- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.070
- Поени од реакции
- 6.552
И тоа како, во 1908 била воспоставена првата воздушна патничка линија (Германија, цепелини) а Атлантикот се препловувал за 6 дена. Сите сфери од географски истражувања до уметност (импресионизам, фовизам, кубизам, експресионизам) од првиот радио пренос на Карузо во 1911 до подводните телеграфски кабли кои го умрежиле светот, од автомобилот, филмот до авионот се е тоа Belle Epoque кој би знаел (ова е за темата what if) во кој правец човештвото би отишло да не бил големосрпскиот национализам.100% точно, целиот коментар, ама посебно овој дел, никогаш во светот немало таков прогрес како до тој Видован 1914-та.
Имало и после периоди, обновата и растот по Втората светска, крајот на 80-ти до 2008 во т.н Западен свет, кога пропадна комунизмот а западот триумфираше се до светската криза, иако ние тука ја живеевме најголемата мизерија и апатија од 1945-та навака, но никогаш како во Belle Epoque. Ќе рече некој тој прогрес е направен од крадење и експлоатација на колониите, но се поставува прашање и тие колонии кога имаа најголем прогрес, инфраструктура изградена, описменување, од крајот на 19 век до 1950-60-ти или после кога речиси сите држави Африка и пола Азија имаат по една граѓанска војна или воен пуч секоја година.
Низ Лондон во 1914 веќе масовно крстареле стереотипните црвени автобуси и црни таксисти, под Париз се патувало низ Метро, големите светски изложби биле преполни со нови откритија и иновации, струјата го менувала начинот на живот на подобро, летувањата и зимувањата престанале да бидат привилегија на богатите, во некои земји социјално-демократските политики доведувале до развој на социјална држава (која се уште не била присутна освен weirdly Германија тогаш)...