Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
20. Мери Хигинс Кларк - Синдромот Анастасија и други приказни
Две работи ме привлекоа кон книгава. Прво - ја имам читано Крик во ноќта од истата писателка и ми се има допаднато. Друго, ме интересира кралското семејство Романови од Русија.
Книгава е збир на неколку приказни. Првата "Синдромот Анастасија" е троа подолга, зафаќа пола книга.
Мене лично книгава воопшто не ми се бендиса. Првата приказна е глупост. Останатите се разочарувачки. Во нив нема никакво изненадување. Знаеш дека ќе има среќен крај, сосема предвидливи. Содржината е глупава. Целокупно, книгава е разочарувачка.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1 и 1/2. Вегетатијански начин на живот - Роланд Цурер и Армин Ризи
2 и1/2. Конечно ја прочитав биографијата на Прабхупада. Духовен учител, филозоф, верски водач, светец уај ноат. Книгава ја читав со подзината уста, пошо се соочуваш со човек кој те соборува со својата силна решителност, автентична понизност и длабока духовност. Сфаќајќи го хаосот на современата цивилизација, решава на 69 години да го премине Атлантикот, со само 40-на долари, на товарен брод, преживувајќи два срцеви удара, да стигне во ветената земја Америка и таму да ги оживее духовните вредности наспроти материјализмот и потрошувачкиот дух кој владеат со денешново општество. Не, батали религија, батали све. Мене ме запрепастува и неговата моќ со која успеал да ги преобрази џанкерски настроените хипици во интелигентни луѓе кои ја разбираат духовната смисла на животот и уште повеќе да ги поучуваат другите. Секад ми се дешава покрај главната приказна на книгата да си најдам некој момент кој ќе го паметам цел живот. "На смртта се толку исти и Индијци и Пакистанци" - е фразата која ќе ме замисли и која ќе ја паметам цел живот.

Батево го одбележа крајот на минатиот, али со подеднаква страст за него се збори и во овој милениум.

Прочитајте ја!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Враќање, наука за реинкарнација - Врз основа на учењата на Шри Шримад
.
1 и 1/2. Вегетатијански начин на живот - Роланд Цурер и Армин Ризи
2 и1/2. Биографијата на Прабхупада.
3 и 1/2. Годините поминуваат, денот никогаш - автобиографијата на Жарко Лаушевич

Ја прочитав во еден здив, при тоа фаќајќи се себе си како многу пати се навраќам на неговата слика, размислувајќи за неговата судбина. Пазете, ова е толку брутална интимна исповед во која толку многу го чувстувував неговиот збор, неговиот здив, неговиот " грев ", неговото само измачување, неговата болка, неговото покајување, неговото достоинство, неговото човечко спознавање, шо многу пати се навратив да ги препрочитам неговите реченици за да ги понесам и задржам во себе.


Зоран Амар како предговор ќе напише:

" Пред вас е првата книга на Жарко Лаушевич. Во неа Жарко е и учесник и писател и проповедник на сопствениот грев и патiлец од сопствената казна, и двоен убиец и затвореник, и маж и татко, и брат и син. Книгата е тешка, точна, болна, остра. Неповторлива. Искрена."

Уствари еве го самиот он :

Mora biti da smo nešto teško zgrešili sva trojica. I njih dvojica, i ja, pa nas je Bog tako sastavio 31. jula '93. Da njih kazni mojom rukom. Mene njihovim glavama

Bol

Nisam izgovorio svoju završnu reč na ovom poslednjem suđenju. A hteo sam ponovo da kažem tim unesrećenim porodicama da shvate, ako mogu, koliko sam svestan zla koje sam im naneo, tragedije koju su doživeli i koju preživljavaju. Ali, sve moje reči, svi napori drugih ljudi i samog suda, ostajali su bez razumevanja i prihvatanja.
Znam da bol ne čuje, ali od mene ne bi bilo srećnijeg čoveka na kugli zemaljskoj da se to nije desilo, da sam mogao drugačije. Da sam mogao da pucam u noge, da sam mogao da ne pucam uopšte. Ali, nisam umeo, ni smeo. Da jesam, koliko bi mi lakša zora bila.
Odlučio sam da se sklonim, da ustupim vremenu prolaz, ako će to nešto značiti nesrećnicima koji su ostali bez svoje dece. Došao sam da ispoštujem odluku suda, i doći ću opet, ma gde bio.

Tragedija glumačkog poziva je što sve od iskona pronalazi u njemu nešto histrionsko, lakrdijaško. I kad se glumcu dogodi ono što se dogodilo meni, onda sve to ima drugu boju. Onda je to uradio glumac. I kad čujem tu reč bez imena i prezimena, uvek osetim mučninu.

Duša

Ima ona latinska poslovica koja, otprilike, glasi: Bože, učini da budem nepoznat. Kako je blažena anonimnost, kako je lepo biti nepoznat. Znam da to danas čudno zvuči, jer valjda svaki glumac počne da se bavi ovim poslom da bi bio slavan. Nikada pre 31. jula '93. nisam razmišljao o tome i nikada nisam bio u situaciji da priželjkujem te prednosti potpuno nepoznate osobe: biti sam, ići ulicom i moći gledati druge ljude, a da ne otkriješ prepoznavanje u njihovim očima.

Napuštam li glumu? Ne znam, nema tu više nikakve radosti. Sećam se samo jednog časa književnosti iz 1976. kada sam prvi put poželeo da se bavim tim zanatom. Imao sam tada 16 godina. To je zapravo bila želja da budem neko drugi. I danas opet želim: što nisam neko drugi. Što nisam slikar, pa da ne moram da stojim pored svoje slike. A glumac je sam slika.

Jeste, slikao sam po nešto u zatvoru. Leonardo je to lepo objasnio. Kad si sam, onda si sasvim svoj, kad si sa još jednim čovekom onda si napola svoj, i što je više ljudi sve si manje svoj. Može li se shvatiti koliko je glumac svoj kada je sa toliko ljudi? Pripadnici nekih afričkih plemena ne dozvoljavaju da ih iko fotografiše, jer veruju da im to uzima dušu.

Koliko se duše samo uzima glumcima?

Oprost

Ne znam, ne mislim da je nešto mnogo važno hoću li glumiti ili nameštati parket. Neće se ništa dogoditi ako ne budem radio svoj posao. Umetnost ne čini svet boljim. To je najveća zabluda umetnika.
Jesam, pokušavao sam da sinu objasnim šta se dogodilo te noći. Ja nisam samo otac koji treba da mu olakša muku sazrevanja, već i muku koju sam mu ja natovario. I da ga molim da mi oprosti.
Od oštećenih ne tražim da mi oproste. Znam da to ne mogu, jer ja sam sebi ne opraštam. Samo Bog to može.
Njihovo je pravo da mrze, moje pravo da se kajem što ne mogoh drugačije. U crkvi uvek upalim tri sveće. Za oca i njih dvojicu. Ako sam grešan što ovo rekoh, grešan sam i prema ocu.
Mora biti da smo nešto teško zgrešili sva trojica. I njih dvojica, i ja, pa nas je bog tako sastavio 31. jula '93. Da njih kazni mojom rukom. Mene njihovim glavama.

Мене душата ме болеше додека го читав. Се надевам дека Господ ќе му даде прошка и мир на овој голем човек и голем актер, па која и да е вистината.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Враќање, наука за реинкарнација - Врз основа на учењата на Шри Шримад
1 и 1/2. Вегетатијански начин на живот - Роланд Цурер и Армин Ризи
2 и1/2. Биографијата на Прабхупада
3 и 1/2. Годините поминуваат, денот никогаш - автобиографијата на Жарко Лаушевич

4 и 1/2. Вишновата градина - Антон Павлович Чехов

Мислам нели некако е излишен било кој коментар кога станува збор за Чехов. Чехов е голем љубител на човекот и тоа дише во целото негово творештво. Најотворено го изнесува својот став и во книгава дека само трудот и работата се вистински вредности и само тие може да го направат човекот - човек. Чехов ја сака и природата и неговата вишнова градина ја симболизира (не)минливоста на времето и довербата во трајноста на животот. Некаде прочитав дека уствари вишновата градина го опишува неговиот живот. Имено неговата мајка била измамена од некои градежни работници, поради што западнала во големи долгови. Еден нивни потстанар ќе се понуди и ќе ја купи тајно куќата за себе. Чехов исто така бил многу погоден од уништувањето на неговата вишнова градина која ја направил на еден селски имот во Москва. Чехов инсистирал книгава да се нарекува комедија и многу се лутел кога ја нарекувале драма. Но режисерите и актерите ја доживувале како драма, дури и како трагедија. Трагедија на рускиот народ.

Брзо се чита, а за Чехов секогаш вреди да се одвои време.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Јас го гледам како предизвик, бидејќи 40 книги бара големо жртвување на време и труд. Мене секоја пречка ми е предизвик да ја прескокнам.
Да ќе уживам во читањето но да најдеш време во вакво "брзо" време на живеење за да прочиташ 40 книги е предизвик.
Ова е шанса да си поставиш цел и да го замениш времето поминувајќи го на фејсбук стискајќи рефреш на секои 15 секунди во нешто продуктивно. Да гледаш да го искористиш секој фрагмент од времето на ефикасен начин.
Во право си за ова.
Ќе го прифатам предизвиков но во модификувана форма. Не ми целта толку да прочитам 40 книги колку што ми е да створам навика за читање. Подобро тоа отколку серии, игри, фејсбук....
Ќе читам пола саат до саат, зависно од расположение, секој ден и до крај на годинва, колку прочитам -прочитам. Ќе читам повеќе стручна литература и self-help и слични ствари, така да нема да пишувам рецензии.
И така, почнувам од утре со Getting things done на David Allen, а сега право на спиење :sleep::sleep::sleep:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Враќање, наука за реинкарнација - Врз основа на учењата на Шри Шримад
1 и 1/2. Вегетатијански начин на живот - Роланд Цурер и Армин Ризи
2 и1/2. Биографијата на Прабхупада
3 и 1/2. Годините поминуваат, денот никогаш - автобиографијата на Жарко Лаушевич

4 и 1/2. Вишновата градина - Антон Павлович Чехов .
5 и1/2. Враќање на ударот (Минхен1972) - Арон Џ. Клајн

Книга за масакрот на минхенската олимпијада во 1972 г. и смртоносниот одговор на Израел. Не се осеќав ниту удобно, ниту убаво во мојот човечки облик додека ја читав. Еве од тука и од мене нека се покрене " Човековата глупологија " како научна дисциплина.:(
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.849
Јас досега имам 10 по 500 страни, Казнено право, административно право, применета економика, трудово право, политички систем, меѓународно право и слично......
Радо би читал, но немам време, ради чудава погоре.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Јас досега имам 10 по 500 страни, Казнено право, административно право, применета економика, трудово право, политички систем, меѓународно право и слично......
Радо би читал, но немам време, ради чудава погоре.
Книгата по трудово право е 300 страни, зашто лажеш :D
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Враќање, наука за реинкарнација - Врз основа на учењата на Шри Шримад
1 и 1/2. Вегетатијански начин на живот - Роланд Цурер и Армин Ризи
2 и1/2. Биографијата на Прабхупада
3 и 1/2. Годините поминуваат, денот никогаш - автобиографијата на Жарко Лаушевич
4 и 1/2. Вишновата градина - Антон Павлович Чехов .
5 и1/2. Враќање на ударот (Минхен1972) - Арон Џ. Клајн
6 и1/2 . Јас, кралицата од Саба - Мишел Кан

Најверојатно еден од подобрите обиди за доловувување на легендарната кралица од Саба. Бесрамна глорификација на нејзината мудрост и убавина од страна на самиот Соломон, сето тоа испреплетено со моменти од Библијата и сегменти од најразлични легенди.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.620
1. Човекот и неговите симболи - К.Г.Јунг.
2. Препород на Магиката (и други есеи) - Алистер Кроули.
3.Гозба или За Љубовта, Федар или За Убавината - Платон.
4. Трансцендентална Магија - Елифас Леви.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
21. Сидни Шелдон - Странец во огледалото

22. Сидни Шелдон - Другата страна на полноќта

23. Сидни Шелдон - Бес на ангелите

Сидни Шелдон си има една шема и секогаш се води по неа. Значи во секоја негова книга главен лик е некоја девојка од која на сите им застанува здивот. Преубава, препаметна, безмилосна. Таа девојка на почетокот нема ништо, а подоцна има се.

Книгите се супер, невидени трилери. Ама порано кога ги читав, навивав за главните ликови, а сега сум против.

И друго, книгите му имаат дупки.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
24. Сидни Шелдон - Кажи ми ги твоите соништа

25. Сидни Шелдон - Ѕвездите сјаат

Стандард.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Книга бр. 12 Исповед од харемот - Бранко Миленковоќ

Вистинска приказна за една белграѓанка која ќе биде излажена од двајца странци да работи во бутик во Рим, а всушност ќе биде однесена во харем во Дубаи. Таму треба да остане 4 години ветувајќи и дека потоа ќе биде слободна. Но... работите не течат секогаш според планот... Многу убава книга, се чита во еден здив, ја препорачувам.
ПС. Девојки... не зборувајте со непознати :P

Книга бр. 13 Возвишената убавина на непознатото - Инду Сундаресан

Восхитена од Дваесетата сопруга и Празникот на розите од истоимената авторка, многу се израдував кога ја видов книгата слободна во библиотеката. Тотално разочарување. Не ми се допадна. Не е тоа што очекував.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Враќање, наука за реинкарнација - Врз основа на учењата на Шри Шримад
1 и 1/2. Вегетатијански начин на живот - Роланд Цурер и Армин Ризи
2 и1/2. Биографијата на Прабхупада
3 и 1/2. Годините поминуваат, денот никогаш - автобиографијата на Жарко Лаушевич
4 и 1/2. Вишновата градина - Антон Павлович Чехов .
5 и1/2. Враќање на ударот (Минхен1972) - Арон Џ. Клајн
6 и1/2 . Јас, кралицата од Саба - Мишел Кан
7. Ти ибам штркот - Зоран Спасов
Бед инглиш - Дарко Митревски

Ќе си ги рачунам двете ко половинка. Како што вели и самиот Дарко: читајте ако немате попаметна работа:) " Бед Инглиш” е како кафански муабет со луѓето со коишто повеќе не делам кафеана.​
Така и ги доживеав и двете. Баш лимонатки, совршени за тепање на времето (да речеме на одмор). Немаат некоја уметничка вредност овие книги, обичен серџиски муабет типичен за Балканот.​
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Враќање, наука за реинкарнација - Врз основа на учењата на Шри Шримад
1 и 1/2. Вегетатијански начин на живот - Роланд Цурер и Армин Ризи
2 и1/2. Биографијата на Прабхупада
3 и 1/2. Годините поминуваат, денот никогаш - автобиографијата на Жарко Лаушевич
4 и 1/2. Вишновата градина - Антон Павлович Чехов .
5 и1/2. Враќање на ударот (Минхен1972) - Арон Џ. Клајн

7. Ти ибам штркот - Зоран Спасов
Бед инглиш - Дарко Митревски
8. Кочо Солев Рацин - Сеќавања на современиците

Не знам дали ви е познато она чувство кога треба да напишете или кажете нешто за некој голем човек, а некако како да немате доволен фонд на зборови, прецизни и конкретни мисли, недостиг на чувства за да ја изреализирате својата воодушевеност од истиот. Во "Кочо Солев Рацин - Сеќавања на современиците" се соочив со големината на Рацин и уште сум под импресии така што се фрлив на (најверојатно) ненаситно истражување на неговиот лик и дело. Грандиозен, неповторлив, скромен човек...

Прочитајте ја обавезно!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom