Предлог за серии и кратки рецензии

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Дајте нешто слично на Entourage или па некоја добра комедија :)
 
Член од
9 април 2012
Мислења
50
Поени од реакции
14
стварно предлог дајте некоја нова серија,, комедија
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Ме мрзи да побарам во претходните 17 страни, можеби е веќе предложена комедијата „New Girl".
По разочарувачкото раскинување со дечкото, Џес, малку забегана млада наставничка, се преселува во стан во кој веќе живеат тројца момци кои ги запознава првпат во животот - сите „соло“. Ник е резигниран бивш студент на право кој обично сака мир и тишина. Шмит работи во деловна фирма, фалбаџија е и мисли дека жените го обожаваат. Винстон е поранешен спортист кој не знае што со себе, но е „болен“ ако не победи во што и да е. Иако тројцата се сложуваат дека Џес честопати „не е со сите“, ја прифаќаат да живее со нив и така се развива едно несекојдневно но искрено пријателство кое доведува до низа комични ситуации. „Новата женска“ ги менува нивните ставови и навики, но и таа не е иста како пред да стане дел од откачената четворка.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.181
Spin City ја заборавив веќе.. Инаку при крај на 6та сум од 70's show. Пред спиење, од кревет ја гледам.
Лесна е, ама ипак, добри4ка.

Инаку стандардните комедии или ќе ги откажам или скокам по некоја епизода..
Моментално си гледам Parks and Recreation и си гази, mocumentary, awkward хумор.. задоволително.

Нешто налик Офис. Препорака до кој бара слично.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.181
Кои се стандардните комедии? :)
bigbang, himym, two and a half.. popularnite, ongoing.

Уште неколку наслови кои планирам да ги поминам и се откажувам од жанрот, или поготово од тоа што излегува.
Едино на Sunny in Philadelphia се радувам..
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Spin City ја заборавив веќе.. Инаку при крај на 6та сум од 70's show. Пред спиење, од кревет ја гледам.
Лесна е, ама ипак, добри4ка.

.
Spin CIty ја има од вторник до четврток на FoxLife после 2.30 по 3-4 епизоди. Win за пред спиење! :D
 
G

_Ghost_

Гостин
Ааа на кои си мислел.:) Јас ги баталив (за сега). Сега сум осврнат на сериозни и тешки филмови...
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Fortysomething



Значи британциве се цареви. Ц А Р Е В И! Серијава ја најдов ептен случајно и тоа ради Бенедикт, кога гледам Хју Лори главна улога, па уште и режисер на истава. Резултат, одлична комедија. За жал има само 6 епизоди.
Мислам дека само британци можат да направат ваква каша попара серија и сето тоа да изгледа вака. Хуморот е одличен, барем мене ептен ме бендиса.

На кратко, Пол Слипери ( Хју Лори) е доктор кој едно утро сфаќа дека може да ги чита мислите на луѓето. Човекот изгубил сеќавање на неодамнешните случувања и не може да се сети кога последен пат имал секс со својата сопруга. Има тројца синови, Рори, Даниел и Едвин. Рори и Даниел се конкуренти во љубовниот живот и си ги вкрстуваат девојките кои патем се сестри. Едвин исто сака да го искуси љубовниот живот. Сè на сè , одлична серија. Мора да ја погледнете. Интересно гледајќи го Хју во серијава, воопшто не ме асоцираше на Хаус.

 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365


Неправедно откажана, неверојатно луда анимирана серија базирана по филмот на Кевин Смит. Шест епизоди се само, сите актери од филмот се тука за гласови како и Алек Балдвин како Леонардо Леонардо. Мора да се гледа.


 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


Одамна сакам некаде да ја начекам Џејн од Breaking Bad, и ете ја, во нова серија. До сега е излезена една епизода и онака, колку од 20 минути вкупно, не можам да кажам многу. Само дека првата епизода беше добра и замислата им е интересна, па ќе видиме понатаму. Серијата се вика Don't Trust the B**** in Apartment 23.

Едит: Мислев дека постирам во општата тема за серии, а не во оваа со кратките рецензии. Енивеј, серијата е не-сит-ком комедија и во центарот на случувањата е Клои која постојано бара цимерки, за на крај да им го загорчи животот со цел да им ги земе парите. Во станот се доселува Џун која е тотално спротивна од Клои.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom