Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Предменструалниот синдром, скратено - ПМС, го опфаќа оној период меѓу 14-от и 7-от ден пред почетокот на менструацијата - чувствителност, депресивно расположение, надуеност, запек, волчји глад, главоболка, болки кај слабините, стомакот и половината. Причината е во нарушениот хормонален баланс меѓу естроген и гестаген. Кај многу кои страдаат од ПМС се мерат и повишени количества на нерво-хормонот бета-ендорфин и хормонот пролактин. Предизвикувачи можат да бидат исто така и функционалните нарушувања на штитната жлезда и некои медикаменти.
Физички и (или) психички?
Според проучувањата на Светската здравствена организација, најчести се жалбите за телесни болки како: чувство на тежина кај градите, болки во грбот и стомакот, во главата и нозете. Интересна е констатацијата дека и покрај телесните жалби, изгледа дека нема врска меѓу ПМС (или менструацијата) и концентрацијата и работоспособноста. Со други зборови: умствената дејност воопшто не е засегната, а тешката физичка работа исто така не влијае врз зачестеноста и формата на жалби. Жени кои не биле задоволни од работата, се жалеле значително почесто од предменструални проблеми.
Што да се прави?
Нормално, за време на циклусот регулирањето на хормоните во организмот се менува и некои жени реагираат на тоа помачно.
- Движења, вежби за опуштање, масажа на рефлексните зони.
- При ПМС: калциум, магнезиум. Нивото на калциум опаѓа пред менструацијата. Симптоми за недостаток на калциум се главоболки. Големо количество има во млекото, сирењето, сардината, листот на глуварче, сусам.
Жените со предменструален синдром најчесто имаат помалку тегоби за време на менструацијата.