А зошто вапцаме јајца?
Наводно додека Христос бил измачуван кокошките почнале да несат зацрвенети јајца и до ден денес во чест и спомен се одржува таа традиција со јајцата.
Голем дел од обичаите присутни денес водат потекло од античкиот па дури и праисториски обреди и обичаи на овие простори. Во поголем дел Велигден, онака како што се слави денес кај нас, е хибрид меѓу стариот паганизам и христијанството.
Централното место во обичаите поврзани со празникот Велигден, секако е обичајот на бојадисување (вапцање) и кршење на јајца.
Во религијата и во митологијата јајцето има големо значење. Особено тоа често се споменувало во митовите за создавањето на светот. Јајцето се сметало за извор на животот и затоа имало голема улога во култот на мртвите, на кои им се дарувало лично на гробот или симболички како што вика нашиот народ - “за нивна душа“, јадење и пиење. Лесно е да се разбере зошто токму жртвата на јајцето била практикувана за мртвите, затоа што јајцето го содржи она што им е најпотребно на мртвите - содржи живот. Оттаму големото значење на јајцето како жртва на покојниците. Раширен е обичајот да се носат јајца на гробовите и да се делат за душа. Значи, обичајот жртвување на јајца кај нас е пренесен на Велигден од култот на предците, каде денес “жртвата“ или дарувањето на јајцето е симболично посветена на Воскресението на Исус Христос.
Зошто јајцата се бојадисуваат со црвена боја? Црвената боја повторно потекнува од култот на предците. Црвената боја често се употребувала во мртовечкиот култ. Црвената боја е бојата на крвта, а крвта е животот или душата . Од таа причина крвта им се дава на мртвите како жртва, симболика за повторно враќање во живот (воскресение).
Значи ништо ново, на еден пагански обичај му е дадена христијанска амбалажа.
Во една колумна ( За (без)смислата на адетите), Европскиот митрополит Пимен напиша:
„оние (адети) што толку се одомаќиниле и станале дел од нашиот фолклор, ако не можеме да ги отфрлиме, барем да ги охристијанизираме, да им дадеме христијанска смисла. “
Значи култот на јајцето си постоел на овие простори независно од христијанството, но источната црква го охристијанизирала овој адет со тоа што му измислило некаква христијанска конотација, христијански приказни како онаа со Марија Магдалена демек таа му однела вапцано јајце на царот. Има друга приказна што вели дека Марија однела јајце под крстот Христов и тоа од крвта Исусова самото се бојадисало. Итн. Се се тоа прикаски, митови,
без ниту грам историска подршка.
Западната црква пак присвоила некаков велигденски обичај со зајци (ете ги на влезот во Рамстор
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Немам познавање од каде датира овој обичај, но едно знам: сигурно не датира од Христос и апостолите.
Овие адети и обичаи, колку и да изгледаат интересни и неутрални, сепак вршат големо влијание во дефокусирање на верниците од суштината на Велигден и наместо луѓето да се потсетат на овој настан, наместо да прочитаат во евангелијата што и како се случило на првиот Велигден и да му благодарат на Бог за Христовиот триумф над смртта, тие се опседнати со тоа дали во среда вечер или во четврток вечер се вапцале јајца, па дали смеело да се скрши јајце пред Велигден, па ајде ќе си разменуваме јајца, ќе се кршиме со јајца итн. Се е тоа фино, убаво, интересно, поврзано со многу убави спомени, ми се допаѓа и изгледот на уметнички бојадисаните јајца.. но луѓе, пак ќе повторам, сме ја промашиле суштината на Велигден ако дозволиме јајцата да ни бидат главна тема на празникот.