Прва љубов

Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Првата љубов, уште трае ..ама врската, не ..
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.698
Поени од реакции
4.452
На темава можам да кажам само јас кога бев петто одделение уште мислев дека девојчињата имаат вошки :pos::pos::pos:

Он: Никогаш не сум се затрескал така да не можам да кажам некоја срце-кршителна приказна за првата љубов.
 
B

babsyy

Гостин
Првата љубов ми беше едно палаво детиште, со сјајно плава коса, филмски осмех, и најмеки и најтопли раце. Го сакав од 6то одделение, а ме освои дента кога го гледав како игра фудбал на нашето игралиште.
Се слушавме со саати на телефон "те сакам", "ама јас те сакам повеќе" "не, не повеќе од мене" :) си делевме детски бакнежи, а кога ќе ми ги фатеше рачињата се осеќав како да ќе полетам. Немавме врска зошто сметав дека сме мали, па во прва година кога си фати девојка комшиите ги кренав на нозе од плачење.
Ми важеше за воџа на "мангупството", се качуваше по коли, крадеше сладоледи од трафики за мене, дуваше, абе филм ми беше. Демек забранети работи праевме, а за мене беше штосното лошо момче од улицата. :)
Убави детски времиња беа тоа, ден денес ме смее неговото лице, пошто тие први слатки клокотења во стомачето не се забораваат... :)
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940

Дефинитивно како на песнава скроз исто како во песната на Балашевиќ
 

Red Widow

vintage soul
Член од
17 мај 2013
Мислења
101
Поени од реакции
163
Првата љубов сеуште ја немам преболено , и кога и да го видам случајно некаде нозе ми се тресат! Он беше постар од мене ја дете зелено .... едно 3-4 месец си се гледавме , смешкавме и сл. пред нешто и воопшто да се случи меѓу нас . Се што чуствував пред да бидеме заедно се дуплираше откако бевме веќе заедно . За жал кратко траеше , поминаа години а јас сеуште не можам да го заборавам , сеуште ги имам пеперутките во стомак!
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Првата љубов,а може и најголемата,денеска прави свадба.Да пријатели денес ќе се омажи со љубовта на нејзиниот живот.Ајде може ќе ме памти бар по нешто добро.

Иначе после толку време решив да ја побарам на фб,да ја додадам да видам што прави,до каде е со животот. И гледам опа-Свадба!
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Па детските замисли и првата љубов ми се јавија некаде накај 6то-7мо одделение и ми траеја до прва година средно.
Убава женска беше за тоа време што да правам си ја засакав. Знаеше да се облака, имаше паметни размислувања за тоа време, и многу си бевме блиски и поминувавме доста време заедно :D
После се претвори во размазена шмизла и и се оформи полека но сигурно тој расипнички карактер и кренатост кои ме извадија од такт.
Нити контактирам, нити сум се видел со неа со години, а нити пак сакам да ја видам.
Остана само едно сеќавање од детските глупости кои ги правев за неа. Смешно е човек да се присети какви лудории правел дур бил детиште:pos:. Воедно, фала му на Бог што исчезна од мојот живот на време. Кој ќе ја трпеше денеска...само убавината и остана. Се останато што она поседува е спротивно на она што јас го барам кај едно женско :D
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
На 16-17 години...Убаво сеќавање во секој случај...
Се немаме видено од тогаш....и незнам што прави и каде е ...а и не сакам ни да знам:)
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
4
Поени од реакции
2
Ехх мојата прва љубов ... Беше во седмо одделение, идевме 3ипол години и бевме мнооооогу заљубени, барем тогаш :) Се разделивме зашо тој отиде во Америка размена на средношколци, се обидовме на комуницираме додека беше таму, ама тешко идеше, знаете врска на далечина, не иде. Тој таму започна врска со Американка, се скаравме, разделивме. По некој месец и јас си фатив дечко па која ТОЈ си дојде од Америка јас бев во врска... По една година почна пак да ме бара, почнавме да се гледаме, ама кога-како, не беше веќе тоа тоа. Ете, сум се вљубила, сум сакала, имав уште една долга сериозна врска... Ама никогаш не беше такво чувство, таа првата љубов останува. Јас вечно ќе ја паметам, некогаш со солзи, некогаш со насмевка. :))
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Првата љубов ми беше на 8 години :D Типот беше (и уште е де) постар од мене 2 години. Одеше во истото основно школо и живееше на помалку од 5 мин од мене :D Можев да му ја видам зградата од кај мене од соба. И дури и си најдов најдобра другарка што живееше кај него во зграда а беше во одделение со мене. И секој ден му бев пред зграда. И само преку другарка ми комунициравме :icon_lol: Многу бев срамежлива. И знам дека многу го напињав да ме баци :icon_lol: И памтам една вечер се шетавме фатени за рака и ми објаснуваше зашто неможел. Везе неам што ми кажа, сто посто едвај сум го слушала од чукањето на срцето мое :pos: Знам дека и дома му бев на гости. Неговите многу ме сакаа :D Имаше 2 мачки. И јас најдов разгледница која имаше на слика мачки многу слични на неговите и уште ја имам негде по дома. Наредната година беше во друга смена и многу ретко го гледав. После тоа се пресели во Аеродром и многу бев тажна :D Го гледав чат пат кога ќе дојдеше да си ги види другарите и срцето секогаш ми чукаше ко ненормално. И секогаш имаше онаква шмекерска насмевка. И секогаш само ми кимнуваше. Мајка ми еднаш се видела со мајка му на забар, некоја година откако се преселија и броеви си размениле. Никогаш не му се јавив, нормално :icon_lol: Немав храброст.
И едно време го снема. Не го гледав веќе. Ваљда и подзаборавив на него. И оп, ете го на hi5 тогаш... Врска немам како стигнав до неговиот профил, ама решив да му пишам :D И испадна дека не ме заборавил. Абе, радости. Значи, ова после 10 години скоро. И се договоривме да излеземе. Се смеевме што сме правеле ко деца :D Се смувавме, ама многу беше неозбилен, и ми требаше некое време да сфатам дека е слаткоречив и нема намера за ништо повеќе. Се разочарав малку, ама ми помогна да го пребродам многу брзо. И после испадна дека и на исти факс идеме :D
Ден денес сме познаници (неможам да кажам другари). И ок ни се односите. Не би рекла дека го сакам уште.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
348
Поени од реакции
368
во петто одделение :vozbud::vozbud::vozbud:незнам шо години бев не ми текнуе бев 11-12:vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom