Грозно беше, ме наместија. Бев на летување со моите и умирав од досада. Другарка ми шо ја упознав претходниот ден се смува со некој си дечко таму, а мене ме оставија со другар му, и он остатокот од вечерта ме убедуваше дека редот бил и ние да се смуваме. У еден момент ме фати на препад во тесно и ме пољуби, пробав да се тргнам; он ме фати за рамења, ја целата распаметена инстиктивно му мавнав лакт у стомак и киднав у соба. Миев заби 15 минути. Следните 3 дена, до крајот на одморот не излегов од соба од страв дека ќе го сретнам. Следните 2 години ни дечко ни мечко ни машко нејќев да видам. Трауми. Сега ми е смешно, тогаш ми беше страшно.