Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
28 март 2006
Мислења
17.776
Поени од реакции
12.239
Point Break 2015




Се работи за римејк на еден постар филм од 90тите со Патрик Свејзи и Кијану Ривс (реевес :)), со истиот назив. Има слична тематика, екипа љубители на екстремни спортови бајкрајдери, скајдајвери, снурфери и сурфери, е осомничена за напади и кражби од компании. ФБИ агент, спортист, ќе се вовлече во нивната организација со цел...
Актерите (Боди и Јута) се ок, глумата за вакви филмови е нормална. Е сега, можеше да трае над 2 часа, ми недостасуваа повеќе екстремни сцени ама тоа е.
Нешто што ме зачуди е зошто толку лоши критики за филмов на имдб. Од типична акција, трилер, како што е класифициран се знае што може да се очекува од вакви филмови.
Мислам дека кој сака акција ќе му дојде таман. Ако не, може да го погледне и оригиналниот од 1991.[DOUBLEPOST=1457871348][/DOUBLEPOST]Exposed 2016



Веројатно повеќето веќе го гледале, можи и напишале збор два за филмот. Иако со ниска оценка, филмот ме привлече само заради Ривс. Приказната се врти околу детективот (Ривс) кој ја истражува смртта на неговиот партнер и една млада мома (убава :)) на која и се случуваат натприродни. Не е нешто лош филмот, глумата на Ривс како и секогаш, просечно, класичен трилер со класична истрага со примеси на мистерија (Изабел). Кон крајот веќе се гледа дека не е она што обично се добива впечаток на почеток на прв поглед со наизглед неповрзани приказни.
Инаку гледам со истата актерка играат и во Konck konck, за мене барем катастрофа филм.


Yip Man 3 2015

Дефинитивно третиот последен дел засега од филмовите за учителот на легендарниот Брус Ли, кој и со сценарио и глума е комплетно најдобар. Дали ќе има четврт, како што велат ако успеат да го репродуцираат можеби Ли во следниот дел, ќе видиме...добро е да има. Ако некој не знае, во овој и другите два дела од филмот главна улога има ликот Ип Ман. Освен неговото име и стилот на кинг фу кој го промовира, се друго според биографијата е фикција ама добра фикција. Во овој дел "глуми" и Мајк Тајсон. Вечна дилема бокс vs кинески бокс :vozbud:
Дони Јен и Лин Хан си глумат регуларно.
За акциони боречки филмови, одличен.
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Deadpool

Не сум богзнае колкав фан на филмови со суперхерои али Deadpooll gon give to ya. На страна главното дејствие, ко и кај секој филм со суперхерои, али филмов е ептен забавен, не се сеќавам кога последен пат сум се смеел на глас на било која комедија ко на пар сцени од филмов. А и тепачките и шалите му се врх, би го гледал пак дефинитивно. 8,5 од 10.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
The Raid


Screenshot_1.png
На индонезиски е филмот и дејствието на филмот е таму, каде СВАТ тим треба да направи рација во една напуштена зграда каде се сместени нарко дилери и секој кој е заинтересиран за акција овој филм е признаен како еден од најдобрите акциони филмови во последните 15 - 20 години и стварно е многу добар со реални потези и боречки вештини без многу филување каде реткоимам видено во последниве години во други слични акциони филмови. Вреди да се гледа :)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.881
Ретки се во последно време филмовите кои ме импресионираат и оставаат запрепастен, а токму таков е The Colony со неодоливата Ема Вотсон, од која не очекував вака квалитетна улога во историска драма. Драма, со романтична приказна. И колку и да звучи надживеано и досадно, зашто и јас би одбил според опис да гледам вака непривлечна комбинација од жанрови, сепак морам да ви порачам дека многу би пропуштиле доколку не го изгледате филмов.

Можеби сте запознаени, а можеби и не со суровиот воен диктаторски режим на Августо Пиноче во Чиле во минатиот век, кој доаѓа на власт со воен удар за време на комунистичката револуција. Е таму, во таков Чиле, се формира комуна под лидерство на Пол Шефер, еден вид на секта составена претежно од германски мигранти. Веројатно ви е познато дека голем број нацисти имаат пребегано во Јужна Америка, вклучително и Чиле каде биле на некој начин под заштита на Пиноче. И тој Пол Шефер е еден монструм, кој го организира животот во комуната според неговата визија за рај на Земјата, класична патолошка слика на оболен психопат.

Ако не ве трогне љубовниот елемент и романтичната приказна, тогаш ќе ве трогне бруталноста на Пол, а нема да останете рамнодушни ниту на глумата на Ема и Даниел Брул, кој патем одлично глуми ретардиран припадник на комуната.

Еве и линкче до IMDB за The Colony.
 
Член од
9 јули 2015
Мислења
8
Поени од реакции
10
Прв пат во мојот гледам филм, којшто е снимен од Point of View перспектива и навистина ми се допаѓа. Hardcore Henry е еден возбудлив акционен трилер, којшто навистина значајно се разликува од сите други акциони трилери по начина на кој е снимен. Ликот комплетно ве внесува во филмот. Гледајте го навистина е возбудлив.
http://www.imdb.com/title/tt3072482/?ref_=nv_sr_4
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.392
13 hours the secret soldiers of Benghazi
Мислам дека вреди да се погледне филмов.Станува збор за биографски воен филм базиран врз вистински настан.Дејството се одвива во Бенгази,Либија после нападот на кулите близначки.Не сакам да ви откривам многу погледнете го трејлерот мислам ќе ве заинтригира.

п.с си исплакнив очи со мужиштава :love:
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
A wolf at the door (2013)
Мое мислење: (4/5)

A Wolf at the Door (португалски: O Lobo Atrás da Porta) е бразилска драма / трилер, сценарио и режија на Fernando Coimbra (негов прв филм).

Филмот започнува со пристигнувањето на мајката во училиштето за да си ја земе нејзината мала ќеркичка и дознава дека девојчето веќе заминало со друга жена. Полицијата на Рио де Жанеиро го повикува нејзиниот сопруг во станица на сослушување и тој ја признава неговата вонбрачна афера со друга жена, па полицијата ја сослушува и неговата љубовница. Воведната сцена е малку конфузна, бидејќи секој од тројцата кажува поинаква верзија на настаните. Од тој момент во филмот доаѓа до пресврт кој е сè позастрашувачки како што течат настаните кои доведуваат до киднапирање на девојчето.

A Wolf at the Door претставува темна неизбришлива драма која се осмелува да ја покаже лошата страна на вонбрачната афера. Тензијата експлодира со шокантен и застрашувачки резултат. Интензивен филм кој долго се задржува во меморијата.

volk-u-dveri-o-lobo-atras-da-porta-a-wolf-at-the-door.jpg
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
216
Поени од реакции
269
COLT 45

Француска акција. Млад дечко, експерт за балистика, работи како чистач на оружје во полиција и се натпреварува во пукање. Се е добро, се додека не победи на турнирот, каде добива разни понуди за работа во најелитните единици. Реално пукање, реални сцени. За мене еден од подобрите акции.
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
12
Поени од реакции
17
The Second Mother (2015)
Мое мислење: (4/5)

The Second Mother (португалски: Que Horas Ela Volta?), (англ: When is she coming back?) е бразилска драма, сценарио и режија на Anna Muylaert, глуми Regina Casé како Вал, куќна помошничка кај богато семејство од високата класа во Сао Паолои Camila Márdila како нејзина ќерка Џесика. Филмот беше избран за официјален претставник на Бразил за најдобар странски филм на Оскарите 2016, но не беше номиниран.

Вал е совршено задоволна што готви, чисти и го одгледува нивниот син Фабино, додека своите пари ги дава на друга жена за да ја одгледува нејзината ќерка Џесика далеку од неа. Иако таа минува 13 години како втора мајка на Фабино, кој е тинејџер на иста возраст како и нејзината ќерка и поблизок е со Вал отколку со неговата мајка, сепак таа не смее да јаде со семејството или да плива во базенот и мора да спие во загушлива соба.Таа не размислува толку многу за оваа неправда, сè додека нејзината ќерка Џесика не пристигне и се всели во куќата на семејството за да аплицира за приемен испит на Универзитетот во Сао Паоло.

Вал ја учи Џесика да се однесува подредено со членовите на семејството. Се добива впечаток дека Вал е поблиска со Фабино и не ја сака доволно својата ќерка. Таа е зачудена и збунета со посветеното учење на нејзината ќерка и нејзинот познавање на интернетот, толку многу што не знае што да мисли. Вал живее со ова семејство толку долго што самата се дефинира преку нив. Таа е растргната меѓу лојалноста кон нејзините работодавци и посветеноста кон нејзината ќерка.

Од друга страна, Џесика одбива да ја слуша својата мајка и се добива впечаток дека се однесува доста неприкладно. Таа се спријателува со синот и таткото, плива во базенот и спие во климатизирана гостинска соба, наместо во собата на мајка си.Но таа е паметна, сигурна во себе и амбициозна и кога ќе го положи приемниот испит со висок резултат, не тера да се преиспитаме што навистина значи семејството.

Иако филмот изгледа како мала, безначајна драма за хиерархијата на општествените категории во Јужна Америка, тој е неверојатно добар филм со одлична изведба на Regina Casé.
the second mother.jpg
 
А

Атлантист

Гостин
Who am I е германски филм од 2014 година. Темата е компјутерски криминал и во овој поглед е слична со серијата Mr. Robot, така да ако ви се допаѓа серијата ќе ви се допадне и филмот.
Најверојатно серијата ја позајмува основната идеја од овој филм, иако според дејствието многу се разликуваат. За мене филмот е многу поквалитетен од серијата.

Главниот лик во филмот Бенџамин е хакерски гениј, но аутсајдер и без пријатели во реалниот живот.
После еден свој "подвиг" ќе биде казнет за општокорисна работа, каде ќе запознае свои истомисленици на кои ќе им го презентира неговиот талент и станува член на нивната хакерска група.
Нивната основна цел е забава, без да предизвикаат некоја посериозна штета.
Нивнат друга цел која што ќе се покаже за кобна е да го предизвикаат вниманието на таинствениот MrX кој што важи за гуру во виртуелниот свет.

Во својата намера ќе успеат, но дури тогаш ќе сватат дека влегле во светот на шпиунските служби и сајбер криминалот.

Почнува да ги гони Европол и БНД - германската разознавачка служба и сега имаат нова цел, да ја симнат одговорноста од себе, но тоа ќе можат да го постигнат само ако го надмудрат и да успеат да го откријат идентитетот на MRX.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.392
Colonia(2016)

Ова е приказната за едно од најмрачните места во Чиле од периодот на диктаторот Аугусто Пиноче.

Југот на Чиле, поточно на 35 километри од градот Парал, се наоѓа местото коешто е дел од најбизарното поглавје на ерата на диктаторот Аугусто Пиноче. Во тој дел на Чиле се сместил самопрогласениот свештеник и поранешен нацист, Пол Шефер, којшто во 1961-та година побегнал од Германија со уште стотина осомничени за соработка со нацисти, и токму тука основал една крајно морничава секта.Местото коешто е опкружено од Андите било совршено за монструозниот проект за секта на Шефер, којашто функционирала како држава во држава, а во којашто и се случиле страшни злосторства. Оваа колонија од нацисти и секташи била позната и под називот Колонија Дигнидад.

Тоа е инаку и приказната во филмот Colonia.Дејствието во филмот е сместено во 70-те години, додека колонијата сè уште постоела, а Вотсон ја толкува улогата на девојката чијшто вереник го киднапирале агентите на Пиноче, а како таа би го спасила решава да ѝ се приклучи на сектата, за којашто важела дека никој од неа не успеал да излезе жив,затоа што и сопствената амбасада ќе те предаде...но....ви оставам да погледнете сами..

Јас сум позитивно изненадена од глумата на Ема а Даниел првпат го гледам и морам да кажам дека ме воодушеви.Има моменти кои болат,корнат и сакав да ги премотам за да не ги гледам ама не сакав да испуштам ништо затоа што секоја минута е напната.Нема да зажалите за филмов,гарантирам :)

п.с немате потреба од трејлеров ама ако некој сака,нека погледне
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.881
Cafe society. Нема да се расфрлам со описи и раскази, доволно е - шармантна љубовна драма - комедија која на крајот ќе ви го насмее и растажи срцето истовремено. И целиот тој холивуски гламур во триесетите, едноставно неодоливо прикажан, нормално дека Вуди Ален. И Кристен Стјуарт е прекрасна, секако.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
The Red Turtle

Анимираниов филм заедно со Hardcore Henry се можда најмоќните ствари кои ги изгледав оваа година и кои ме оставија со подотворена уста. Врска немаат еден со друг содржински, зборам само за впечатоците. Инаку е реалистичен анимиран/цртан филм, еден од најпоетските и најфилозофските кои ги имам гледано. Филм кој пред се ве тера да си поставувате прашања, но и филм кој во себе ги има вткаено емоциите кои се будат кога си го гледате животот од страна. Нема да пишувам ништо околу настаните, пошто не сакам да ви го расипам. Само ќе го поставам можеби најважното прашање, кое не би ви препорачал да го читате ако го немате гледано филмот:

Дали животот поминат на островот беше метафора која пробува секојдневниот живот на човекот да го сведе на едно фундаментално ниво, мапирајќи ги само оние точки кои го прават животот живот, според поимањето на човековата свест за тоа што е навистина важно за секој од нас, која е смислата, кој е драјвот кој не тера секој од нас да продолжиме да живееме и да пробаме да ја поплниме или да и дадеме смисла на материјалната празнина во која од нигде никаде се појавивме? Или е тажна приказна за еден очаен и осамен човек кој остатокот од животот го помина во илузија?

10 од 10
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
The Accountant

MV5BNDc5Mzg2NTYxNV5BMl5BanBnXkFtZTgwMjQ2ODAwOTE@._V1_SY1000_CR0,0,674,1000_AL_.jpg

Еден од најдобрите филмови годинава. Бен Афлек нормално одличен.

Кристијан Волф ( Бен Афлек ) боледува од аутизам што истовремено го право одличен во математика. Поради таа способност работи како книговодител ( сметководител ) за многу луѓе и "организации".

Нема да напишам ништо повеќе, филмот заслужува 2 часа од вашето време.
 
Член од
9 јули 2015
Мислења
8
Поени од реакции
10
Одамна немам гледано филм, во кој толку ќе го мразам антогонистот(негативецот), а толку ќе сакам протогонистите да устигнат до него. Вестерн филм, којшто ќе разбуди бура на чувства кај секој гледач. Од режисерот на the Equalizer The Training day и Shooter, пристигнува неговото ремек дело:
The Magnificent Seven
images.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom