Предлог за серии и кратки рецензии

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Дајте предлог за некоја ДОБРА и кратка серија (1-2 сезони)

Гледани ми се:
Flash Forward
The Event
The Lost Room
Firefly
Terminator: Sarah Conor Chronicales
Пробај со Твин Пикс. Јас ја гледам сега. 2 сезони се.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Таа ми е наредна, повеќе луѓе ми ја кажаа. Да не ја гледаш ради Alan Wake? :)
Џимеј ме потсети на неа. Барав серија со трилер елемент, мистерија и тој ми ја предложи. Јас ја имам гледано, ама одамна како дете, на дејството речиси и да не се сеќавам затоа ми е интересна да ја гледам. Навистина е добра, класика серија. Мислам дека ќе ти се свиѓа. Мене искрено на нерви ми идат некои непотребни сцени и детали кои Линч ги вметнува во епизодите, ама останатото ја покрива таа маана.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Ми се насобраа многу серии ради препораките од форумот: Downton Abbey, Louie а очигледно и Twin Peaks. Таман, иде сесија.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.668
Поени од реакции
34.125
Ми се насобраа многу серии ради препораките од форумот: Downton Abbey, Louie а очигледно и Twin Peaks. Таман, иде сесија.
Минус додека не ја скинеш Twin Peaks. A Louie ја почнав, и уште не сум ја почнал втора сезона. Кај и да е треба, оти така ќе си остане.

Туку Корун.. моментот кога прашува девојка дали играла некоја од последните излезени игри. Нејсе, си грми Alan. :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Минус додека не ја скинеш Twin Peaks. A Louie ја почнав, и уште не сум ја почнал втора сезона. Кај и да е треба, оти така ќе си остане.

Туку Корун.. моментот кога прашува девојка дали играла некоја од последните излезени игри. Нејсе, си грми Alan. :)
Ја имам гледано Twin Peaks многу одамна, на штипска телевизија. Се сеќавам дека дејството се одвиваше околу убиството на некоја тинејџерка, ама за среќа, не се сеќавам како завршува.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Некој да не ги има LOST да ми ги даде на DVD или да ги земам на хард диск?
 
А

Антоние

Гостин
Серијата се вика Deadwood, малку е така постара.

Дејството се одвива во дивиот запад. Главниот протагонист е федерален шериф. Интересно во серијава е тоа што протагонистот во исто време е и анти херој. Секој карактер во серијата е фаличен. Не постојат "добри" добри момци.

Отворено е расистички кон црнци и кинези (мада кинезите стојат повисоко на тотемот како што и би требало да биде), и единствениот непријател е Американската влада која се бори да заземе контрола.

Ми се допаѓа затоа што се работи за анти-естаблишмент серија со многу јак либертаријански вајб. Не е како остатокот од полициските/форензичките/детективски серии кои што величат "police state" пропаганда, со ислкучок на "the Wire". (испраќајќи порака дека е во ред да се користат безмилосни тактики на испрашување (24), дека ако извршиш кривично дело ќе употребат надприродни моќи да те најдат (CSI, NCIS итн.), или па демек "моравме да ги заобиколиме правилата да го фатиме, но тоа што го направи беше толку грозоморно, што значи дека правилно постапивме (Law & Order)" итн...)
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Кој ги прати серииве од BBC има нешто интересно крими-драма-трилер ? освен Sherlock ја изгледав таа.
Не се од BBC ама ако сакаш интересни комедии имам неколку да ти препорачам. Инаку овие се едни од неколку што никогаш не ги бришам од компјутер.

Father Ted
Се работи за тројца Ирски свештеници протерани секој од своја посебна причина на остров на кој порано имало и северен, јужен, источен и западен дел но после потопувањето на северниот дел од островот, тамошните мештани сега се ориентираат само по југ, исток и запад. Серијава е луда, има една епизода која ми е најомилена во која се пародира филмот Speed со Кијану Ривс и многу други како кога ги праќаат на Евровизија со љубовна песна за коњ(со надеж дека нема да победат, зашто многу е скапо да се организира Евровизија во Ирска) кога протестираат против прикажување порничи во кино а самите одат за да го гледаат и кога отец Тед ке го мислат дека е расист па граѓаните ке го подржуваат. Оваа најмногу вреди да се гледа.

Black Books
Мизантроп води продавница за книги и не сака живо суштество да му припари и најмногу мрзи кога ке продаде некоја книга. Серија вреди да се погледне заради главниот лик и поради Бил Бејли. Исто глуми и оваа од Епизоди што е Англичанката.

The Mighty Boosh
Серијава е топ(за мене). Можеш да си ја гледаш и трезвен а можеш како и ја, кога се враќам пијан од град ова обавезно го пуштам и се дрекам од смеа се додека комшиите не ми викнат полиција за нарушување ред и мир. Ама да оставиме тоа за друг пат. Главни ликови се Хауард Мун и Винс Ноир, пропалитет музичари кои работат во зоолошка градина првата сезона а после во продавница за магија и џиџири миџири а ги пропратуваат џуџе волшебник(што врска нема од магии и повеќе е надуван) како и горила што зборува(слуга на волшебникот). Би ја окаректизирал серијава како мјузикл, само да не сфатиш погрешно дека е нешто налик на Glee. Од време на време ке прснат да свират многу добро рокче, рап, панк и електро (им ги имам сите песни во Ајпод:)) и преку целата серија има ''познати'' фаци како на пр. Роџер Далтри од The Who. И исто така епизодите не се поврзани една со друга,секоја си е приказна за себе, на пример ако умре некој лик во една епизода се враќа во друга како ништо да не било. Ке ти оставам да ја изгледаш мојата најомилена епизода како и неколку клипчиња па ако се решиш да ја гледаш топ. Инаку би ти препорачал да почнеш да ја гледаш од втората сезона, третата па првата.


 
Член од
25 октомври 2009
Мислења
4
Поени од реакции
1
Серија која ја препорачувам е секако серијата Бадијалџии т.е. Мучки т.е. Only Fools And Horses Што се однесува до сапуниците,единствено ја имам гледано Касандра пред десетина години,и горе долу ми се допадна.Се раскажува за циганката Касандра која уште како бебе е грабната и продадена на чергари од циркусот и после 20 години по игра на случајот се враќа во местото од каде потекнува и тука почнува расплетот ...:

 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
FECK.ARSE.GIRLS

многу јака серија :D


Најдобар е кога добива момент на луцидност и кога е добар со деца и со кутриња за на крај пак да стане ''нормален'' и да го видиш како се брише со кучињата. Цар:pos:.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Sherlock



Must see серија. Ставајте на download веднаш. Барав нешто постаро со јунакот на Дојл, излезе дека новово е подобро од старото. Уште ја немам изгледано цела и затоа не ја отворам темата која буцио ја отворил за серијава. Неверојатно е како го вклопиле Шерлок Холмс и неговиот партнер Вотсон во 21 век. Да ви раскажува човек на прв поглед изгледа смешно, Шерлок Холмс решава случаи во 21 век како консултант на полицијата, а во тоа му помага Вотсон кој инаку е воен ветеран. Меѓутоа, направиле одличен спој на старото со новото време, ликот на Шерлок можете слободно да го ставите и во старо и во ново време, костимографијата и сценографијата е совршена.

И морам да го пофалам актерот кој е одбран да го глуми Шерлок Холмс. Полн погодок. Неверојатно глуми. Делува како доктор Хаус, само во друга верзија. Хаус решава медицински случаи, овој крими. И двајцата се дрски, директни, генијални и неверојатно харизматични. Штета само што секоја сезона има по толку малку сезони.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
^ и јас ја загледав Шерлок вчера на FoxCrime, и прво у очи ми падна дека гледам „копија“ на Хаус. И искрено, малку ме нервира тоа. :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Не сум сигурен ама ова е изгледа првата мини серија што ја имам изгледано. Имав време, прочитав Корун ја пофали негде, солидна оцена на imdb и фатив да ја гледам. 6 епизоди се. Доста интересна серија во која главниот глумец е Нејт од Six Feet Under. Наоѓа клуч со кој може да ја отвори било која врата и да оди било каде. Имам некои замерки за камерата/кадрите, често има кадри кои се многу блиску до лицето на карактерот и изгледа како да е интервју -_-. Исто така и Нејт ми праи некои фацки на моменти како да е пред испрашување :D Добар глумец е но на моменти чуден. Во актерската екипа има доста "полу-познати" глумци како Тауб од House, Julianna Margulies и Kevin Pollak.​
Солидна серија која ви ветувам дека ќе ви биде интересна и со сигурност ќе навивате за Нејт :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom