Презиме - моето, твоето или двете?

A

AnFem

Гостин
Договор куќа гради, така велат старите. А ако со некој доволно се сакаш и почитуваш верувај ми дека има златна средина.
Ако некој ме сака и почитува, нема да ме тера да се чувттвувам потчинето.


Презимето не е мерка ниту показател за еманципираност на жената а уште помалку мерка за нејзината слобода која треба да ја добие со еманципацијата.
Ако така мериме еменципираност тогаш Хилари Клинтон и ред други слични на неа се тотално нееманципирани и неслободни жени а некои изгубени, неписмени случаи од с.Горно Тртени кои си го задржале презимето во бракот се еманципирани, слободни жени..........
Точно! Но не е така наивно како што изгледа. Земањето на туѓо презиме значи дека жената му припаѓа на мажот и на таа фамилија.
 
A

AnFem

Гостин
Почита е взнаемна... ајде ќе се заљубиш вистински па тогаш друг ќе биде муабетот :)
Немам шеснаесет години. Од каде знаеш дека не го живеам ова што го зборувам? Нема логика да имам овакви ставови, а да се заљубам во традиционалиста, нели? ;)
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Точно! Но не е така наивно како што изгледа. Земањето на туѓо презиме значи дека жената му припаѓа на мажот и на таа фамилија.
Жената припаѓа на таа фамилија, а не на мажот на таа фамилија.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Ако прави проблем уште на почетокот за презимето можам да замислам што ќе биде понатаму, ако сака да си го задржи нејзиното нека си остане кај мајка и татко и :icon_lol:
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.692
Кај нас најчесто ,,еманципираниве,, не го прифаќаат презимето на сопругот во случаите кога ке им се скрши филмот дека ке се омажат за некој чие презиме ке биде од типот Фрчковски, Поленак, Угриновски, Миалков....... (кое безпоговорно би го прифатиле и дури да можат и комплетно ке ја избришат својата меморијата и нема да се секаваат на никој ниту од својот род ниту од пријателите.... комплетна амнезија би им била идеална) но ете злата судбина им била да се омажат за некој си со презиме Кромидаров кој е потомок на некои си чесни леботворци кои секако нема да ги сретнеш во никој медиум или било какво писание дури може би се испуштени и од матичните книги.... и ете го проблемот на еманципираната! Нејзиното височество лејди Стојна Петкова, нејзината висост не и дозволува да прифати едно така неугледно презиме и да биде Кромидова што секако немаше да биде проблем ако требаше да биде Миалкова, Клинтон или Гејтс.... дури во таков случај и ке се навредеше ако не и дозволат да го избрише своето а да го земе презимето на сопругот.... вака ке се повикаме на еманципација, феминизам, припадност, рамковен договор........ само да покажеме дека ние вредиме повеке од сопругот за кого сме премија на лото.....
П.С. Своевремено комшијата Здравко имаше фиќо. Здравко начека прилика и го извади знакот од еден Мерцедес и истиот го стави на своето фиќо! Не изгледаше поубаво туку смешно! Мерцедесот иако без знак сепак си остана Мерцедес а фиќото на комшијата си остана фиќо. Знакот не менува ништо.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Немам шеснаесет години. Од каде знаеш дека не го живеам ова што го зборувам? Нема логика да имам овакви ставови, а да се заљубам во традиционалиста, нели? ;)
Незнам колку години имаш, и може си среќно заљубена и дај Боже да ти е се мед и млеко!!! Па какво сакаш презиме носи го во кого сакаш биди заљубена, само со глава у зид не се оди. Пак ќе кажам компромис му е мајката :)
 
A

AnFem

Гостин
Кај нас најчесто ,,еманципираниве,, не го прифаќаат презимето на сопругот во случаите кога ке им се скрши филмот дека ке се омажат за некој чие презиме ке биде од типот Фрчковски, Поленак, Угриновски, Миалков....... (кое безпоговорно би го прифатиле и дури да можат и комплетно ке ја избришат својата меморијата и нема да се секаваат на никој ниту од својот род ниту од пријателите.... комплетна амнезија би им била идеална) но ете злата судбина им била да се омажат за некој си со презиме Кромидаров кој е потомок на некои си чесни леботворци кои секако нема да ги сретнеш во никој медиум или било какво писание дури може би се испуштени и од матичните книги.... и ете го проблемот на еманципираната! Нејзиното височество лејди Стојна Петкова, нејзината висост не и дозволува да прифати едно така неугледно презиме и да биде Кромидова што секако немаше да биде проблем ако требаше да биде Миалкова, Клинтон или Гејтс.... дури во таков случај и ке се навредеше ако не и дозволат да го избрише своето а да го земе презимето на сопругот.... вака ке се повикаме на еманципација, феминизам, припадност, рамковен договор........ само да покажеме дека ние вредиме повеке од сопругот за кого сме премија на лото.....
П.С. Своевремено комшијата Здравко имаше фиќо. Здравко начека прилика и го извади знакот од еден Мерцедес и истиот го стави на своето фиќо! Не изгледаше поубаво туку смешно! Мерцедесот иако без знак сепак си остана Мерцедес а фиќото на комшијата си остана фиќо. Знакот не менува ништо.
Зошто зборуваш глупости? Сакаш лајкови ли да собираш? Еве ти еден лајк, да не ти пропадне обидот да се направиш интересен.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.692
Зошто зборуваш глупости? Сакаш лајкови ли да собираш? Еве ти еден лајк, да не биде залуден обидот да се направиш интересен.
Што од напишаното не е точно? Еве ти и тебе еден лајк од мене :)
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Добро е додека има лајкови... кога ќе почнат ПОУКОВИ тогаш е опасна работава :D
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.692
Ништо не е точно. Тука зборуваме за еднаквост, ти ми спомнуваш некакви „титули“.
Презимето не е мерка за еднаквост. Точно, означува припадност но не припадност како сопственост. Со прифаќањето на презимето жената не станува сопственост на мажот. Тоа ти е како државјанство, ако некој виетнамец добие македонско државјанство тој е македонец во граѓанска смисла а не во национална.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ја разбирам твојата поента. Но за да не дојде до такви збрки, јас лично мислам дека децата треба да го превземаат презимето по мајката. Татко може да биде било кој, ама како што вика таа народната, една е мајка.

Нема ништо глупаво да одбереш како ќе се викаш. Уопште. Ниту пак земањето на презимето на мажот, ја докажува мојата љубов и почит кон него.
Деее една е мајка, а таткото не е битен, било кој може да е??

Zadrzi si go svoeto pa dodaj novo .Ako vleguvas vo brak ne mozis da gi igniriras prethodnite godini ili roditelite Vljubenosta ke splasni mozebi i ke iscezne no ke ostani nesto tvoe.Nov pocetok ,nov pocetok vo malku izmeneti uslovi no zivotot prodolzuva.
Секогаш можеш судски да го смениш презимето, односно да го вратиш твоето моминско.
 
A

AnFem

Гостин
Презимето не е мерка за еднаквост. Точно, означува припадност но не припадност како сопственост. Со прифаќањето на презимето жената не станува сопственост на мажот. Тоа ти е како државјанство, ако некој виетнамец добие македонско државјанство тој е македонец во граѓанска смисла а не во национална.
Во тој случај и мажот треба да го зема презимето на жената.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom