Мирни и кротки, небаре Зомби Во летото 2006-то, кон крајот на јули, како што објави Време, во едно кафуле во Охрид, од полицијата беше приведен извесен Норман Г. , државјанин на САД, поради сериозно нарушување на јавниот ред и мир. Имено, Норман почнал агресивно да се однесува кон присутните гости, со навреди, закани, физички напади и сл. На распитот во полицијата, своето недолично однесување Норман Г. го објаснил вака: „Не можев да го издржам мирното однесување на луѓето околу мене! Небаре беа зомби! Нема во нив никаква агресивност“! Полицајците уште повеќе се збуниле, па побарале психијатриско вештачење, кое го дало следново објаснување: - - Норман Г. имал трауматично дејство, поради што сега, во зрели години, има необјасниви изблици на агресивност. Тука, постапката на државата Македонија против агресивецот запрела и тој бил испратен дома, во САД, да се агресира таму кога ќе има потреба за тоа. Овој вовед отвора прашање што Норман Г. го поставил без влакно на јазикот: „Зошто Македонците се мирни како јагниња, зошто немаат ниту трунка амбиција да чкрипнат со забите, да треснат со стисната тупаница, да удрат кога ќе бидат удрени. . . зошто во нив нема ниту трунка т. н. позитивна агресивност? Зошто буквално ја применуваат божјата заповед - кој тебе со камен, ти него со леб? Поради таквата јагнешка карактеристика, Р. М. денес се простира на само на 46% од нејзината етничка територија, при распадот на претходната федерација последни сфативме дека ни се дава можност за самостојна држава, а кон крајот на минатиот и почетокот на овој век, странските олеснувачи ги примавме како спасители, без да разбереме дека се данајци што дарови носат. . . Дали некој се запрашал зошто пред секоја, и најмала закана, се повлекуваме, ја виткаме опашката. Зошто бегаме од Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, Куманово, Чаир? Зошто продаваме трошни куќи за скапи пари? Кога ќе ги потрошиме, ќе немаме ниту куќа, ниту пари!
Последната средба во Прилеп на Македонците од соседните земји покажа колку сме инертни кон самите себе, колку оние што ги избравме да не водат се грижат само за нивното чекмеџе, а не за националната кауза, колку не водиме грижа дека соседскиот оџак престанал да чади, несвесни дека и нашиот наскоро ќе згасне! Што е, тука е. Ајде да свртиме нов лист во нашето колективно однесување: оние над 50. 000 Македонци што добија бугарски пасош нека се договорат и на наредните, а потоа и сите други избори во Бугарија, да гласаат за партиите и кандидатите на Македонците од Пиринскиот дел! Забарите, козметичарите, терапевтите од Битола и околината нека не ги чекаат Грците да доаѓаат кај нив, туку тие своите ординации, салони и слично, да ги префрлат во Егејска Македонија и таму да бидат странски инвеститори! За да не дојдеме до таму каде и личните имиња ќе ни ги променат!
Имаме ли сила за такви агресивни настапи? Дали имаме зрно снага за будење на заспаниот дух што во наследство ни го оставија далечните предци? Ако одговорот е да - Македонија ќе опстои, ако е не - ќе згаснеме на полиците на историјата врз кои паѓа прав.
Kade steeee makedoncinjaaaaa, kade steee, kaj otidoovteeeee!!!!
Zalna placeeee Makedonijaaa, zalna placeeee.....!
5-ti den, petok, centralite na partiskite rakovodstva na dale soglasnost. Makedonija ceka, no nema da doceka. Narodot e zombi.
Uzasie.