО љубциве овде......:)
се надевам не се иста стока ко оние веќе заборавените СДС-овци...:) кои немаа ни чест ни образ....

Груевски и самиот знае дека доколку го сменат името ќе паѓаат на следните избори како за премиер така и за претседателските и никогаш веќе нема да бидат влада.

А да видиш ...баш им е гајле........знаат дека нема таков ПАТРИОТ кој ке ги цвикне...:)
 
Се опуштаат нешто премногу Никола и Ѓорѓе...
 
Мислам дека ВМРО само глуми дека преговара за името,
Лошо мислиш.
ДПМНЕ најдобро знае да глуми лажен патриотизам, а во тоа ќе се увериш за неколку месеци.
доколку некогаш тие прифатат промена на име тоа ќе значи крај за Никола Груевски во партијата и губење на изборите. Мене не ми се допаѓа што воопшто преговараме за името ама ај..........
Доколку ги изнесам моите лични желби во врска со преговорите, би немало потреба од понатамошна дискусија.
Но.
Желбите се едно, а реалноста друго.
Реалноста вели дека патриотизмот на Премиерот и сите околу него кои се чукаа во гради..... е само мит.
Но од друга страна ги имам СДС кои имаат тотално антимакедонски став по секое прашање
Кој е нивниот став во врска со проблемот со името ?
така да иако ВМРО не се никаква десница, ќе мора со нив да се задоволиме.
Веруј дека во блиска иднина ќе ти ги изневерат очекувањата.

Кој ли после ќе биде антимакедонец, соросоид, предавник....бла бла бла...?
 
Многу рано пукна тиквата бе? :(
 
Мислам дека ВМРО само глуми дека преговара за името, доколку некогаш тие прифатат промена на име тоа ќе значи крај за Никола Груевски во партијата и губење на изборите. Мене не ми се допаѓа што воопшто преговараме за името ама ај..........

Абе дај Боже да се толку умешни :))

И да играат како што прават Грците, декларативни изјави кои се далеку од вистината.

Искрено, контрадикторно е засилувањето на Македонскиот дух со градење на споменици на Александар и останатите, во пресрет на промена на име.. што негативно ќе се одрази на било какво прифаќање од страна на народот.

Доколку би оделе во насока на промена на име би требало да го релативизираат и потиснат македонскиот национализам, а не да го потхрануваат.
 
Многу рано пукна тиквата бе? :(
Тиквата сеуште не е пукната.
После враќањето од Брисел, следи релативизација на кажаното од страна на Груевски, и масажа со разумен компромис од страна на Иванов.

Тиквата тек ќе почне да пука.
 
Абе дај Боже да се толку умешни :))

И да играат како што прават Грците, декларативни изјави кои се далеку од вистината.

Искрено, контрадикторно е засилувањето на Македонскиот дух со градење на споменици на Александар и останатите, во пресрет на промена на име.. што негативно ќе се одрази на било какво прифаќање од страна на народот.

Доколку би оделе во насока на промена на име би требало да го релативизираат и потиснат македонскиот национализам, а не да го потхрануваат.

Па тоа и ми е муабетот. Го потхрануваат постојано македонскиот дух во своите дела, а даваат многу сомнителни изјави.

СДС е со став дека се лажни патриоти, но јас мислам дека само глумат дека преговараат. Се надевам дека сум во право иначе ...........
 
Каде сте, Македончиња,
каде сте, кај отидовте?
Жално плаче мајка егејска,
за вас плаче Македонија.




И да овај Реален07 ти па ич не си интересен со отварање на овакви теми!На пример имињата да беа заменети по редоследов Гвујо со Бранко и Фрле со Иванов ,,,,темава до сега ќе беше на high risk само од плуканици,предавници,соросоиди,комуњари,црвени кмери,безкичмењаци,............
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom