- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.451
- Поени од реакции
- 84.855
Да. ако гледаш според тоа колку загинале заради нив, стварно прелесно се извлекле.Во поглед на она што го направија и пред се, нивната цел која ја наведов погоре а која би резултирала со смрт на значителен процент од светското население и воведување на концептот на робовладетелство во 20 век врз стотици милиони луѓе, премногу лесно.
Не верувам дека постои помалку рационална политичка идеологија од нацизмот и неговата јапанска варијанта во историјата. Тоа што истите постоеле во време на триумф на рационалноста изразена преку техничко-технолошкиот напредок во 20.век е уште помистериозно.
Знам дека од денешна гледна точко е скоро невозможно да се зборува дека едни германци и јапанци, симболи на тој технолошки прогрес нели, само пред неколку генерации воведувале робовладетелство во од нив освоените територии.
Но, суштината (која има христијански корени) е дека немаме ние потреба од казна, туку од покајание. Казната некој ја гледа како недостаток на покајание.
Затоа велам, да, лесно поминаа, ако се гледа по бројките кои ги предизвикаа, но добро испадна. Ги ресетираа у корен и они денес точно знаат што све направиле, не живеат во заблуди и искрено се оградуваат од тоа (огромното мнозинство, секако). Преваспитани се, како народ, не како поединци. Тоа ваљда и била целта.
Моите лични искуства со Германци за таа тема, ми го потврдуваат ова.
Мене како христијанин, тоа ми е доволно. Немам ја потреба сега да барам, ај и на нив да им убијат 80 милиони.
Ти збориш за некаков милитаристички дух, кој одвреме на време историски се заканува.
Дали тој вроден милитаризам, во склоп со тој посебен менталитет и дух, е некаква тлеечка светска историска опасност, која од време на време, испливува на површина и прави куршлус у свет (најголем куршлус у историја)?
Проблемот тука е, што јавниот наратив, во овој контекст, воглавно ги посматра Прва и Втора. Се степале два пати по ред против сите (малтене) и се занемаруваат други периоди. Но, они биле најдобри војници и се тепале успешно со сите и пред тоа, а голем стожер тука е Прусија. Они биле најбољи тепачи уште пред Прва Светска. Кога читам истории на армии, стално се зачудувам колку Пруси има во зачетокот на армиите на разни места. Они уште у XIX век и порано, извезувале воена доктрина, стручњаци, офицери... За Чиле сите знаат. Некои историчари како една од причините за јапонската милитаристичка нечовечност, суровост, сметаат дека биле влијанијата на пруските офицери кои учествувале во создавањето на модерната јапонска војска.
Така да, не е само Прва и Втора и можеби има вистина во таа приказна Keep Germany down, Russia Out и тн.
Но, денес имаме нови процеси и овој поствоен ресет можеби засекогаш го решил проблемот. Германија е разводнета со емигранти, woke идеологија и тн. и тн. и ваљда нема више тоа да се дешава (бар не од нивна страна)
Е сега, ако гледаме во уште поширок историски контекст, уште од создавањето на пруската држава, па се до денес, мислам дека е тешко да се процени точно дали тоа змејот спие или го нема. Дали можда тоа за што збориш ти не се мења, само спие и еден ден пак ќе ни го сервираат. Сега се обединија и историски мал период помина од обединувањето. Некои велат они веќе почнаа со доминација во Европа, на друг начин.