L
.Lost Angel.
Гостин
Вака бидејќи видов на интернет каде што луѓето со прекумерна тежина мораат да платат Авиобилет x2 бидејќи нели не ги собира во едно седиште? што мислите според вас дали треба да има посебни места за луѓето со прекумерна тежина или сепак нормално е да се плати билет x2 еве еден пример:
Предебела си да леташ – навредена жена ја тужи авионската компанија
Предебела си да леташ – навредена жена ја тужи авионската компанија
Кенли Тигеман била еднаш навредена во мај лани од продавачот на билети за авио компанијата „ Southwest Airlines“ со забелешката дека е предебела да лета. Кога истото и се случило во ноември, решила да тужи – јави NBC News.
Кенли е политички стратег и блогер од Њу Орлеанс. Таа вели дека не тужи за да добие пари, туку да ја принуди компанијата да престане со „дискриминирачката политика на избирање на корисници според бројот на облека“.
Според правилата на компанијата, секој што не може да се собере во едно седиште во авионот мора да плати два билети!
Првиот пат кога на Кенли и на нејзината мајка им било речено дека се предебели да летаат, таа го сврте вниманието на јавноста со своите блогови, компанијата се извини а парите за билет им биле вратени. Вториот пат, во ноември, според блогот на Кенли, вработениот во авио компанијата и рекол – па погледни се, се гледа дека ти требаат два билети!
И се извинувам поради грешката во анкетата !!!