И јас ако е за тоа ти дадов што пишува во библијата за поделбите како оваа денес.и постапките но ти упорно си тераш некоја твоја филозофија.
Не знам каде си пишувал за поделбите и постапките и како е тоа поврзано со... моја филозофија? Тотално си ми неразбилив што пишуваш.
исто и за постењето,црквите итн....сето тоа е споменато во библијата.
зошто викаш дека не е.
Повторно клевета. Аман бре дете што ти е денес? Каде јас сум велел дека постењето и црквата не се спомнати во Библијата?
Она што јас го реков е дека терминот „црква“ во Библијата никаде не се однесува на градба (храм).
Она што јас реков е дека нема никаква посебна светоств на самата градба и дека Бог не ги слуша молитвите таму повеќе од друго место т.е. во храмовите нема никакво појачало на молитви.
А во однос на постот реков дека никаде во Библијата не пишува дека човек мора да пости за да се причести. Тоа го реков. Не реков дека не треба да се пости. Реков само дека во Библијата постот никаде не е наметнат како предуслов за причест. Докажав и со пример каде што Исус и апостолите вечерале ПРЕД да се причестат. Тоа е тоа што го реков. Читај внимателно или воопшто не клевети неосновано.
Дел од библијата каде пишува како се простуваат гревови
„Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.“ (
1 Јованово 1:9, Библијата)
„ А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови;“ (
Дела 2:38, Библијата)
„И кога стоите на молитва, проштавајте ако имате нешто против некого, за да ви ги прости и вашиот Татко, Кој е на небесата, вашите гревови.“ (
Исус, ев. Марко 11:25, Библијата)
Доволно е?
И на тоа не ми одговори што е тоа што го правиме е пагански
што одам во црква...
1. Палењето свеќи и нивно принесување за здравје, за среќа, за бериќет, за живи, за мртви. Добро е познато дека паганите кои му се поклонувале на Сонцето и на Месечината како извори на светлината тие палеле свеќи и кандила (симболични извори на светлина) во храмовите пред идолите, принесувајќи ги во чест на нивните богови.
Исто така и египјаните ги употребувале свеќите во своите религиозни обреди. Тие дури имале и еден празник, наречен "палење свеќи".
Понатаму старите македонци, грци и римјани, исто така, ги употребувале. На еден празник, во чест на богинката Церера, палеле многу свеќи. Обичајот бил да и принесуваат големи свеќи и факели.
2. Околу
иконите мислам дека нема потреба да коментирам. На сите ни е добро познато дека речиси нема паганска вера/религија која не употребувала идоли (во вид на слики или кипови) во своите религиозни обреди. Па оттаму, оваа праска, за внесување на слики-икони во храмовите, воопшто не е нова во православието.
3. Понатаму
обожавањето на светците (молитвите упатени кон нив, поклонување пред нивни слики/икони) исто така не е новитет во православието. Митот за обогување на човекот (човек кој станува бог) е застапен во многу пагански религии пред нашата ера.
4. Исто така би го спомнал и
обожавањето на моштите (поклонување, мирисање и целивање на мртвите тела/останки на некои истакнати христијани) кој се практикува во православието.
Паганите верувале дека душите на умрените се маткаат околу гробовите. Тие ги обожувале своите јунаци, им посветувале храмови и верувале дека гробовите на некои од нив имаат исцелителна моќ. Ги внесувале своите болни во храмовите пред ликовите на јунаците, особено пред ликот на Ескулап, кој се сметал за татко на лекарите, и ако се случело некој да оздрави, тогаш го истакнувале во храмот ликот на излекуваниот.
Така во тоа време кога некој паганин ќе станел Христијанин, не ги напуштал поранешните обичаи, туку она што го правел во чест на јунаците, сега го правел во чест на мачениците.
Евсевиј Цезариски за своето време вели: "При почитување на мачениците и нивните коски, Христијаните и паганите се исти. Се надевам таа истомисленост ќе биде повод за поголемо пријателство меѓу нив.”
5. Понатаму древниот култ за Големата мајка или богињата жена исто така бил често застапен во паганскиот свет. Тука сами би ги спомнал божицата Мајка Јунона која се обожавала во Рим, понатаму добро познатата богињата Артемида од градот Ефес итн. подоцна гледаме како
ова се пренесува во обожавањето на Мајката Божја - Богородица во католичкиот, а подоцна и во православниот свет.
6. Задушниците, делење храна по гробишта.
7. Вртење лепче со паричка - демек кај кој ќе се падне, кај него ќе била среќата.
8. Коледарски огнови кои што поповите ги благословуваат за Бадник.
Итн. да не должам многу, само сакав да потенцирам дека листата на паганизми кои ги наследило православието е голема и сериозна и одвратна во очите на Бог - согласно Светото Писмо.