Хаха, абе човек не може да се докажува вечно со тебе. Не ти чини ако ти кажам прави што сакаш, но не живееш сама в планина него си дел од општеството и тука и секаде (ова еден психолог би требало да го знае подобро од мене), освен вон нашата планета. Не чини ако ти опонирам дека треба да се следи обичајот...не знам што да додадам повеќе. Секоја реченица ја сфаќаш сосема погрешно или мора 100% да се поклопи со твоите размислувања, или сите се фрустрирани и прости...ех.
Веројатно сега ќе одам офтопик.
Постојат повеќе карактери на луѓе и најчесто, во една личност има 1000 поттипови.
Во нашево општество, повеќето луѓе не живеат како што сакаат, затоа што се плашат да живеат така, а не затоа што им одговара традицијата или се среќни со неа.
Јас познавам секакви типови на луѓе, и јас реално не се обидувам да ги променам, дури и да ми се блиски пријателки (од кои едната моја, е моја возраст, и е веќе мајка, зошто тоа го сакаше во животот и го сакаше сега). Значи, од едната страна сум јас, ,,антитрадиционална,, а од другата страна е мојата најдобра пријателка, чијашто единствена работа во животот и е да биде домаќинка и мајка.
Јас не кажувам кој како треба да живее, ај врати се наназад, и види како ги плукате оние кои и не се како вас.
Општеството не е конечна категорија, таа се менува, на вас како мажи тоа не ви одговара, но на светско ниво, се очекува да се врати матријархатот (кој јас сметам дека не треба да се врати) и тоа најмногу се должи на поголемата амбициозност на жените, во споредба со мажите.
Кај нас во Македонија најмногу поради економски услови, тоа не е очигледно и не е сеуште толку експонирано, но времето ќе покаже дека сум во право.
Не е работата дали се согласуваш или не со мене, или пак јас со тебе. Дали знаеш дека ако дојде брачен пар кај мене со проблем, а ете, проблемот да е ,,непокорноста,, на жената према традициите на мажот, ќе треба да заклучам дека е тој проблемот и тој треба повеќе да работи? И тоа нема да биде мое мислење, туку мислење на ова општество што тоа не учи - дека традицијата не е повеќе приоритет.
Сите зборувате омажи се па ќе видиш дали ќе мислиш на ова или она.
Многу јасно дека овие прашања се решаваат пред бракот, а кога веќе стапуваш во брак, си имаш план кој горе доле го следиш.
Не е љубовта тоа што го одржува бракот, и самиот верувам дека го знаеш тоа, туку заедничкото прифаќање на партнерите и навикнување на нив. За тоа е потребна флексибилност, која традицијата ја нема, односно, однапред се знаат улогите, кој е кој. А тоа едноставно денес не функционира повеќе така добро како порано, со тек на време воопшто нема да функционира.
Ние можеме да јадеме бубрези какви биле овие во Германија, какви биле овие во Италија или Франција, Американците биле вакви и такви, а свесни сме дека сме ние никој и ништо на мапата на светот по ниту едно прашање, што значи дека вашата традиција губи пред оваа ,,модернава,, која не ви се допаѓа.
И мислам дека е сосема јасно, дека партнерот си го бараме спроти себе - традиционалната девојка ќе си најде традиционален маж, нетрадиционалната нетрадиционален. И тоа е тоа.
Поентата е сите да бидат среќни и да не им биде наметната таа улога, а дали секогаш традиционалните семејства се среќни семејства, мислам дека нема потреба да зборуваме, зошто знаеме дека не се. Постојат и успешни бракови, секако, но најчесто од погрешни причини постојат тие бракови, а разводот не се применува од исто така, погрешни причини.
Целта е да ги освестиме девојките повеќе да се слушаат себеси што сакаат, отколку да ја слушаат баба им или тетка им.
И секако, и самиот заклучи, зошто јас се занимавам со ова тука и на форум - реално, ме боли уво што ти или некој мисли, но мојата професија налага јас да размислувам во овој правец, исто како што има луѓе чиј мозок оди до таму колку ќе испијат во петок, каде ќе бидат видени и со кого, како ќе бидат облечени...
Жал ми е што не можам да најдам ниту 1 разумна причина да го оправдам твоето мислење, меѓутоа, јас реков, ако не те бидува за ништо, биди тоа што очекува традицијата од тебе. Ако си способен да ја побиеш - побиј ја.
Сепак, на крајот, јас имам хедонистички ставови, а според нив - секој го прави тоа што го прави среќен.