Еве еден цитат за кој сакам да видам како размислуваат сите жени на формуов.
Јас...воглавно, се согласувам со ова.Во првата љубов се е на некој начин непознато, ново.Чувствуваш нешто што никогаш дотогаш не си почувствувала.Чувствуваш
љубов.Ја откриваш нејзината убавина, ја чувствуваш нејзината големина и сфаќаш дека е прекрасно т.е. дека тоа е најубавото чувство.Пред да се појави, ниту си го барала, ниту си го посакувала зашто воопшто не си го ни познавала.После првата љубов, после насладувањето од нејзиниот вкус, сфаќаме дека не би можеле да живееме без љубов.Можеби ќе ја преболиме, можеби ќе ја заборавиме првата љубов но во секоја друга личност ќе се обидеме да ја најдеме, со други зборови ќе посакуваме да се роди повторно зашто веќе еднаш, некогаш сме ја чувствувале, сме сакале некого...свесни сме за тоа колку љубовта може да не направи среќни и затоа повторно сакаме некоја друга личност зашто љубовта е таа од која не се откажуваме.
Направете само разлика...кога сме немале појма што е тоа љубов и се појавила, и кога љубовта (веќе како познат поим) повторно се раѓа кај нас.