Презиме - моето, твоето или двете?

Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Во тој случај и мажот треба да го зема презимето на жената.
Што ке добиете со тоа ако мажот го земе презмето на жената? Ке бидете послободни, поеманципирани? Не верувам, и мажот и жената и нивните меѓусебни односи пак ке си останат истите. Се работи за традиција од која никој нема ниту ќар ниту зијан туку е само едно практично решение за да не дојдеме во ситуација да имаме долги називи како Хуан Педро Гарсија Роналдо Ернандес Родриго.......
 
A

AnFem

Гостин

Чекор плус до уништување на патријархатот. Не мора долго де, нека биде некое ново, ваше. Би се согласил ли?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Што ке добиете со тоа ако мажот го земе презмето на жената? Ке бидете послободни, поеманципирани? Не верувам, и мажот и жената и нивните меѓусебни односи пак ке си останат истите. Се работи за традиција од која никој нема ниту ќар ниту зијан туку е само едно практично решение за да не дојдеме во ситуација да имаме долги називи како Хуан Педро Гарсија Роналдо Ернандес Родриго.......

Ако е само традиција од која никој нема ќар, зошто тогаш толкава борба истата да се задржи? Ако веќе нема никаква важност таа традиција, нема вредност, нема корист зошто не ја смениме?

Што вие ќе изгубите ако го земете презимето на жената?
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ако е само традиција од која никој нема ќар, зошто тогаш толкава борба истата да се задржи? Ако веќе нема никаква важност таа традиција, нема вредност, нема корист зошто не ја смениме?

Што вие ќе изгубите ако го земете презимето на жената?
Машкоста. Тоа ти е ваљда исто како да ги кастрирал некој. Бар по муабетите овде, јас така ги разбирам.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Незнам што ви е филмот... толку ли се чувствувате угнетени и потиснати?! Презимето е некоја банална работа... само неможам да се изначудам... во ред е да се биде еманципирани и успешни и се тоа, ама ако толку сакате да бидете еднакви со машките или повеќе(зашто од се што е пишано до сега само тоа можам да заклучам) и да не се чувствувате потиснати, зашто тогаш не докажувате дека можете да се носите со машките на секое поле,него правите како ви одговара?

http://www.biserko.mk/site-mazhi-se-idioti/

Стар текст ама има поента.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Машкоста. Тоа ти е ваљда исто како да ги кастрирал некој. Бар по муабетите овде, јас така ги разбирам.

И јас така ги разбирам. Али тоа е некако прикриено, као не е битно, што се потресувате, зашто инсистирате, бла бла. Целата таа лајт атмосфера у муабетот е само кавер пошто у принцип скоро сите девојки или го зимаат презимето на мажот или на своето го додаваат неговото, а јас лично не знам ни еден случај каде децата носат било кое друго презиме освен на таткото.

И сега, кога се повлекува муабет за решение кое е обратно од традиционалното - одма се јавува тоа машко его, повредено, измачено и мнооогууу големо, па фрчат квази навреди за неможност за еманципација, непрактични одлуки донесени (нели!) од женска глава, размазени принцезички, па дури и закани дека од бракот нема ништо ако не се земе неговото презиме.

Смешки!
 
A

AnFem

Гостин
Незнам што ви е филмот... толку ли се чувствувате угнетени и потиснати?!

http://www.biserko.mk/site-mazhi-se-idioti/

Стар текст ама има поента.
Го поставуваш прашањево и одма после тоа поставуваш текст, каде се потенцира машката супериорност. Текстот е глуп и нема поента.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Го поставуваш прашањево и одма после тоа поставуваш текст, каде се потенцира машката супериорност. Текстот е глуп и нема поента.
Си има поента текстот... од муабетиве твои постојано кажуваш како сте вие потиснати угнетени, абе гревчиња... Гарант не би сменила сијалица дома не па да фатиш нешто потешко да работиш... ау да ... тоа е работа на машките, заборавив.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Си има поента текстот... од муабетиве твои постојано кажуваш како сте вие потиснати угнетени, абе гревчиња... Гарант не би сменила сијалица дома не па да фатиш нешто потешко да работиш... ау да ... тоа е работа на машките, заборавив.

И еве го моментнот - размазени принцезички :pipi:

Ко по обичај, без никаква основна информација за животот или способностите на жената на која и се обраќаш, али тука е. Прва утеха.
 
Ќе ти дадам еден совет, кога дебатираш со некој на форум, гледај да го запознаеш соговорникот, прочепкај му по мислењата, разгледај му ги ставовите, па потоа донесувај заклучоци. ;)
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
И еве го моментнот - размазени принцезички :pipi:

Ко по обичај, без никаква основна информација за животот или способностите на жената на која и се обраќаш, али тука е. Прва утеха.
Има исклучоци и секоја чест, можеби она е/сте еден од нив, само што фактот е дека 80-90 % од момичките ни наши бар во мк се такви... неможеш да ми кажеш дека не е така. А за тие што не се такви капа им симнувам!
Прееска реков... се што е умерено е добро, но кога веќе се оди во крајности ( и со феминизмот и со патријахалноста не чини)
Презимето пак ќе кажам е банална работа. Жена ми се го задржа нејзиното... и мене не ми е никаков проблем тоа... Проблемот е што се оди од крајност во крајност. Тоа е лошото.
--- надополнето: 6 февруари 2014 во 00:07 ---
Ќе ти дадам еден совет, кога дебатираш со некој на форум, гледај да го запознаеш соговорникот, прочепкај му по мислењата, разгледај му ги ставовите, па потоа донесувај заклучоци. ;)
Не сакав да те навредам и извини ако се почувствува навредена.А да истражувам по мислења не планирам и мука ми е :). Еве и вака се запознаваме :D Кажувам за целосната слика кај нас. И башка нов сум на форумов ми треба тренинг да дебатирам со пишување :D Друго е тет атет а друго ми е вака. Сакам се да напишам ама у 2 реченици и некако не иде :D
 
Член од
24 август 2009
Мислења
73
Поени од реакции
85
хммм од ова и се што прочитав до сега, можам да заклучам дека презимето е најмал проблем во дискусијава. Тука излегува феминизмот на површина...
А и исто имам едно прашање. Еве среќно заљубени и доаѓа моментот да се зимате, и машкото инсистира на тоа да го земете неговото презиме, едноставно од негови причини му е важно тоа. Ќе откажеш и ќе раскинеш со дечкото заради тоа ? Знам ќе речеш/те сега дека се прават компромиси што е додавање и да си ги имаш двете презимиња и е ок за компромис, ама јас по ова што го прочитав ти си пред се за своето или ново. Многу банална работа.
Туку ај ќе имате синови па ќе дојдат некои разгалени во стаклено звоно чувани без 2 грама мозок “принцезички“ кој ќе сакаат да ве стројат, па тогаш може да правиме муабет.

На ова болдираново да ти одговорам. Имам среќа што немам до мене таков тежок опинок, ама еве да претпоставиме дека имам, одма го оставам. Не само заради презимето, да се разбереме, од тој став произлегуваат и многу други проблеми кои ќе се покажат во иднина, а јас не сум личност која што сака да биде управувана од некого. Немам разбирање за ваквите типови кои ја деградираат жената и точка. Ќе бидам и феминистка ако треба.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
На ова болдираново да ти одговорам. Имам среќа што немам до мене таков тежок опинок, ама еве да претпоставиме дека имам, одма го оставам. Не само заради презимето, да се разбереме, од тој став произлегуваат и многу други проблеми кои ќе се покажат во иднина, а јас не сум личност која што сака да биде управувана од некого. Немам разбирање за ваквите типови кои ја деградираат жената и точка. Ќе бидам и феминистка ако треба.
Блазе си му на тој што ќе те земе ... или ти него :D
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Жената не е сопственост на мажот. Затоа НЕА ја прашува матичарот за презимето, ерго има право да одбере. Ако треба да е поинаку, или матичарот нема да ја праша или ќе го праша мажот како милува да му се презвикува жената.

Прашањето за презимето е толку небитно, дури не ми се верува кога ја тенчите толку, ама ако се прави случај од тоа, тогаш презимето е само врвот од ледената санта на проблеми, нерешени и нерасчистени работи.
Затоа моми, паметот в глава, очите отварајте не четири, сто и четири пред ве стаса ќоравиот саат :)
 
Член од
4 февруари 2014
Мислења
7
Поени од реакции
3
Da sudski mozis da go smenis koga sakas.Ako partnerot ne dozvolil togas kako bi dozvolil pr. po 10 g Sto se smenilo ? Pominala ljubovta ili na partnerot veke mu e se isto kako se vikas?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom