Проблемот со дебелината на некои луѓе не е толку во нивната килажа, колку што е во нивното однесување. Не се работи за дискриминација (ако сакам да се возам во бизнис класа, ама немам пари да платам и не ме пуштат, дали и тоа е дискриминација? Да тужам?). Се работи за заземање на просторот наменет за други патници кои си платиле билет, како и за планираниот профит на авио-компанијата.
Секој треба да биде свесен дека 130+ килограми не можат да се сместат во седиште предвидено за вообичаена тежина. Не е решението во пошироки седишта. Тие луѓе си имаат потреба и од покомотен тоалет (во авионите). Ако сака да лета, да се вози, ќе си плати. Ако тежи за тројца, би требало да плати барем за двајца.
Во автобусиве, во возовите кај нас, одамна работите се отидени упм. Ајде што се качуваат подебели, ќе ги истрпиме, ама покрај нив си влегуваат и луѓе кои со себе влечаат се` и сешто: точаци, скали, кутии, вреќи компири за да ги продаваат на пазар, телевизори и сл.