Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
10. Негирање - Кит Аблоу

Нема многу да коментирам, ја прочитав во еден здив а уствари и не сум многу сигурен дали ја читав. Како да гледав филм...
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
28
Поени од реакции
16
Конечно после толку време и јас да прочитам 'асално' книга. Со целата збрка со матурата, некако немав доволно време. Не дека не, читав, ама не е тоа тоа.

Книга бр. 6: Големата вода - Живко Чинго
Искрено, не знам точно каква реченица можам да употребам за да ја опишаам оваа книга. Многу ми се допадна, изобилува со емоции. Самата помисла на децата од сиропиталиштето како се справувале со теророт кој бил извршуван врз нив, те тера да сфатиш какво било некогаш, и како децата го поминувале тогаш детството- колку им било тешко и сурово.

Книга бр. 7: Диво месо - Горан Стефановски
Траги-комедија. Се смееш на една ситуација, а воедно за истата чувствуваш и сожалување. Темата е за пропаста на едно семејство.Сите членови се патријархално воспитани, и дури и за најмалата и најневажната работа мора да се консултираат со таткото. Но, со таа разлика што за некои од членовите таа формула не важи, си тераат по свое.
Не сум нешто фасцинирана, просечно.

Книга бр. 8: Парадоксот на Диоген - Томе Арсовски
Многу добра книга. Една од книгите кои ми поставиле силен впечаток. Зборувам за македонска литература, после Вештица на Венко Андоновски.
Посебно крајот ми се допадна. Делот кога бранителот се обраќа на присутните за тоа дали само младиот Драшко е виновен за уривањето на хотелот или удел имаат и сите други кои за многу работи му прогледале низ прсти.
Би сакала да го прочитам и вториот дел од оваа книга,но не можам да го најдам, се надевам во блиска иднина ќе успеам во намерата.

Книга бр. 9: Заробени сништа - Марина Немат
Верувале или не, не знам кога последен пат сум прочитала толку добар роман како овој. Посебно бев фасцинирана од вистинската приказна на авторката, а уште повеќе од фактот дека тоа се случило во недамнешно минато, некаде 199-та и некоја.
Тешката судбина, препреките, и сите други работи кои ги доживува во затворот, се толку тешки за поднесување, што и ги припиштам сите заслуги за нејзината храброст и сила со која се соочува во таква екстрема ситуација. На крајот успева да ги преброди сите тие сурови нешта кои ја следат, без разлика на се, таа продолжува во животот.
Големо браво, како за авторката, така и за маестралноста со која го пренела сето тоа искуство.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Книга бр. 14 Десеттата симфонија - Јозеф Јелинек
Не знам колку знаете, но се вели дека Бетовен после славната Ода на радоста напишал и десетта симфонија која треба да биде со далеку поголема уметничка вредност од претходната. Но поради неговата смрт никогаш не е изведена во јавноста. Околу ова се врти приказната и е многу интересна, ја препорачувам !!

Книга бр. 15 Марина - Карлос Руиз Зафон
Не сакам да коментирам за оваа книга и овака ми е срам што досега не земав да го читам Зафон и што имав предрасуди

Книга бр. 14 Заговорот Моцарт - Скот Маријани
Уште сум под импресии од десеттата симфонија и затоа си ја земав оваа и ја читам моментално.

ПС. Дали треба овде да ги вбројам и книгите од школо, бидејќи го забележав тоа погоре? Нели е тоа исто како некој овде стручна литература од факс да набројува???
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
01. A Study in Scarlet - Sir Arthur Conan Doyle
02. The Sign of the Four - Sir Arthur Conan Doyle
03. The Adventures of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
04. The Memoirs of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
05. The Hound of the Baskervilles - Sir Arthur Conan Doyle
06. Rework - 37 signals
07. The Toilet Paper Entrepreneur - Mike Michalowicz
08. The Old Man and the Sea - Ernest Hemingway
09. Musashi - Eiji Yoshikawa
10.The Art of Manliness - Manvotionals: Timeless Wisdom and Advice on Living the 7 Manly Virtues - Brett McKay
11.Spice and Wolf - Isuna Hasekura
12.The Girl with the Dragon Tattoo - Stieg Larsson
13.The Girl Who Played with Fire - Stieg Larsson
14.The Girl Who Kicked the Hornets' Nest - Stieg Larsson
15.Fight Club - Chuck Palahniuk

16.The Great Gatsby - F. Scott Fitzgerald
Дефинитивно не очекував ваква приказна, пријатно ме изненади.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
26. Сидни Шелдон - Најдобрите планови
Почна да ми здосадува Шелдон веќе, и се повеќе му ги забележувам нелогичностите во книгите.

27. Агата Кристи - And then there were none (10 little Indians)
И официјално, според мене најдобрата книга од Агата.
10 луѓе стигнуваат на мал остров. Домаќинот го нема. Секој од нив си има соба во која ја има оваа песна:

Ten little Indian boys went out to dine;
One choked his little self and then there were nine.
Nine little Indian boys sat up very late;
One overslept himself and then there were eight.
Eight little Indian boys travelling in Devon;
One said he'd stay there and then there were seven.
Seven little Indian boys chopping up sticks;
One chopped himself in half and then there were six.
Six little Indian boys playing with a hive;
A bumblebee stung one and then there were five.
Five little Indian boys going in for law;
One got in Chancery and then there were four.
Four little Indian boys going out to sea;
A red herring swallowed one and then there were three.
Three little Indian boys walking in the zoo;
A big bear hugged one and then there were two.
Two Little Indian boys sitting in the sun;
One got frizzled up and then there was one.
One little Indian boy left all alone;
He went out and hanged himself and then there were none

Во трпезаријата има 10 фигури на индијанци. Самошто вечераат, батлерот им пушта плоча, од која наместо музика почнуваат да се слушаат обвиненија дека секој од овие 10 луѓе е одговорен за убиство, поткрепени со датуми и имиња. Не поминува вечерата, еден од десетмината умира поради отров во пиењето (види го вториот стих од песната погоре). Една од фигурите ја нема.
Подобар заплет - амин. Агата Кристи е ѕвер.

28. Агата Кристи - Паркер Пајн истражува
Невообичаено за Агата Кристи и досега мислам најслабо нешто што имам прочитано од неа. Збирка раскази за човек кој преку оглас им нуди среќа на луѓето.

29. Агата Кристи - Листердејлската мистерија. Ништо посебно.

30. Агата Кристи - Harlequin tea set. Ништо посебно.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
01. A Study in Scarlet - Sir Arthur Conan Doyle
02. The Sign of the Four - Sir Arthur Conan Doyle
03. The Adventures of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
04. The Memoirs of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
05. The Hound of the Baskervilles - Sir Arthur Conan Doyle
06. Rework - 37 signals
07. The Toilet Paper Entrepreneur - Mike Michalowicz
08. The Old Man and the Sea - Ernest Hemingway
09. Musashi - Eiji Yoshikawa
10.The Art of Manliness - Manvotionals: Timeless Wisdom and Advice on Living the 7 Manly Virtues - Brett McKay
11.Spice and Wolf - Isuna Hasekura
12.The Girl with the Dragon Tattoo - Stieg Larsson
13.The Girl Who Played with Fire - Stieg Larsson
14.The Girl Who Kicked the Hornets' Nest - Stieg Larsson
15.Fight Club - Chuck Palahniuk
16.The Great Gatsby - F. Scott Fitzgerald

17.A Princess of Mars - Edgar Rice Burroughs
Пред некое време го гледав филмот John Carter, кој е базиран на овој роман, па се одлучив да го прочитам и романот. И не бев разочаран, приказната ги има сите елементи што ја ги сакам, херојство, борби за живот и смрт и љубов како мотив на главниот лик, љубов за која John Carter е спремен да се бори со цел Марс ако е потребно.

Веднаш продолжувам со следната книга во серијата, Edgar Rice Burroughs ми влезе на листата со омилени писатели, а после оваа серија, ќе почнам да ја читам Тарзан(и нејзините 23 продолженија) со која Burroughs се прослави.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.236
Поени од реакции
84.233
Песната на Ледот и Оганот - два пути оваа година
...исто ко четриесет да сум прочитал.
 
Член од
31 јули 2012
Мислења
29
Поени од реакции
43
Само што ја видов темава, односно овој интересен предизвик, па си реков и јас да се придружам. Со оглед дека не знаев за ова, ќе ги набројам сите книги што сум ги прочитала оваа година.
1. Девојката во боја на зумбул - Сузан Вриланд
- Се сеќавам дека оваа книга ја позајмив од училишната библиотека веднаш по зимскиот распуст и ја прочитав во еден здив. Се работи за откривањето на идентитетот на девојката која е насликата од познатиот сликар Вермер и помалку е здодевна се додека не се стигне до крајот. Како што кажав, се чита во еден здив и те остава да размислуваш уште долго време после читањето..
2. Кодот на Да Винчи - Ден Браун
- Мистеријата ми е врежана во крвта. Уживав во оваа книга која е полна со загатки и научив многу работи кои асоцираат на познатата слика од Да Винчи. Прекрасна книга.
3. Времето на лалињата - Дебора Могах
-Интересна книга, на почетокот малку здодевна, но потоа не можеш да ја испуштиш од рацете. Се работи за љубовта на една мажена жена и еден (мислам дека беше) сликар. Тука има и алчност и лакомост и прељуба и љубов. Воедно, книгата ве остава без здив.
4. Убиство во Ориент Експрес - Агата Кристи
- Книгата ја најдов случајно во домашната библиотека, една од книгите кои се продаваа во весниците. Имав слушнато за Агата Кристи и познато ми беше дека пишува вакви дела, па си реков зошто да не ја прочитам. Дејството се случува во возот, каде што на крајот убијци се сите 12 луѓе кои се таму. Агата, всушност се занимава со интересни детали кои не секој детектив би ги земал во предвид. Мислам дека баш тоа и толку ми се допадна, па си реков дека мора да прочитам бар уште некое дело од неа. Сега засега, сеуште останав само на тоа.
5. Ќерката на мојата најдобра пријателка - Дороти Кумсон - Ова е една интересна книга која ја прочитав додека бев на одмор. За два дена беше прочитана и потоа дури ја прочитав и по вторпат. Две најдобри пријателки се разделуваат бидејќи едната спиела со дечкото на втората. После неколку години, на едната и пристигнува писмо од пријателката дека е болна и дека бара некој да ја чува нејзината ќерка, која всушност е плод од таа вечер помината со дечкото.
6. Пеколот - Данте Алигиери
- Оваа книга ми е дело за во втора, па ова лето беше прва на листата од книги за на училиште што трба да ги читам. Ми се допадна начинот на кој што Данте ги сместува луѓето во пеколот, иаско сеуште не ми е јасно зошто и Мухамед е еден од нив. Воедно интересно дело, со несекојдневна тематика. Се надевам во брзо време ќе ги прочитам и другите два дела од Боженствената Комедија.
7. Watermelon - Marian Keyes
- Се надевам во ред е на оваа листа да се стават и прочитани книги на Англиски јазик, бидејќи нема ништо спомнато во врска со тоа. Ако има, тогаш оваа и следните книги, ни јас ни вие не ги земајте во предвид. Една мајка, на денот кога го раѓа своето прво девојче е оставена од сопругот кој наводно си нашол нова љубов. Таа го зема бебето во раце и лета право во куќата кај нејзините родители.
8. Алхемичарот - Пауло Коелјо
- Прекрасна книга, мислам дека на повеќето од вас веќе позната. Ова ми беше прво дело од Пауло и ми се допадна неговата моќ да ги опишува работите со толкава ентузијастика.
9. Дон Кихот од Ла Манча - Мигел де Сервантес
- Ја читав скратената верзија, таква ми дадоа од библиотека. Ми се допадна и ме натера да размислувам за работи за кои никогаш порано во животот не сум размислувала. Во секој случај, Дон Кихот има непредвидлив карактер и наликува на лудникаво суштество, според мене, тој не е луд, тој едноставно има бујна фантазија и преголема храброст. А фантазирањето и спротивставувањето на некој поголем и посилен од тебе не е лудост, напротив, тоа е доблест и не секој ја поседува.
10. 11 Минути - Пауло Коелјо
- Преку животот на Марија се запознав со некои, за мене, нови работи. Предизвик ми беше оваа книга, од која извадив многу поуки, како за животот општо, така и за љубовта и за сексот.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
...
- Се надевам во ред е на оваа листа да се стават и прочитани книги на Англиски јазик, бидејќи нема ништо спомнато во врска со тоа.
Нема врска ако се на англиски, сите книги на мојата листа се на Англиски, па никој не се пожалил;)
 
Член од
31 јули 2012
Мислења
29
Поени од реакции
43
Нема врска ако се на англиски, сите книги на мојата листа се на Англиски, па никој не се пожалил;)
Епа супер тогаш :)
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Малце е чуден вториот понуден одговор од анкетата " Не сакам предизвици ". Доколку ние не сакаме да го прифатиме овој предизвик, тоа не значи дека воопшто не сакаме предизвици. :)
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
1. Explosive Eighteen - Janet Evanovich
2. Три метри над небото - Федерико Моча
3. Љубов на југ - Хелена Фрит Пауел
4. Ден после ноќта - Анита Дајамант
5. Extremely Loud & Incredibly Close - Jonathan Safran Foer
6. The Templar Salvation - Raymond Khoury
7. The Midas Code - Boyd Morrison
8. Summer in the City - Candace Bushnell
9. The Family - It's in the Blood - Martina Cole
10. Alone in Berlin
11. The Rome Prophecy
12. The Inner Circle
13. The Devil's Light од Richard North Patterson
14.Надежна сопруга од Роберт Гулрик
15. Critical Mass (how one thing leads to another) од Philip Ball
16. A Game of Thrones од George R. R. Martin
17. A Clash of Kings од George R. R. Martin (вториот дел од серијалот)
18. The Rembrandt Affair - Daniel Silva
19. The Brand Messiah (you are what you buy) - Jonathan Gabay
20. Plum Spooky - Janet Evanovich
21. The Chamber - John Grisham
22. Eleven on Top - Janet Evanovich
23. To Dance With Kings - Rosalind Laker
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
17. Неподносливата леснотија на постоењето - Кундера
18. Осаменоста на простите броеви - Паоло Џордано
19. Дамата и еднорогот - Трејси Шевалие
20. Алеф - Пауло Коељо
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
  • 1. Окото на светот- Роберт Џордан​
  • 2. На чудни плими- Тим Пауерс​
  • 3.Портите на Анубис- Тим Пауерс​
  • 4.Водич за добар крадец во Амстердам- Крис Еван​
  • 5. Гримус-Салман Рушди​
  • 6.Stormfront-Џим Бучер​
  • 7.Fool Moon- Џим Бучер​
  • 8.Grave Peril-Џим Бучер​
  • 9. Ајванхо- Валтер Скот​
  • 10.Талисман- Валтер Скот​
  • 11.Богови и Херои​
  • 12.Принцот на Маглата-Карлос Руиз Зафон​
  • 13.Ловец на Души- Оливер дел Рио​
  • 14.Закопајте ми го срцето кај рането колено- Ди Браун​
  • 15.Зли Времиња-Дикенс​
  • 16. Авантурите на Аџи Баба- Џејмс Мориер​
  • 17.Хобит- Толкин​
  • 18.Жолтиот Арамбаша- Карл Мај​
  • 19.Дивиот Курдистан- Карл Мај​
  • 20. Американски Богови- Нил Гајман​
  • 21.Хогфадер-Тери Прачет​
  • 22.Мали Богови- Тери Прачет​
  • 23.Ноќна Стража-Прачет​
  • 24.Going Postal-Прачет​
  • 25. Snow Crash-Нил Стефенсон​
  • 26. Ако брадите можат да убијат, исповеди на Б филмски актер- Брус Кемпбел​
  • 27. Градината на Рама- Артур Ц. Кларк​
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
01. A Study in Scarlet - Sir Arthur Conan Doyle
02. The Sign of the Four - Sir Arthur Conan Doyle
03. The Adventures of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
04. The Memoirs of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
05. The Hound of the Baskervilles - Sir Arthur Conan Doyle
06. Rework - 37 signals
07. The Toilet Paper Entrepreneur - Mike Michalowicz
08. The Old Man and the Sea - Ernest Hemingway
09. Musashi - Eiji Yoshikawa
10.The Art of Manliness - Manvotionals: Timeless Wisdom and Advice on Living the 7 Manly Virtues - Brett McKay
11.Spice and Wolf - Isuna Hasekura
12.The Girl with the Dragon Tattoo - Stieg Larsson
13.The Girl Who Played with Fire - Stieg Larsson
14.The Girl Who Kicked the Hornets' Nest - Stieg Larsson
15.Fight Club - Chuck Palahniuk
16.The Great Gatsby - F. Scott Fitzgerald
17.A Princess of Mars - Edgar Rice Burroughs

18.The Fighter - Craig Davidson
Ако ви се допаднала Fight Club шансите се дека и оваа ќе ви се допадне, главниот лик полека од мамино и татино синче станува налик Tyler Durden во своите манијакални борби.

Ми цркна графичката на 19 август, и додека чекав нова до 29 август прочитав 9 книги ^ ^.

19.Harry Potter and the Philosopher's Stone - J. K. Rowling
20.Harry Potter and the Chamber of Secrets - J. K. Rowling
21.Harry Potter and the Prisoner of Azkaban - J. K. Rowling
22.Harry Potter and the Goblet of Fire - J. K. Rowling
23.Harry Potter and the Order of the Phoenix - J. K. Rowling
24.Harry Potter and the Half-Blood Prince - J. K. Rowling
25.Harry Potter and the Deathly Hallows - J. K. Rowling
Ако немате слушнато за Harry Potter, не сте за оваа тема :D.

26.The Gods of Mars - Edgar Rice Burroughs
10 години после дејството од првата книга, John Carter повторно се враќа на Марс за уште една авантура каде ја спасува својата принцеза Dejah Thoris и успат успева да крши лажни религии и да донесе примирје помеѓу разните раси на Марс.

27.The Warlord of Mars - Edgar Rice Burroughs
Дејството е поврзано со претходната книга.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom