Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
01. A Study in Scarlet - Sir Arthur Conan Doyle
02. The Sign of the Four - Sir Arthur Conan Doyle
03. The Adventures of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
04. The Memoirs of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
05. The Hound of the Baskervilles - Sir Arthur Conan Doyle
06. Rework - 37 signals
07. The Toilet Paper Entrepreneur - Mike Michalowicz
08. The Old Man and the Sea - Ernest Hemingway
09. Musashi - Eiji Yoshikawa
10.The Art of Manliness - Manvotionals: Timeless Wisdom and Advice on Living the 7 Manly Virtues - Brett McKay
11.Spice and Wolf - Isuna Hasekura
12.The Girl with the Dragon Tattoo - Stieg Larsson
13.The Girl Who Played with Fire - Stieg Larsson
14.The Girl Who Kicked the Hornets' Nest - Stieg Larsson
15.Fight Club - Chuck Palahniuk
16.The Great Gatsby - F. Scott Fitzgerald
17.A Princess of Mars - Edgar Rice Burroughs
18.The Fighter - Craig Davidson
19.Harry Potter and the Philosopher's Stone - J. K. Rowling
20.Harry Potter and the Chamber of Secrets - J. K. Rowling
21.Harry Potter and the Prisoner of Azkaban - J. K. Rowling
22.Harry Potter and the Goblet of Fire - J. K. Rowling
23.Harry Potter and the Order of the Phoenix - J. K. Rowling
24.Harry Potter and the Half-Blood Prince - J. K. Rowling
25.Harry Potter and the Deathly Hallows - J. K. Rowling
26.The Gods of Mars - Edgar Rice Burroughs
27.The Warlord of Mars - Edgar Rice Burroughs

28.Spice and Wolf 2 - Isuna Hasekura
29.Spice and Wolf 3 - Isuna Hasekura
30.Spice and Wolf 4 - Isuna Hasekura
31.Spice and Wolf 5 - Isuna Hasekura
32.Spice and Wolf 6 - Isuna Hasekura

Lawrence и Holo продолжуваат со своето патување и трговски авантури за голем профит. Следната книга излегува во Декември, а добри вести се што Yenpress одлучиле од следната година да издаваат по 3 книги од серијата наместо доесгашните 2. Јас повеќе би сакал да се барем 4 книги годишно но тоа е тоа.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Абе, па јас забораив дека воопшто постои темава... а поим немам колку сум прочитал од последното пишување овде.... не дека се кој знае колку, ама поим немам....
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Ја заборавив темава... :confused:

Не памтам што се прочитав...

18. Tinker, Tailor, Soldier, Spy - John Le Carre
19. The Honorable Schoolboy - John Le Carre
20. Smiley's People - John Le Carre
21. The Eye of the World - Robert Jordan
22. The Great Hunt - Robert Jordan
23. The Dragon Reborn - Robert Jordan
24. The Shadow Rising - Robert Jordan
25. The Fires of Heaven - Robert Jordan
26. Lord of Chaos - Robert Jordan
27. A Crown of Swords - Robert Jordan
28. The Path of Daggers - Robert Jordan

Мислам дека тоа е се...

Moментално ја читам Winter's Heart, деветтата книга во серијалот Wheel of Time на Jordan .
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Само update на книгите кои ги прочитав досега...
7. One Click - Jeff Bezos and the Rise of Amazon.com - Richard L. Brandt
8. Уметноста на почетокот - Гај Кавасаки
9. Чекор пред сите - Џон Максвел
10. Без оправдување - Брајан Трејси
11. How to win at the sport of business: If I can do it, You can do it - Mark Cuban
12. Eat that frog - Brian Tracy
13. Бакни ја жабата - Брајан Трејси
14. Цели - Брајан Трејси
15. Зошто сакаме и вие да бидете богати - Трамп и Киосаки
16. Accounting made simple - Mike Piper
17. The 100$ startup - Chris Guillebeau
18. Poke the box - Seth Godin
19. Откачена економија (Freakonomics, оваа ја прочитав и на англиски и на српски) - Steven Levitt и Stephen Dubner
20. Суперфрикономија (на српски, Superfreakonomics) - Steven Levitt и Stephen Dubner
 

nameleess

N/a
Член од
9 јануари 2010
Мислења
299
Поени од реакции
25
епа се заборавив кои се` ги прочитав ама од тие што ми идат на памет:

1. Ана Каренина I - Лев Николаевич Толстој
2. Ана Каренина II - Лев Николаевич Толстој
3. Осаменоста на Простите Броеви - Паоло Џордано
4. Смртта на Иван Илич - Лев Николаевич Толстој
5. Миргород - Николај Василевич Гогољ(дали ко една или ко повеќе се рачуна незнам)
6. Невскиот проспект - Николај Василевич Гогољ
7. A Game of Thrones -George R. R. Martin.
8. A Clash of Kings - George R. R. Martin.
9. A Storm of Swords - George R. R. Martin.
10. A Feast for Crows - George R. R. Martin.
11. A Dance with Dragons - George R. R. Martin
12. Cirque du Freak - Darren Shan
13. The Vampire's Assistant - Darren Shan
14. Tunnels of Blood - Darren Shan
15. Vampire Mountain - Darren Shan
16. Trials of Death - Darren Shan
17. The Vampire Prince - Darren Shan
18. Hunters of the Dusk - Darren Shan
19. Allies of the Night - Darren Shan
20. Killers of the Dawn - Darren Shan
21. The Lake of Souls - Darren Shan
22. Lord of the Shadows - Darren Shan
23. Sons of Destiny - Darren Shan
24. The Hunger Games - Suzanne Collins
25. Catching Fire - Suzanne Collins
26. Mockingjay - Suzanne Collins
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
30. Агата Кристи - Harlequin tea set. Ништо посебно.
31. A Game of Thrones - George R.R. Martin

32. A Clash of Kings - George R.R. Martin

33. A Storm of Swords - George R.R. Martin

34. A Feast for Crows - George R.R. Martin

35. A Dance with Dragons - George R.R. Martin
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
21. Gang leader for a day - Sudhir Venkatesh

Најверојатно еден период ќе останам на 21 :)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Ах, Srcee ме претрка и тоа со 5 масивни книги, ццц ќе треба да поработам на случајот овој викенд, како ми тргна со Fifty Shades of Grey може за брзо време да те стасам ^ ^.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
11. Тајните на Белата Куќа, Роналд Кеслер - Сски се наполнив додека ја читав, у пичку матер! Ајјјјј, книгава напаст!

12. Бумбаров мед,Торгни Линдгрен - неверојатна артикулација на грозното, зависноста, омразата, осаменичкиот живот и дрско чачкање со психологијата.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ах, Srcee ме претрка и тоа со 5 масивни книги, ццц ќе треба да поработам на случајот овој викенд, како ми тргна со Fifty Shades of Grey може за брзо време да те стасам ^ ^.
Леле ќути, закржлавев со A song of ice and fire. Да бидам искрена, серијата многу пвеќе ми се допаѓа и книгите ги читав само колку да видам што ќе се случува понатаму. Пет книги по 1000 страници. Сега кога конечно прејдов на нешто друго ваљда за брзо време ќе се зголеми листата :)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Леле ќути, закржлавев со A song of ice and fire. Да бидам искрена, серијата многу пвеќе ми се допаѓа и книгите ги читав само колку да видам што ќе се случува понатаму. Пет книги по 1000 страници. Сега кога конечно прејдов на нешто друго ваљда за брзо време ќе се зголеми листата :)
Хаха, мене ми стојат 5те книги на киндлот, ама не се осмелувам да ги почнам, јас искрено мислев дека се само 4 книги и дека приказната е завршена, кога видов на wiki дека типов нема намера во скоро време да ја заврши ^ ^. Од искуство од читање манга серии што се ongoing преку 20 години, многу, многу ретко почнувам нова серија што не е завршена и комплетно преведена. Истиот принцип го применувам и на романи.

Затоа повеќе фрлам око на постари книги; книги напишани 1850-1950 период. Од понови воглавно читам бестселери кои се отепани од фалење :), и light novels од аниме серии.

Ме изненади Fifty Shades of Grey, гледано како се во еротика жанрот, не очекував 3 книги од по 500 страни, но сепак се интересни, моментално втората ја читам.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
12. Се викам Црвено - Орхан Памук
Среќа што ми е зачуван фолдерот со прочитаните книги од изминатиов период -


13. Кандид - Волтер

Литературно-филозофскиот роман Волтер го објавил под псевдоним и остро го негирал авторството, кога пред повеќе од 2 века ја разбранувал француската јавност. На еден ироничен, луциден и крајно забавен начин, со голема смисла за хумор и критицизам истовремено, е опишана општествената стварност на 18-тиот век, сите противречности и неправди на владеачката класа, свештенството, филозофските, уметнички и научни кругови...
Ликот на наивниот оптимист Кандид предизвикува или симпатии или краен презир, бидејќи наивно верува во добрината и доблеста во светот и кај луѓето, дури и кога ќе се случат и најневеројатни катастрофи и неволји и нему и на сите негови блиски (убиства, кражби, силувања, земјотреси, војни, инквизициски прогони...), а за ова најголема вина има неговиот учител Панглос, преку кој е олицетворена оптимистичката филозофија на Лајбниц (посебно предодредената хармонија) како овој свет е најдобриот од сите можни светови... Најприземјен и најбрутално реален е ликот на Мартин, чија преголема рационалност и претрпени лоши искуства, го водат често и до крајно песимистички погледи...
Извесен период Кандид ќе престојува во Елдорадо, земјата која е опишана како вистинска утопија, наспроти остатокот од светот со крајно дистописки карактер, во кој многу луѓе и без да сакаат се натпреваруваат во тоа кој е најнесреќниот човек од сите...
На крај, малата група несреќници го наоѓа својот мир во практична работа, а Волтер изненадува со ставот дека не напишал пред се‘ сатирично и потсмешливо дело за човековата слабост, туку напротив – хуманистичко со давање добра насока за тоа кон што треба да се стреми човештвото.


14. CITY – Алесандро Барико

Навистина уживав при читањето на оваа прекрасна книга, која започнува со тоа како Шаци Шел го запознава Гулд, кога се решава судбината на Мами Џејн, мајката на стрип херојот Балун Мек. Помеѓу детето гениј и девојката која работи на своето животно дело – еден вестерн, се јавува необична конекција и блискост. Тринаесетгодишниот гениј Гулд е од најраната возраст заплеткан неповратно во образовниот процес, кој очекува од него, ни повеќе, ни помалку туку да биде иден добитник на Нобелова награда, додека е прилично оттуѓен од своите родители, таткото генерал и мајката, која завршила во ментална институција. Околу триесетгодишната Шаци е во слична состојба на емотивна осаменост од големи размери и прилично слаба подлабока емотивна поврзаност со другите луѓе, па така настанува нивното необично зближување.
Замислата на авторот била да наликува делото на еден град, во кој личностите ќе бидат неговите улици, ама и главната градска структура е доста комплексна, неа покрај реалноста на Шаци и Гулд, ја чинат и други две доста значајни градски артерии – првата е онаа на жителите на Клоузингтаун, градот во кој запрело времето кога престанал да работи Дедето, градскиот часовник, после една семејна трагедија од пред повеќе од 3 децении и втората – онаа за познатиот боксер, адвокатскиот син кој мечтае за титулата светски шампион.
Иако хуморот е одличен и повеќе од тоа, ова не е книга која само го релаксира читателот, напротив, ги допира сите наши чувства и буди сочувство кон многу ликови и настани, всушност премногу е комплицирано, да се одреди и најелементарното – за што всушност станува збор, кому му е наменета книгата, која била поентата и главната идеја на авторот, сепак потрагата по овие одговори е субјективна, а се разочарав што светската литературна критика толку неправедно го оценувала негативно ова дело на Барико, барем за мене ќе остане една од најинтересните книги до кои сум дошла воопшто.

15. Тунел – Ернесто Сабато

Книгата има некои 130-тина страници, на кои се сместени 39 поглавја и е право ремек дело и поради нарацијата и поради одличните психолошки профилирања. Уште на самиот старт е објавена фаталната трагедија меѓу двајцата љубовници, сликарот Хуан Пабло Кастел и Марија Ирибарне.
Стартот на оваа љубов е кога Марија ќе биде единствената која ќе ја забележи неговата омилена заднинска сцена или сегмент од една слика на изложбата на Кастел, кој ќе биде восхитен од тоа откритие, па си ветува дека ќе ја сретне и запознае оваа непозната жена, која се појавила толку ненадејно, за да исчезне од неговиот живот. Следи неговото постојано фантазирање за жената, нејзиното идеализирање и поистоветување со себеси, преголемите очекувања и постојаните мисли и проекции, кои навистина ќе кулминираат со вистинска средба на улица, па следат нивните невешти први почетоци, чудните телефонски разговори, романтични прошетки низ повеќе локации на градот, првите мали недоразбирања, водењето љубов во ателјето на Кастел... Се‘ започнува навидум совршено, меѓутоа оваа идила се претвора во прав кошмар, се јавуваат првите лаги, сомнежи, чудни навестувања, еден минат љубовник кој се самоубил и друг потенцијален, љубовта преминува во една изразена опсесија и недвојбено налудничава параноја, зачинета и со оправданата, како што ќе се види, љубомора, надоплнета со очај, анксиозност и манифестацијата на лудилото, која ќе го одведе конечно Кастел кон првонајавениот финиш.
Ова е веројатно една од најдобрите литературни интроспективни психолошки драми кои го опишуваат патот кон човечката психоза. На крај Кастел согледува дека постоел само еден мрачен и осамен тунел – неговиот, иако искрено верувал дека неговиот тунел и оној на Марија се движеле долго време паралелно, со предодреденост да се сретнат и спојат во иднина . Едвај чекам да ги прочитам и останатите дела на Сабато, За јунаците и гробовите и Абадон – Ангелот на уништувањето.

16. Степскиот волк - Херман Хесе

Иако ја имам читано оваа книга одамна, решив да го освежам сопственото сеќавање и да видам дали ќе ја доживеам на подруг начин, така открив дека ми било и потребно да ја прочитам токму во овој период повторно... Добро е понекогаш повторното судрување со добро познатото сознание дека сите сме понекогаш конфузни и потполно исто осамени степски волци, меѓутоа секогаш имаме и доволно добри други причини да бидеме рационални емотивни живи битија...
Главниот јунак на романот, Хари Халер, е околу педесетгодишен интелектуалец, кој со години живее изолирано и осамено (прав архетип на осамен и неприлагоден индивидуалист) како потстанар во чистите и честити куќи на граѓанскиот сталеж, кон кој има изразено чувство на презир, меѓутоа е и сентиментално врзан за истиот, бидејќи му буди спомени за неговиот дом и семејство. На почеток животот на Хари ни изгледа прилично здодевно и заморно фрлен во очајот на рутината, кога не се опива со евтино селско елзашко вино во едно локално кафанче, обично е задлабочен во некоја од купиштата книги, расфрлани хаотично низ неговата соба, кои и не му даваат ни приближен одговор за безначајноста на животот, со која се соочува, ни одговор на тоа како да се бори против празнината во себеси, скоро и нема социјален живот, а и со неговата партнерка со која се гледа на неколку месеци, ретките средби ги користи за да дојде до конфликт меѓу нив, а зад себе има и пропаднат брак, што го доведува до горчината на сознанието за недоволноста и несовршеноста на љубовта...
Сето ова ќе се смени кога Хари ќе ја запознае полната со живот и полет Хермина, во онаа ноќ кога ќе е решен да му стави крај на својот живот и започнува сосема нов тек, следи неговата посета на Магичниот театар – само за лудаци, каде ќе дојде до спознанието како да се ослободи човековата душа од сопствениот терет и како повеќеслојноста на нашите личности е многу повеќе од една биполарност меѓу рациото и нагонскиот дел, кој го симболизира степскиот волк и најзначајно од се‘ ќе научи како да ја извојува битката со самиот себе, ама не откривам, нека заинтересираниот самиот дојде до одговорот, а Гете и Моцарт и еден весел саксофонист ќе го водат по тој пат...
--- надополнето: 8 октомври 2012 во 21:12 ---
Продолжение -


17. Срцето на темнината – Џозеф Конрад

Станува збор за краток роман, но прилично моќен по својата содржина и пораки упатени кон читателот, но сепак нишката на дејството и настаните се мрачни и насловот го доловува буквално концептот. Нашиот наратор – Марлоу, ќе ни ја долови доста успешно сликата на темнината на африканската дивина, темнината на европската колонизација и теророт врз локалното население во име на империјализмот и темнината во самиот човек или неговата мрачна страна. Целта на екипажот на речниот параброд, чиј капетан е Марлоу е да ги земе со себе слоновата коска и Курц, легендарниот најуспешен агент на компанијата, чие име се провлекува насекаде, независно дали во контекст има восхит или завист, меѓутоа сеприсутна е и извесна доза мистериозност околу неговата личност.

Ако не е доволно интригирачки фактот што ќе го предизвика еден човек на умирање да извика ,,Ужас! Ужас!,, , тогаш верувам дека ќе е дополнителен стимул напомената дека култниот филм ,,Апокалипса сега,, е снимен врз основа на ова маестрално дело од 19-тиот век.

18. Златниот павилјон – Јукио Мишима

Навидум ова е книга со релативно малку настани и ликови, но тоа не ја прави воопшто досадна. Централно место зазема опсесијата кон убавината, која ќе доведе до целосно растројство на еден млад човек. Многу ги ценам авторите кои успеваат да го доближат до читателот целосниот мисловен и емотивен склоп на еден замрачен ум, способен за деструктивни дела, на начин донекаде да се разбере, иако без можност да се оправда...

Мизогучи, главниот лик е син на сиромашен рурален зен свештеник, кој уште од мали нозе му ја всадува идејата за неспоредливата убавина на Златниот павилјон, со ништо на овој свет. Детето кое има говорна маана и помни еден ужасен семеен настан, се оддава со целото битие кон идеалот на убавината на градбата. Меѓутоа истата таа убавина, издигната на ниво на култ, ќе го спречи да ги доживува обичните, земни убавини на вистински начин, вклучувајќи ги и оние со спротивниот пол... Интересен е и неговиот однос кон Кашиваги, кој исто така има телесен хендикеп и е син на свештеник, меѓутоа поинаку се поиставува кон светот и луѓето околу себе, исто така и разобличувањето на вистинскта душевна состојба на навидум ведриот Цурукава... Крајот ни открива што ќе се изроди од една нездрава опсесија...

Еве еден цитат од делото –

...И така, со една единствена реченица можам да ја дефинирам големата заблуда во врска со ,,љубовта,, на овој свет. Тоа е настојувањето реланоста да се спои со привидот. На крај сфатив дека моето убедување – дека никогаш нема да можам да бидам сакан – само по себе е основната состојба на човечкото постоење. И така ја изгубив својата невиност...


19. Записи од подземјето – Ф.М. Достоевски

Делата на Достоевски ја имаат таа карактеристика да е особено тешко да се искаже за што точно станува збор во истите, а во овој случај тоа се чини уште дополнително отежнато...

Книгата започнува со овој трогателен опис на нараторот за себеси –

...Јас сум болен човек... Зол. Несимпатичен...

Нараторот е четириесетгодишник, кој е искучително образован и хиперсензитивен, меѓутоа иако навидум целосно се изолира себеси и ужива во својата асоцијалност и интровертност, пак дозволува да биде понижуван и презиран од оние кои ги презира и самиот, а за што? За добивање на признание за сопствената големина и супериорност, кое постојано му завршува со катастрофален неуспех... Кулминацијата на неговите фрустрации и нереализираност ќе биде брутално исфрлена врз беспомошна личност. Сето ова сведочи за неговата немоќ во остварувањето на нормална човечка интеракција и покрај целата големина на умот и јачина на чувствата. Всушност и овде ја имаме матрицата на литературниот антијунак, кој преку други ликови и и кај други автори, има огромно значење за светската литература.

Иако има нешто повеќе од 100-тина страни, воопшто не е лесно четиво. Многу ми се допадна тоа што нашите чувства и дела се прикажани како резултат на илузија и инерција и напомената дека задача на секој паметен човек е дрдорењето или претурањето од шупливо во празно.

Ја прочитав и Триумфалната капија на Ремарк, ама треба да напишам некоја реченица за истата, а Војна и мир, која ја читам паралелно со другите книги веќе 5 месеци, ја приведувам кон крај конечно деновиве...
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
17. Неподносливата леснотија на постоењето - Кундера
18. Осаменоста на простите броеви - Паоло Џордано
19. Дамата и еднорогот - Трејси Шевалие
20. Алеф - Пауло Коељо
21. Времето на лалиљата - Дебора Могах
22. Carry me down - Mary J Hyland
23. Заедно - Џоди Пико
24. Пламен сјај - Трејси Шевалие
25. Раскажи ми ги соништата - Сидни Шелдон
26. Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон
27. Reigen - Arthur Schnitzler
28. Се плашиш ли од темница? - Сидни Шелдон
29. Жената на патникот низ времето - Одри Нифенегер
30. Кога Ниче плачеше
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom