За почеток е потребен вовед во битката кај Јитланд бидејќи се работи за најголемата конфронтација на поморска техника во историјата на човештвото. По вкупен депласман оваа битка ја надмашува славната битка во заливот Лејте (во реалност серија од битки опфатени под еден чадор) со голема разлика.
Се работи за нестварни бројки на капитални бродови кои земаат учество. Кај Британци тоа се 46 брода, пратени од 105 други а кај Германци тоа се 27 капиталци пратени од 72 други пловила.
За разлика од Лејте тука немаме мали бродови како 48-те амерички торпедни чамци од 40-50 тона (глисери на стероиди) кои вребаат во Суригао теснецот и лансираат торпеда по јапанци, ниту пратечки корвети, миночистачи, тендери за хидроавиони и транспортни бродови.
По број на бродови Лејте има повеќе, но како што споменав, битна е тонажата која е основно мерило во поморството а во случајот со воени пловила тоа е депласманот на бродовите т.е. колку вода истиснува секој брод, стандардизиран метод кој се применува за одредување и класификација на воен брод.
Поради прегледност, ќе ја поделам битката на вовед, почеток, криза на битката, приквечерна и ноќна фаза, крај на битката и заклучок.
Од каде да се тргне? Почетокот на оваа битка не е во Големата војна туку датира назад едно 25 години пред тоа. Развојот на поморската технологија е толку брз што морнариците имаат сериозно тешка задача да во неколку години ги променат основните постулати и тактики за водење на флотна акција на море.
Поринувањето на Дреднот во 1906 година ги прави сите бојни бродови во светот застарени, вклучително и оние кај сопствената, британска флота. Појавата на бојните крсташи отвара нови можности за спроведување на нови тактики. Појавата на разурнувачот исто. На подморниците никој не обрнува особено внимание...
За апсолутен почеток може да се земе 1889 година. Тогаш, Британскиот адмиралитет, загрижен од растечката моќ на вториот немачки Рајх, новата програма на америчката морнарица, подемот на Јапан и ефектите од "новата школа" во Франција = се одлучува на драстичен чекор.
Се воведува "Стандард на двете сили" што значи дека Ројал Нејви мора да биде појака во депласман од било кои две морнарици во светот сметани заедно!
Во тоа време на второ место била Франција а на трето Русија и за неколку години, што во служба што во изградба ќе имаме повеќе бојни брода и крстосувачи кај Британија отколку кај Франција и Русија земени заедно!
Но со тек на време тој стандард ќе биде изложен на притисок, особено од германската "Идеја на ризикот" и нивната Поморска лига каде што граѓанството со доброволни донации ќе финансира изградба на воени бродови за немачката Империја.
Поради неможноста за реалистично одржување на тој стандард, подоцна има ревизија која говори за двојно повеќе депласман од втората најјака флота во светот.
На почетокот на Големата војна Британија сепак ќе има ако не баш двојно, барем приближно толкава предност, како што и се гледа по бројот на капиталци кај Јитланд (46-27).
Водечките поморски теоретичари на времето предвидувале дека одлука на море ќе биде донесена во една мамутска битка помеѓу главнините на две спротиставени флоти.
Во тоа светло е и изјавата на тогашниот прв Лорд на британскиот Адмиралитет (министер за воена морнарица), никој друг него Винстон Черчил кој изјавил дека најнеблагодарно работно место во Англија во тој момент било главен командант на флотата бидејќи тој човек би бил единствен во обата завојувани табори кој би можел да ја загуби војната за едно попладне
Битките кај Вис, Јалу, Жолтото море, Порт Артур и Цушима ќе бидат показатели за тоа како да се оствари пресудна победа на море.
Сеуште линиската тактика била основна, исто како во времето на едрениците.
Како основен маневар на флотно ниво излегол "вкрстување на Т" при што низ разни маневри требало едната страна да излезе во линиски строј пред противникот при тоа имајќи ги сите главни топови на располагање да отворат оган додека противничката линија не би била во можност да плови во паралелен курс туку би можела да отвори оган само со 1/3 до 1/2 од артилеријата.
Плавите бродови на сликава се оние кои остваруваат вкрстување на Т а црвените се оние кои се во неповолна положба поради тоа што не можат да ги вперат сите топови кон плавите, настрана тоа што си сметаат еден на друг при нишанење.
Германската надеж ќе биде во стварање услови да се концентрира најголемиот дел бродови на одсудниот дел на бојното поле каде би имале помал бројчан недостаток и со тоа да се искористи реалната германска техничка предност во квалитет на артилерија, оклоп, нишански справи, меѓусебна комуникација, брзина и обука на посадата.
Од почетокот на војната до пресудниот 31.5.1916, се одиграле десетина битки со учество на бојни бродови, бојни и оклопни крсташи. Новостекнатите искуства ќе играат улога при самата битка иако британците ќе пропуштат една важна лекција поврзана со крсташите.
Трката во поморско вооружување ќе биде еден од факторите кои ќе допринесат за избивање на WW1. Германија од 9.место во време на "Стандардот на двете сили" за 25 години ќе избие на второ место во светот! Пред САД, Јапан, Франција, Русија, Италија...
Британската флота ја пречекува војната со триесетина флотни состави дислоцирани по бази по сите мориња и океани во светот. Главнината на флотата кај Ројал Нејви се нарекува Великата Флота и официјално е организирана уште првиот ден на војната. Нејзин командант е Адмирал Џон Џеликоу а заменици Вицеадмирал Дејвид Бити и контраадмирал Хорас Худ.
Имајќи позитивен скор во тодогашните борби со германците, имајќи го германскиот код уште од 1914 кога лесен крстосувач Магдебург се насукава на спруд во Балтикот при што руска пешадија ја запленува книгата со шифри и копија од неа дава на британското дешифрантско биро Соба-40 каде што дешифрантите ќе имаат можност да ги пробијат сите немачки пораки. Германците живееле во блажено незнаење за ова се до 1917 година.
Од што се состоела Големата флота, најсилниот поморски состав до тогаш виден?
Базирајќи се во базите Скапа Флоу, Фирт оф Форт и Росајт, Големата Флота располагала со следниве бродови :
Капиталци :
28 Бојни бродови-дредноти :
Ворспајт, Валиант, Берам, Малаја, Орион, Монарх, Конкверор, Тандерер, Белерофон, Суперб, Темерер, Колосус, Херкулес, Нептун, Ерин, Ајрон Дјук, Бенбоу, Марлборо, Кинг Џорџ V, Ајакс, Сентурион, Ривенџ, Ројал Оук, Сент Винсент, Колингвуд, Венгард, Аженкор, Канада.
9 Бојни крсташи :
Инвинсибл, Инфлексибл, Индомитабл, Њу Зиленд, Индифатигебл, Квин Мери, Лајон, Принсес Ројал, Тајгер.
8 Оклопни крсташи :
Минотаур, Шенон, Дифенс, Кохран, Вориор, Дјук оф Единбург, Блек Принс, Хемпшир
1 Носач на хидроавиони :
Енгадин
Останати бродови :
26 Лесни крстосувачи :
Калиопи, Констанс, Комус, Керолајн, Ројалист, Будика, Актив, Бланш, Белона, Кентербери, Честер, Галатиа, Фаетон, Инкостант, Кордилиа, Саутемптон, Бирмингем, Нотингем, Даблин, Фалмаут, Јармут, Биркенхед, Глостер, Фиерлес, Чемпион, Кастор.
79 Разурнувачи
Тотал - 151 брод.
Воздушни сили - 12 Хидроавиони
Германците уште од почетокот на војната се обидувале да намамат делови на Големата флота на мегдан во неутрални води. Со таа цел но и за да го омекнат моралот на британците, германските бојни крсташи десетици пати дрско се прилижувале до неколку наутички миљи од брегот, на очиглед на жителите на градовите кои ќе бидат ѕверски бомбардирани со 280-305мм гранати кои тежат по 300-450кг секоја.
Целта била да се примами Великата флота да исплови и да ги гони брзите германски бојни крсташи кои пак би се повлекле со максимална брзина во правец каде што 30-тина германски подморници би направиле сачекуша на британските бродови и би ги "омекнале" пред завршниот чин а тоа била средба на Великата флота со Хохзефлоте (Флотата на Отворено море, како што се нарекувал германскиот пандан на Великата флота во Кригсмарине)
Ваквите напади не успеале ниту еднаш во својата цел. Останале само ијладници загинати цивили, илјадници ранети и осакатени и десетици илјади бездомници.
Тоа бил голем удар по престижот на Германија и пропагандата не пропуштила да ги нарече германците = Хуни, злосторнички орди кои разнесуваат на парчиња жени и деца.
Главниот Адмирал на Флотата на отвореното море, Адмирал Хуго Пол доживеал неуспех. На негово место во Јануари 1916 доаѓа помладиот Контраадмирал Рајнхард Шер, живописна особа, лик кој не се плашел од предизвици. Шер веднаш започнува план за успешна употреба на толкавата флота која му стои на располагање и веднаш започнуваат разни планови за намамување на британците во Северно море и конечно наметнување на битка на целата Велика флота со цел да се уништи со што блокадата на Германија од страна на сојузниците би била доведена во прашање ако не и сопрена, британскиот морал би бил срозан а немачките бродови би имале отворени раце да делуваат по северот па чак да преминат и на Атлантик.
На што ги базирале своите надежи Шер и неговиот прв помошник Адмирал Франц Хипер?
На силата и брзината на своите бродови од Флотата на отворено море, базирајќи се во базите во Вилхелмсхавен, Кил и Куксхавен а тие биле следниве :
Капиталци :
16 Бојни бродови-дредноти :
Кајзер, Кајзерин, Принцрегент Луитполд, Фридрих дер Гросе, Хелголанд, Остфризланд, Тиринген, Олденбург, Насау, Вестфален, Рајнланд, Позен, Кениг, Гросер Кирфирст, Маркграф, Кронпринц.
5 Бојни крсташи :
Дерфлингер (најдобриот капиталец во WW1, ќе видиме и зошто), Лицов, Зајдлиц, Молтке, Фон Дер Тан.
6 Бојни бродови-предредноти :
Дојчланд, Хановер, Померн, Шлезвиг-Холштајн, Шлезиен, Хесен.
Останати бродови :
11 Лесни крстосувачи
Штетин, Минхен, Фројенлоб, Штутгарт, Хамбург, Рошток, Франкфурт, Елбинг, Пилау, Визбаден, Регензбург.
61 Разурнувач.
14 Подморници (одделот за заседа)
Тотал - 113 бродови.
Воздушни сили - 11 Цепелини
Во овој состав ќе се судрат двете флоти во најголемата поморска битка евер.
Предноста на британците била традицијата, историјата, бројчаната надмоќ, искуството.
Предности кај немци биле технолошката супериорност, појак оклоп при иста дебелина и тежина (Круп имал супериони начини за лиење на оклопни плочи во споредба со Рејнам или Бритиш Стил или Вулич Арсенал (за фановите на ФК Арсенал, оттаму е името

) попрецизни нишански справи (Карл Цајс), подобра артилерија (Круп и Рајнметал Борзиг), пример после војната биле извршени тестови каде немачки топ од 305мм пробивал најјак оклоп на купола на британски боен брод од 8000м додека британски топ од 343мм пробивал немачки оклоп на купола тек на 6000 метри и покрај потешката граната!
Друга германска предност бил командниот кадар, имено Шер и Хипер биле поборници на активни дејства за разлика од претходникот Хуго Пол кој скоро ниту еднаш не излегол во целосен флотен состав од устието на реката Јаде. Не само тоа, за неколку месеци од доаѓање на чело, издрилале неколку евазивни маневри за избегнување на гранати или торпеда, заедно со маневри за да се измами противникот како и маневри да се прифати или напушти битката, нешто кое ќе одигра голема улога кај Јитланд.
Хохзефлоте била под огромен притисок на јавноста, буквално од скифлениот цар Вилхелм цвај до продавачи на цвеќиња, луѓето биле бесни бидејќи со децении донирале пари за да се изгради таа велесила од флота, пропагандата пред ратот трубела за феноменалните немачки бродови...само за да кукавички чмае зад насипите на Јаде? Не, тоа не било прифатливо и државниот врв конечно реагирал после скоро две години.
Уште во Април, Шпер наредува на флотата да се собере на устието на реката Јаде и да започне активно со барање борба со противникот. Британците имајќи го немачкиот код, лесно ги пратат наредбите и започнуваат да се припремаат за надоаѓачка голема битка. На неколку наврати Великата флота испловува од базите и плови во висина на Норвешкиот и данскиот брег со цел да ја открие и уништи Флотата на отворено море.
Допрва ќе видиме кој кого ќе уништи
Вицеадмирал Шер решава да ја тестира британската одлучност за водење на флотна акција а при поволни услови и да излезе на мегдан со Големата флота, што да не.
Први испловуваат подморниците кои треба да вребаат во заседа околу британските бази а мамец кој ќе ги натера британците да ангажираат голем флотен состав е германската дивизија на бојни крсташи составена од сите 5 крсташи, 5 лесни крстосувачи и 16 разурнувачи под команда на Франц Хипер.
Овој состав испловува на 28.5.1916 и се упатува кон северот на Англија со цел да гранатира некои крајбрежни градови.
Неколку часа подоцна испловува и главнината на Флотата на отворено море која ќе биде на некои 3-4 часа позади германските брзи крсташи.
Шер не верувал дека ќе успее да ја навлече на себе целата Велика флота. За неколку дена ќе биде демантиран што за малку ќе има кобни последици по неговата флота.
Поради опасност од минско поле кое било забележано на патот на дивизијата на Хипер, германците се откажуваат од бомбардирање но успеваат да бидат приметени од еден британски лесен крстосувач.
На околу 80 наутички миљи (отсега понатаму НМ) на југоисток пловела главнината на Хохзефлоте, 16 дредноти поделени во 4 дивизии по 4 брода заедно со една дивизија од 6 пре-дредноти, 6 лесни крстосувачи и 45 разурнувачи.
Надежите полагани во Цепелините се покажале залудни. Иако повремено низ маглата успевале да приметат пртивнички брод, лошото време ги натерало да се вратат во базата. На смена, 11 цепелини упорно се обидувале да бидат очи и уши на флотата но за жал временските услови си го направиле своето.
Улогата на picketts ќе ја преземат подморниците.
На враќање од задачата, германците добиваат извештај од една од подморниците дека британски бојни крсташи веќе испловуваат од базата во Росајт. 9-те британски бојни крсташи се поделени на 3 дивизии со по 3 брода. Кон нив е додадена дивизијата на 4 од новите брзи бојни бродови од класата Квин Елизабет Две дивизии по полна пареа се упатуваат во гонење на германската дивизија крсташи.
Неколку часа подоцна испловува и главнината на Великата Флота,
Дознавајќи за ова, Шер наредува насвоите бродови окрет за 180 степени и правец на пат на двете британски дивизии. Иако британците имаат двојна предност во капиталци (10-5) во тој момент, Шер останува амбициозен за конечно да се освети за Догер Бенк и Хелголанд.
Интересно е што двата штаба немале поим дека покрај крсташите на море се испловени и главнините на двете флоти! Радио извештаите на британските лесни крстосувачи кои приметиле огромни столбови чад на југ биле блокирани од страна на германците кои со себе носеле jammers кои служеле за "давење" на британските радио-фреквенции. На тој начин Џеликоу, Бити и Худ биле сосема лошо обавестени за реалната сотојба на терен.
Околу 14.20 часот на 31.5.1916, еден неутрален дански трговски брод под име НЈ Фјорден е забележан како мирно плови према полуостровот Јитланд. Гусарскиот инстинкт кај Германците веднаш проработува и Шер го праќа лесниот крстосувач Елбинг да го заплени бродот. Истовремено, британскиот лесен крстосувач Галатеа од своја страна го забележува данскиот брод и се упатува да испита дали овој брод носи контрабанда.
И така, сосема случајно, имајќи сосема ограничена идеја за присуството на противникот, двете флоти за прв пат во 14.25 воспоставуваат визуелен контакт. Во 14.30 се истрелани првите гранати, во случајов 102мм од Галатеа кон Елбинг. А првите погодоци ќе бидат четири гранати од 105мм кои Елбинг ќе ги забие во Галатеа од огромна раздалеченост за тој калибат, правејќи скромни штети кај британскиот крстосувач.
И така, во 14.30 на 31.5.1916 започнува најголемата пресметка во историјата на поморството.
Дознавајќи дека започнала артилериска престрелка, Џеликоу наредува да носачот на хидроавиони Енгадин лансира неколку летала со цел откривање на точната положба на противникот. Тоа е прв пат во историјата да еден носач на летала на вода лансира авион in anger. Авионите јавиле за горе-долу прецизен распоред на германската дивизија брзи крсташи.
Привремено, германците билле во поповолна позиција бидејќи сонцето било во зенит што значи дека британските бродови биле добро видливи. Германците имале предност и со природната камуфлажа која ја пружала данската брегова линија.
Тежината на плотунот на главната артилерија (234-380мм) била 151 тон додека на германската (280-305мм) била само 61 тон. Поради тактичката грешка на германците кои во Хохзефлоте ја вклучуваат и втората дивизија стари и спори бојни бродови-предредноти, флотната брзина кај нив е 18 јазли додека кај британците е 21 јазол, факт поради кој ќе има извесни последици по Хохзефлоте.
Британците ја делат флотата на 3 дивизии со по 8 бојни брода, три дивизии со по 3 крсташи, две дивизии со по 4 оклопни крсташи, сето тоа поддржувано од лесни крстосувачи и разурнувачи.
Пловејќи во северозападен правец, Шер оди директно на 9-те брода на противникот.
За тоа време главнината на Хохзефлоте се доближува на 45 НМ од Шер што значи дека можат да влезат во борба за два и пол часа ако има потреба.
А таа потреба сеуште е мистерија. Дали Великата флота испловува цела или како во претходни случаи на битки во WW1 тоа се само крсташи и лесни крстосувачи?
Одговорот ќе дојде подоцна на голем шок на Шер и Хипер.
Конечно, во 15.48 часот, после маневрирање од двете страни, адмиралскиот (главен) брод на Флотата на отвореното море Лицов, нестрпливо отвара оган од 15км иако прописите не предвидувале гранатирање од толкава далечина. Битката влегува во почетната фаза, позната како пресметката помеѓу брзите бродови на двете страни. Тек некој час подоцна ќе се приклучат бојните бродови и битката ќе прерасне во мамутска конфронтација на најмодерните бродови кои светот дотогаш ги видел.
Кај британци "сефте" прави Принсес Ројал која отвара оган од 14км но без резултат.
П.С. Нек постира некој било што пошто 18К карактери

хехенце лол рофл било што колку да можам да го составам епот на оваа тема.