Предлог за МАСОВЕН протест

Статус
Затворена за нови мислења.

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Open season...Show time:vozbud::je:
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Браќа и сестри,

Предлагам да направиме огромен, масовен, организиран протест на 21ти Март 2008 како крик на последно предупредување против сите што имаат на ум дека можат да не прекрстуваат независно дали се надворешни или внатрешни кумови.
Не се сложувам да биди во работен ден. Само сабота и недела. Проблем е за луѓето кои што се од други градови кои се на работа, училиште итн.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Да бе, а револуција се крева само на лето, кога може да земат појќемина одмор, да не ги караат шефојте??
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
АВС, дојди и ти бе еднаш мајку му :)
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
a da se organizira vo sekoj grad poedinecno ... taka nema da ima opravduvanje za NEMOZEV NEMAV PREVOZ ...
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Да бе, а револуција се крева само на лето, кога може да земат појќемина одмор, да не ги караат шефојте??
Јас сум од Битола. Бев на претходниот протест. Ама многу луѓе што ги имав викнато не можеа да дојдат само заради тоа што беа на работа. Е сега рачунај колку илјадници луѓе од цела Македонија не можеа да дојдат само од такви причини. НЕ да не ги караат шефовите, туку да не ги избркаат од работа шефовите. Дај боже да има револуција и никој да не испоштова ни работа ни ништо и да се собериме стотици илјади, ама тешко дека оди работата така. Јас ќе се трудам што повеќе да се рашири муабетот за ова и ќе придонесам се што е во моја сила.
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
a da se organizira vo sekoj grad poedinecno ... taka nema da ima opravduvanje za NEMOZEV NEMAV PREVOZ ...
јас сепак мислам дека најважно е во Скопје да биди протестот. Да се знае дека ќе биди тој еден, масовен и цела енергија да се сконцентрира на тој протест. А за превозот, јас од Битола дојдов со бесплатен превоз, ама уште пред да разберам за бесплатниот превоз бев решен да одам, да си платам карта фино лепо. 500 денари не се ништо да ги дадеш кога се работи за ваква работа. Треба да се истепаме да одиме, а не да чекаме да ни пушти некој бесплатен превоз.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
хммм

22 март? :toe:

во Скопје и насекаде , масовни големи собири? поедноставно е од референдум :)
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
kaj najdovte na mojot rodenden
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Нимиц е поголем оптимист по средбата во Виена

Заврши средбата во Виена помеѓу медијаторот Нимиц и преговарачите Василакис и Димитров. Првите импресии што Нимиц ги даде по состанокот се дека е поголем оптимист отколку по последните средби.
Според него, постои можност наредната недела двајцата преговарачи Василакис и Димитров повторно да се сретнат со Нимиц и тоа да се случи во Њујорк, во седиштето на ОН.
Постојат неколку елементи, рече Нимиц, коишто навестуваат дека би можело во наредниве 15-ина денови да се дојде до решение, меѓутоа се уште не е ништо сигурно и се ќе зависи од моменталниот политички момент во двете држави.
Внатрешните политички ситуации во Македонија и во Грција нема да влијаат на преговорите, ниту за нив денеска се разговарало, изјави Нимиц.
Инаку, Василакис и Димитров не дадоа изјави.
Секогаш треба да се биде оптимист дека решението е можно, изјави медијаторот Нимиц пред денешниот состанок со преговарачите Димитров и Василакис во Виена.
Најновата средба меѓу тројцата дипломати се случи во канцеларијата на специјалниот пратеник на ОН за Косово, Марти Ахтисари.
Грчкиот преговарач Василакис пред средбата најави дека својот став ќе го даде по состанокот со Нимиц и Димитров.
Претходно грчки извори за А1 изјавија дека денешниве не се последни преговори за името и дека најверојатно тие ќе продолжат, без разлика каков ќе биде денешниот резултат.
Македонскиот преговарач во Виена официјално со себе го носеше стариот предлог за двојната формула, но за разлика од последната средба во Њујорк, сега Димитров со уште еден аргумент, кој требаше да ја покаже македонската конструктивност.
Клучната точка и можеби единствена, којашто денеска можеше да донесе поместување во односите Грција-Македонија, е изјавата на претседателот Црвенковски, кој минатата недела најави дека Македонија е подготвена за прифаќање на додавка која нема да го наруши националниот идентитет.
Иако Владата се спротивстави на личното мислење на Претседателот, сепак А1 дознава дека тоа е конечната црвена линија до која може да оди македонската страна.
Дали Нимиц воопшто презентирал некаков план или рамка, како што брифираат американските извори, која била подготвувана во соработка со Стејт Департментот, зависи од дипломатските игри во Виена.
Имено, иднината на македонскиот влез во НАТО зависи од тоа дали некоја од страните прва ќе даде сигнал дека е подготвена за нов компромис. Доколку тоа се случи, тогаш најверојатно и Нимиц ќе го извади најновиот предлог на маса.
За време на последната средба со Василакис во Солун, на прашање од известувачот на А1, Нимиц рече дека до нова средба ќе дојде само доколку има видни поместувања напред во ставовите на двете држави.
И покрај ригидните ставови на Грција, преговарачите Василакис и Димитров на денешните разговори во Виена дојдоа со оптимизам. Дали нивниот оптимизам е реален, ќе се види веќе во наредниве неколку денови.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90842

Значи и владата ќе прифати. Барем тие велеа дека нема компромиси. Ете ја фамозната црвена линија. Ако за нив до таму е црвената линија, за народот не е. Црвената линија е далеку замината!!!
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
предлог на Нимиц :
Нова Македонија
Горна Македонија
Република Македонија - Скопје

па сега пак спите , Грциве нека ве прекрстуваат ...
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
предлог на Нимиц :
Нова Македонија
Горна Македонија
Република Македонија - Скопје

па сега пак спите , Грциве нека ве прекрстуваат ...
od kaj ti e ova?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90842

Значи и владата ќе прифати. Барем тие велеа дека нема компромиси. Ете ја фамозната црвена линија. Ако за нив до таму е црвената линија, за народот не е. Црвената линија е далеку замината!!!
Не шпекулирај. Нема никаква официјална изјава од владата, шпекулации од типот "А1 дознава" не се релевантни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom