2. Даниил
37. Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,
38. и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите ѕверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, – ти си таа златна глава.
39. По тебе ќе се крене друго царство, помало од твоето, а и трето царство, бакарно, ќе владее над целата земја.
40. А четвртото царство ќе биде цврсто како железо; оти како што железото троши и дроби сè, така и тоа железо што крши сè, ќе дроби и ќе уништува.
41. А тоа што си ги видел нозете и прстите на нозете направени дел од грнчарска глина и дел од железо, тоа царство ќе биде разделено и во него ќе остане само нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел железо, измешано со грнчарска глина.
42. И како што прстите на нозете беа дел од железо, а дел од глина, така и царството ќе биде делум силно, а делум слабо.
43. А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа значи дека тие преку човечкото семе ќе се измешаат, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не е слеано со глината.
44. И во деновите на тие царства небесниот Бог ќе подиегне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно.
45. Бидејќи ти виде дека каменот што падна од планината сам, го раздроби железото, бакарот, глината, среброто и златото. Великот Бог му даде на царот да разбере што ќе се случи потоа. И верен е тој сон и точно е неговото толкување!”
Уште еден цитат/текст кој зборува за човек со сите негови промени кои ги доживува на земјата, искажани и гледани од страна.
Периодите кои се наведени како царства при што на секое царство му се дава особина и вредност според метал.
Првото царство - златна глава, период од човековото постоење кога се раѓа - бебе, тогаш живее златен период, чуван и негуван од своите родители , живее како цар!
По него иде сребрено царство, кога го осознава светот околу себе, детството е прекрасно , без никакви грижи.
После доаѓа бакарното царство, медовен/ сладок период од човековото постоење, осознавање на емитивните чуства, првата симпатија, првата љубов , тинејџерскиот период е навистина сладог.
По него доаѓа железниот период, силата и цврстнината со кои се преокупирани младите, црсти и силни тие дробат се пред себе.
На крајот е царството од железо и глина кое ќе се помешаат со човечко семе , но нема да се слеат едно во друго.Со еден збор тоа е бракот помеѓу маж и жена, делумно јако , делумно слабо..оние што се женети ќе разберат.
Во деновите на тоа царство ќе се подигне царство кое ќе го сруши идолот , човековите промени преставени во еден лик од бебе до старец.
Тоа е она царство кое не е преставено како дел од идолот, периодот кога човекот е во утробата на жената.Тоа е во светот , но не е од светот.
Тоа царство ќе ја прекрие земјата, метафорична помисла дека, возможно е човек да постигне повторно раѓање, прескокнувајќи ја бездната и го надмине/сруши идолот.
Имаше едно слично прашање до Исус, дали може да се врати човек во утобата на мајката и повторно да се роди!
Се е внатре во човек, секоја промена,секоја емоција, да се разделат и секоја поединечно да се анализираат, да им се даде метафорично својство според нивната какрактеристика, многу полесно духовните приказни ќе се толкуваат.