Прашање за Христијанството III

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Уфффф, каква сугестибилна мојч имаат Твоите зборој врз мојта вера...
Еве, од овој тренутак, престанувам да верувам!
то мојш некои малолетници да мамиш, мене не. немаш ти доволно знаење и познавање за да престанеш да верваш.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ево Ти „лајк„...:D

У право си, не можам да престанам да верувам...Али затоа сос нетрпение ја очаквам Твојта приказна за Твојо исус.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.593
Какви идиоти седат у нашиве дневни весници/портали....

Сите објавија денес текстови на насловна, за магијската моќ на првото вапцано јајце. :tapp:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не им е прв пат на новинарите да направат некоја ваква „утка„ и тоа јавно, преку медиум. Пред неколку години, кога беше почната реконструкцијата на храмот посветен на Мајката Божја крај Вардар, во Центар, новинар во весник го спомена и можното реконструирање на соседниот храм, посветен на извесна Света Мина, која патем кажано, не е женски лик, туку машки: Свети Мина, а такви Светители со исто име ги има 3-4 во Црквата...
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
А зошто вапцаме јајца?

Наводно додека Христос бил измачуван кокошките почнале да несат зацрвенети јајца и до ден денес во чест и спомен се одржува таа традиција со јајцата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Какви идиоти седат у нашиве дневни весници/портали....

Сите објавија денес текстови на насловна, за магијската моќ на првото вапцано јајце. :tapp:
Една бабичка па на вестиве рече дека јајцето од лани уште не и било расипано. Али сепак не го изела, туку го закопала :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А зошто вапцаме јајца?

Наводно додека Христос бил измачуван кокошките почнале да несат зацрвенети јајца и до ден денес во чест и спомен се одржува таа традиција со јајцата.
Бојадусвањето великденски јајца е т.н. благочестив обичај во Црквата: црвената боја ја симболизира крвта Христова, која Он ја пролеа на крстот и со која Он не‘ откупи; самото јајце има двојна симболика: го прикажува гробот Христов, а воедно, симболизира ново раѓање (како што од јајцето се раѓа ново живо битие...) односно го симболизира восресението Христово-преминот/пасхата од смрт во живот.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А зошто вапцаме јајца?

Наводно додека Христос бил измачуван кокошките почнале да несат зацрвенети јајца и до ден денес во чест и спомен се одржува таа традиција со јајцата.
Голем дел од обичаите присутни денес водат потекло од античкиот па дури и праисториски обреди и обичаи на овие простори. Во поголем дел Велигден, онака како што се слави денес кај нас, е хибрид меѓу стариот паганизам и христијанството.
Централното место во обичаите поврзани со празникот Велигден, секако е обичајот на бојадисување (вапцање) и кршење на јајца.
Во религијата и во митологијата јајцето има големо значење. Особено тоа често се споменувало во митовите за создавањето на светот. Јајцето се сметало за извор на животот и затоа имало голема улога во култот на мртвите, на кои им се дарувало лично на гробот или симболички како што вика нашиот народ - “за нивна душа“, јадење и пиење. Лесно е да се разбере зошто токму жртвата на јајцето била практикувана за мртвите, затоа што јајцето го содржи она што им е најпотребно на мртвите - содржи живот. Оттаму големото значење на јајцето како жртва на покојниците. Раширен е обичајот да се носат јајца на гробовите и да се делат за душа. Значи, обичајот жртвување на јајца кај нас е пренесен на Велигден од култот на предците, каде денес “жртвата“ или дарувањето на јајцето е симболично посветена на Воскресението на Исус Христос.
Зошто јајцата се бојадисуваат со црвена боја? Црвената боја повторно потекнува од култот на предците. Црвената боја често се употребувала во мртовечкиот култ. Црвената боја е бојата на крвта, а крвта е животот или душата . Од таа причина крвта им се дава на мртвите како жртва, симболика за повторно враќање во живот (воскресение).
Значи ништо ново, на еден пагански обичај му е дадена христијанска амбалажа.

Во една колумна ( За (без)смислата на адетите), Европскиот митрополит Пимен напиша:
„оние (адети) што толку се одомаќиниле и станале дел од нашиот фолклор, ако не можеме да ги отфрлиме, барем да ги охристијанизираме, да им дадеме христијанска смисла. “

Значи култот на јајцето си постоел на овие простори независно од христијанството, но источната црква го охристијанизирала овој адет со тоа што му измислило некаква христијанска конотација, христијански приказни како онаа со Марија Магдалена демек таа му однела вапцано јајце на царот. Има друга приказна што вели дека Марија однела јајце под крстот Христов и тоа од крвта Исусова самото се бојадисало. Итн. Се се тоа прикаски, митови, без ниту грам историска подршка.

Западната црква пак присвоила некаков велигденски обичај со зајци (ете ги на влезот во Рамстор :) Немам познавање од каде датира овој обичај, но едно знам: сигурно не датира од Христос и апостолите.

Овие адети и обичаи, колку и да изгледаат интересни и неутрални, сепак вршат големо влијание во дефокусирање на верниците од суштината на Велигден и наместо луѓето да се потсетат на овој настан, наместо да прочитаат во евангелијата што и како се случило на првиот Велигден и да му благодарат на Бог за Христовиот триумф над смртта, тие се опседнати со тоа дали во среда вечер или во четврток вечер се вапцале јајца, па дали смеело да се скрши јајце пред Велигден, па ајде ќе си разменуваме јајца, ќе се кршиме со јајца итн. Се е тоа фино, убаво, интересно, поврзано со многу убави спомени, ми се допаѓа и изгледот на уметнички бојадисаните јајца.. но луѓе, пак ќе повторам, сме ја промашиле суштината на Велигден ако дозволиме јајцата да ни бидат главна тема на празникот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Една бабичка

...една таква бабичка, си влегува во храмот, пали свеќа а притоа и‘ приоѓа протестант, кој ја прашува бабичката: зашто православните палат свеќи? Бабичката пак, во целата своја неукост, дава одговор кој е во корист од протестантот, а која вели: палењето свеќи е црковна традиција!

Протестантот, сиот среќен што „налетал„ на бабичката, оваа своја средба ја изнесува пред аудиториум, и онака, со типична протестанска надуваност и самоувереност во своите мненија, им вели на присутните: еве гледате дека православните немаат појма од Библијата, а палат свеќи по традиција, иако Библијата не споменува никакви свеќи!

Јак заклучок, признавам...
 
Tреба да се елиминираат бабичките од православието оти го рушат имиџот на црквата.
Ја би то по кратком поступку !
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Чорбаџија имаш право за она што верниците повеќе се фокусираат дали ќе офарбаат јајца,ќе запалат свеќи итн...а не обнуваат внимание за божјите закони и чистотата на душите.за тоа црквата на секоја литургија ги советува верниците на пост и молитва.
Зошто мислислите дека вапцањето јајца е паганска традиција.Кога тоа се прави во името на Бог.Не го правиме тоа во чест на Бабичката...туку во чест на Бога.Добро е тоа што луѓето ги сплотува помеѓу нив има љубов и среќа насмеани лица.зар не го сака тоа Бог.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Tреба да се елиминираат бабичките од православието оти го рушат имиџот на црквата.
Ја би то по кратком поступку !
Ја‘ би рекол дека това бабичките треба троа да ја поднаучат азбуката во верата, а не истите тија бабички да го повторуваат то што им кажале нивните бабички...
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
...една таква бабичка, си влегува во храмот, пали свеќа а притоа и‘ приоѓа протестант, кој ја прашува бабичката: зашто православните палат свеќи? Бабичката пак, во целата своја неукост, дава одговор кој е во корист од протестантот, а која вели: палењето свеќи е црковна традиција!

Протестантот, сиот среќен што „налетал„ на бабичката, оваа своја средба ја изнесува пред аудиториум, и онака, со типична протестанска надуваност и самоувереност во своите мненија, им вели на присутните: еве гледате дека православните немаат појма од Библијата, а палат свеќи по традиција, иако Библијата не споменува никакви свеќи!

Јак заклучок, признавам...
Мноооогу лукаво Мики. Го цитираш Чорба на еден пост за да дадеш реплика на друг негов пост и со тоа сакаш да ја донесеш расправата во твоја корист...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџија имаш право за она што верниците повеќе се фокусираат дали ќе офарбаат јајца,ќе запалат свеќи итн...а не обнуваат внимание за божјите закони и чистотата на душите.за тоа црквата на секоја литургија ги советува верниците на пост и молитва.
Да, но и тука гледам дека постои дефокусирање од друг облик. Некои верници се фокусираат на јајцата, некои пак на тоа што е посно, што е мрсно, дали геврекот со сусам е мрсен, дали ако девојката добила 5 дена пред Велигден смее да се причести, дали ако каснал од незнаење наполитанки со кокос смее да се причести итн. Луѓето се обземени со јадења и пиења (посни гозби), наместо да се фокусираат на она што е поважно. Ко да немаат цела година (365 дена) време за пост, па сега се обземени со такви муабети. Али не се тие криви кутрите, поповите ги учат дека мораат да постат пред Велигден, инаку наводно не можеле да се причестат (и покрај тоа што Исус и апсотолите си вечерале пред самата причест).

Зошто мислислите дека вапцањето јајца е паганска традиција.Кога тоа се прави во името на Бог
Затоа што тоа е така. Паганските обичаи не се преобразуваат во христијански со самото тоа што некој ќе рече дека ги прави во името на Бог. Не можеш ти да откопаш мртовец и да играш валцер со него и да речеш: ама јас го правам ова во името на Бог и затоа нема ништо паганско во тоа! Не можеш да пиеш крв од животно и да речеш: На здравје, ова е во името на Бог!
Фразата „во името на Бог“ се користи кога нешто се прави согласно со учењето или заповедите на Богот што го обожуваш, а не во согласност со затекнатите пагански обичаи.
Кога амбасадорот на одредена земја оди во друга земја, тој оди во името на својата татковина и се што тој предложува е веќе дискутирано со власта на својата земја. Не може тој да си измисли некои си свои работи и да рече: Ова го предлагам во името на мојата земја! Тоа би значело дека земјата што го пратила му заповедала така. А не му заповедала. Значи тој лаже и лажно ја претставува својата земја и кога ќе биде фатен ќе биде разрешен од функција.

Добро е тоа што луѓето ги сплотува помеѓу нив има љубов и среќа насмеани лица.зар не го сака тоа Бог.
Абе и виното, ракијата и жестоките пијалоци ги сплотуваат луѓето, па сепак не значи дека пијанството Бог го одобрува. Кога ќе се опијанат луѓето секој секому е брат, се гушкаат, се бацуваат во чело и едниот му вика на другиот: брат ја тебе многу те поштуем еј, за тебе животот ќе го дадам... али сепак, Бог не одобрува секакво сплотување. Бог е свет Бог и не сака кога пагански работи се накалемуваат на неговото чисто учење.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Затоа што тоа е така.
Да, ова е вистинскиот одговор, ама забораи да напишеш и затоа што „...не е така напишано во Библијата....„ и така, ќе бидеш уште поубедив во клеветите кон Црквата.
--- надополнето: 2 мај 2013 во 17:41 ---
Мноооогу лукаво Мики. Го цитираш Чорба на еден пост за да дадеш реплика на друг негов пост и со тоа сакаш да ја донесеш расправата во твоја корист...
Напротив: цитирав мал дел од постот од Чорба и го надоврзав тој извадок со говорот кој го има одржано еден негов со-секташ, и кој говор има видео-запис и е достапен на увид, а во предметниот говор, со-секташот ја користи истата финта: се обраќа кај бабичка, која, кутрата, немала никакво познавање од верата која ѓоамита ја исповеда а која (вера), бабичката ја има „срозано„ на проста и бесмислена традиција, без нејзино поврзување со учењето од Црквата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom