Од кога волјата е сопственост на телема?
Нема закон над оние кои се излезени од времето , со прифаќање закони може да врзуваш други!
Во контекс на темата, бидејќи ти шеташ по адот и се искачуваш на небото, и се поставуваш на форумов како духовен познавач,текстов како за тебе да зборува.
Трета книга Ездра
„Пратен сум да ти покажам три пата и да ти покажам три проблеми.
4. Ако ми решиш еден од нив, тогаш јас ќе ти го покажам патот што сакаш да го видиш и ќе те научам од каде произлегло лукавото срце.
5. Тогаш јас му реков: „Говори, Господару!»» А тој ми рече: „Појди и иземри ја тежината на огнот или измери го дувањето на ветерот или врати ми го денот што веќе изминал.
6. Јас одговорив: „Кој човек може да го направи тоа што го бараш од мене?
7. А тој ми рече: „Ако би те прашал колку живеалишта има во срцето на морето или колку извори има на почеткот од бездната, или колку жили има над небескиот свод и какви се влезовите на Ад,
8. ти можеби ќе ми одговориш: во бездната не сум слегувал, ниту во Адот, а и на небото никогаш не сум се искачил.
( хепта шетал , тој знае)
9. А сега те прашав само за огнот, ветрот и денот што си ги преживеал, без што не можеш, а ти и на тоа не ми одговори.”
10. Потоа ми рече: „Ти не можеш да го познаеш ни она што е твое и што било со тебе уште од твојата младост,
11. како тогаш твојот сад би можел да го смести во себеси патот на Севишниот и во овој видлив расипан свет - да ја разбере расипаноста, која е видлива само за мене?
Од каде произлегува лукавото срце?
П.с. погрешно или правилно толкување не си ти тој што треба да кажува, од проста причина што следиш одредена филозофија,па секојпат нештата ќе ги гледаш преку призмата на филозофијата која си ја одбрал. Кога ќе бидеш ослободен од сите догми, филозофски правци и најважно ослободен од времето тогаш може да кажеш дека е правилно или не.
Ако примети толкувањето е во контекс на човек, објаснето со едноставни и разбирливи зборови, без хебрејски букви, планети,скриени значења на поими..без да условувам посети до линкови, читање книги.
Најголемо знаење се стекнува кога човек научи да чита од себеси внатрешно.