Не се толку јаки нивните лоби групи, колку што се нашите слаби (читај ги немаме). Додека тие не штедат 15-17 милиони за лобирање, ние дремеме ...Има ли крај нашиот дилетантски однос кон ваквите круцијални прашања ?:uvo:
Aман, Калипсо, доста со тој твој дилетантски однос. Не е по темата, ама кога го спомнуваш. Имаш ли ти самиот 4 милиони да трупнеш како донација за претседателската кампања на еден од кандидатите во Америка?
Американскиот бизнисмен од грчко потекло Томас Папас го има направено токму тоа. Во 1968 година има испружено 549 000 долари
кеш на рака донација за кампањата на Никсон, што, пресметано со инфлацијата, одговара отприлика на денешни 4,5 милиони.
Ова е еден од ретките случаи каде е извршена истрага и резултатите се документирани. Парите што ги испружил Папас не биле од неговиот бизнис, туку му биле дадени од КИП (грчката тајна служба). А пак КИП во тоа време (речиси секогаш, де) бил целосно финансиран од субвенции на ЦИА.
Денес методите за перење пари се далеку пософистицирани одошто во 1968, ама принципите се исти. Лесно е да лобираш со милионски суми - кога сумите ти се донирани од тој кај кого лобираш.
Така да, во тие игри немаш никакви шанси со твоето наивно верување дека поведението на високите службеници во американската администрација е раководено од исти побуди од коишто е водено и поведението на нашите “невладини“ експерти. Точно, по нешто се рециклира и кај нашите невладини, но, тоа се симболични суми, повеќе од пропагандни причини одошто со реално значење за вистинскиот бизнис.