ако навредуваш било која вероисповест го навредуваш и богот во кој веруваат.
Јас не навредувам вероисповести. Јас само ги изобличувам ересите во христијанството. Тоа е заповед за секој служител на евангелието во Светото Писмо:
„Те заколнувам пред Бога и Христа Исуса, Кој е готов да им суди на живите и мртвите, со Неговото јавување и Неговото Царство:
проповедај го словото, настојувај во време и во невреме,
изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука. Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите, и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки.“ (
2 Тимотеј 4:1-4, Библијата)
Глаголот „изобличување“ значи да изобличиш некоја ерес, некое погрешно учење да го осветлиш со вистината (од Светото Писмо, а не некоја моја вистина) за да се видат елементите што не се во склад со Божјото учење.
Исус Христос верувал во истиот Бог (Јахве) во кој што верувале и евреите. Тоа го гледаме од следава Негова изјава:
„Мене Ме слави Мојот Татко, за Кого вие велите дека е ваш Бог.“ (
Исус, ев. Јован 8:54, Библијата)
Сепак Исус јасно, отворено и директно зборувал против погрешните учења и практики на евреите и често пати ги поправал со цитирање на Светот Писмо (тогаш само стариот завет).
Дали тоа значи дека Исус го навредеувал Богот во Кој тие верувале? Дали тоа значи дека Исус го навредувал Својот Татко?
Го разбирам твојот револт сакаш да придобиеш повеќе верници на твојата заедница.
Јас сум на форумов 6 години и никогаш до сега не сум ја промовирал мојата црковна заедница, ниту мојата деноминација. Никогаш не сум велел: Дојдете во мојата црковна заедница. Никогаш не сум напишал ни локација и време на службите (освен мислам еднаш само кога еден ме праша каде се наоѓа или така нешто, а можеби и не беше на овој форум).
Повторно твое неосновано и неаргументирано обвинување кон мене.
И јас го разбирам твојот револт и знам зошто ме обвинуваш и клеветиш. И Бог го знае тоа.
Сто пати сум ти објаснил и не мислам да ти повторувам и цртам.
Од врв на Водно се гледа кој е тој што објаснува и црта и трпеливо поправа, а кој е тој што прашува елементарно работи, неосновано обвинува итн.
ти објаснуваше и Мики1 со факти и докази.но очигледно се праиш на Тошо.
MIKI1 и факти, магаре и музика
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Тоа ќе ти го потврдат сите неправославни вернции на форумов. Православните секако дека ќе бидат пристрасни.
Јас ќе викам А ти ќе викаш Б и така секогаш и во вечни векови Амин.
Јас не викам ништо сам од себе, ниту кажувам нешто од своето. Јас само пренесувам што Господ Исус Христос рекол согласно Светото Писмо (Божјото Слово). Значи Господ Исус Христос ти вика А, а ти викаш Б. Се надевам ќе се разберете на Судниот Ден кој бил во право.