Прашање за Христијанството III

Член од
4 август 2018
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.290
Дали зборуваш за мошти од прогласени светци од страна на црквата и кои ги чуваат по манастири за да секој ги види?
Има таква тема тука на форумов, голема листа и на манастири и на светци имало...

П.С. Ставај @ за да тагнеш некој и добиеш ептен брз одговор. @PROROKOT
Да,за мошти зборам..Некој ни го наметнал ваквиот начин на верување за да му бидеме постојано овци за колење а тој некој не е Исус..
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Да,за мошти зборам..Некој ни го наметнал ваквиот начин на верување за да му бидеме постојано овци за колење а тој некој не е Исус..
И во католичката го има истото и тоа ако се следи историски е од многу одамна, со векови, уште се имало кралеви и слично (претежно такви биле погребувани во храмовите, демек свети, крал).
Нема историски во источната православна црква документи за први мошти и кој ги поставил во храмовите?
А и со која цел? Да докажат дека телото останува непроменето или дека лекува?
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.290
И во католичката го има истото и тоа ако се следи историски е од многу одамна, со векови, уште се имало кралеви и слично (претежно такви биле погребувани во храмовите, демек свети, крал).
Нема историски во источната православна црква документи за први мошти и кој ги поставил во храмовите?
А и со која цел? Да докажат дека телото останува непроменето или дека лекува?
Мислам дека само двајца луѓе се живи вознесени на небесата Илија и Енох за други не знам..Разликата помеѓу Христос и Христијанството се небо и земја..Ја до сега немам идено во Острог и не планирам да одам..Некој вика дека се работи за портали за привлекување на демонските сили и после се враќаш бетер од таму него кога си отишол..

пи ес.Енох жив вознесен а му ја кријат книгата и тропаат дека била апокрифна..па кој кого онади овде луѓе божји..

11.5 Преку вера Енох беше преселен, за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели..Зашто пред преселувањето тој доби сведоштво дека Му угодил на Бога
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Пророк кој ни ја наметна оваа вера со идолопоклонство и касапење на луѓе и префрлање на нивни делови од телото по разни цркви и манастири и каде Исус Христос има изјавено нешто во врска со таквиот начин на верување.Се додека не ги исфрлиме таквите работи и не почнеме да се трансформираме внатрешно ќе гинеме,ќе се уништуваме,страдаме и намалуваме и ќе нема несреќа која ќе не одмине..
Мислиш на моштите од Светиите, кои се разделени по црквите и манастирите од помесните Цркви?...

Не е тоа никакво идолополноство, туку напротив-материјален доказ за можноста од нетрулежност од човековото тело, а воедно и доказ дека Светиот Дух ја дели благодатната енергија врз Богоугодните поединци по Црквите низ Светов.

Тоа што во поедини манастири и Цркви низ Македонија се наоѓаат свети мошти, треба да ни биде чест, не идолатрија...

Во манастирот „Св. Јован Бигорски„ се наоѓа честичка (ситно парче дрво) од крстот на кој Христос беше распнат и убиен. Според тебе, дали тоа е идолатрија?...
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
949
Поени од реакции
967
Христијанството луѓе е највистинската религија во земјата, се што е содржано во неа е чиста вистина и не е идолопоклонство ништо во христијанството, па дури и молење, бакнување и поклонување на иконите.
Ние веруваме единствено во живиот Бог кој дојде меѓу луѓето и му се откри на Симеон пред да премине од сегашниот лажлив век, му се даде како младенче, но му се откри и како совршен Бог.
Библијата е веродостојна и прецизна за сите работи што ве интересираат, благодарам на Бога за сиот тежок момент што ми се обрати преку библијата. Знајте дека ако се причестувате, ќе бидете спасени, без причест нема спасение, ни ништо на овој свет нема смисла без воскреснувањето.
Речете и на душата своја: ,,Стани душо моја, не спијај, да не те начека Господ како спиеш па да бидеш погубена, биди будна душо моја и моли му се на Господ и него обрати му се, оти се веќе се остварува спрема писмото што е проречено".
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.793
Поени од реакции
21.338
Енох и Езекиел имасфа контакт сс екстратерестриал,слично како ск што људи изјавуеф дека су киднапирани од елиенофци за вршење на експерименти.
Енох убаво ги опишуе двоица "ангели" кои га водиф у непознато,високи ентитети сс сјајни очи и чудну облеку(нешто као наса одело).
Езекиел опишуе некои чудни летала кои кд се приземјиле имале тркала кои идеф у сфи прафци.

Затој су избацени од Библију тија делови.

Самуел Ел Џексон у Палп Фикшн га цитира Езекиела пред да ги изрока онија у собу.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.290
Мислиш на моштите од Светиите, кои се разделени по црквите и манастирите од помесните Цркви?...

Не е тоа никакво идолополноство, туку напротив-материјален доказ за можноста од нетрулежност од човековото тело, а воедно и доказ дека Светиот Дух ја дели благодатната енергија врз Богоугодните поединци по Црквите низ Светов.

Тоа што во поедини манастири и Цркви низ Македонија се наоѓаат свети мошти, треба да ни биде чест, не идолатрија...

Во манастирот „Св. Јован Бигорски„ се наоѓа честичка (ситно парче дрво) од крстот на кој Христос беше распнат и убиен. Според тебе, дали тоа е идолатрија?...
Вака како е поставено православието ми прави конфузија во глава и не можам да најдам нзс(мислам ја можам ама да не сум премногу директен) и наместо да му се обратиме директно на Исус Христос да не извади од проблемот(на своја кожа осетив и ми е докажано) ние гледаме во парче дрво целите во занес(ко под магија) кое кој знае од каде е и дали има врска со него..
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Вака како е поставено православието ми прави конфузија во глава и не можам да најдам нзс(мислам ја можам ама да не сум премногу директен) и наместо да му се обратиме директно на Исус Христос да не извади од проблемот(на своја кожа осетив и ми е докажано) ние гледаме во парче дрво целите во занес(ко под магија) кое кој знае од каде е и дали има врска со него..
Ако, како велиш, имаш „конфузија„, тоа значи дека учењето од Црквата, кое е и едноставно и сложено во исто време, не ти е доволно „налегнато„ и (ќе) треба да поднаучиш и прифатиш уште куп други нешта, за да можеш постепено да го прифаќаш црковно учење онака како ни е дадено и од Бога, и од Апостолите и од сите Светии во Црквата.

Директно обраќање од верните кон Хроста Бога постои и тоа се извршува преку секојдневното молитвено правило, како и преку молитвите кои се одредени за посебни потреби (Свети Тајни).

Моштите, кои се „последица„ од благодатта Божја, имаат исцелителни/лековити моќи. Тркни до некој од нашиве манастири и обрати се до монасите, тие ќе ти посведочат...
 
Член од
23 август 2024
Мислења
404
Поени од реакции
796
Јас како голем непознавач на Библијата сакам да прашам дали некаде во неа пишува дека треба да се толкува не буквално, туку преносно односно метафорично и симболично, и ако да, дали пишува дека цела треба така да се толкува, и ако не цела, дали постои упатство кои делови се буквални а кои метафорични?
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.209

Параболите кои ги кажува Исус се со симболично значење.
Некои делови како на пример мачењето и распетието се настани.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Параболите кои ги кажува Исус се со симболично значење.
Некои делови како на пример мачењето и распетието се настани.
Тие настани се составен дел од животот на секој човек.
Вие го осудувате.
Вие го рапснувате.
И воскреснува пак.

Со тоа што, луѓето тој настан го гледаат како сосема друго доживување , темелено на љубовта (емоциите) и телесно соединување.

Во суштина тоа е свадба.

Сигурно ќе прашаш зошто?

Сексот параболата за распнување, кога мажот ќе ја "прободе" жената и ќе потече крв и вода, а таа ќе му го даде "сунѓерот" со вкус на жолчка и киселина.
Иако сте двајца, вие сте едно тело, тоа едното е што "умира" и повторно воскреснува и излегува од утробата на жената.
Сигурно си присуствувала на некоја свадба и кога ќе прашаат "дали има некој против овој брак"?
Молчењето е ваше одобрение да биде "распнат".

Приказната е искажана во духовна смисла и самите ликовите се метафора., не само содржината на приказната.

Зборува за човек и неговата промена, раст, за телото и емоциите.
И што се случува ако пред да се осознаеш себеси го заземеш местото на бог и создадеш човек.

Во битие е со поинакви зборови напишано, а се однесува за исто.
Ако вкусиш од плодот , ќе умреш.
Плодот е сексот.

Понатака,а жената ќе и ја гази главата на змијата-го "убива" старото време , со раѓање на ново.

Приказната за Исус, во голема мера е парабола!
 
1730579737361.png
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Јас како голем непознавач на Библијата сакам да прашам дали некаде во неа пишува дека треба да се толкува не буквално, туку преносно односно метафорично и симболично, и ако да, дали пишува дека цела треба така да се толкува, и ако не цела, дали постои упатство кои делови се буквални а кои метафорични?
Толкувањето на Светото Писмо, дали е фактичко, дали е симболичко или метафоричко или нешто „шеснаесетто„, веќе е сторено од Светите Оци, кои се единстено „квалификувани„ за толкување на Писмото. Така, барај ги тие толкувања. Кај нас, проф. Ратомир Гроздановски има издадено повеќе книги со толкувања на книгите од Новиот Завет.

Од самите записи, не е тешко да се распознае што е реален настан а што симбол, иако настанот сам по себе може да биде и симбол и метафора.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
949
Поени од реакции
967
Секоја вонбрачна врска на мажот или жената е грев и проклетство.
Оваа заповед ги опфаќа сите форми на сексуални појави пред и надвор од бракот: флертување, „експериментални бракови“, перверзии, блудство, проституција, порнографска литертура и филм, недолични изрази...
Господ Исус Христос потенцирајќи ја оваа заповед рекол: „Сте слушале
дека на старите им било речено: ‚Не пељубодејствувај!‘ Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое.
Ако те соблазнува десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрленово пеколот. И десната рака ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; оти подобро ти е да погине еден твој дел, отколку целото твое тело да биде фрлрно во пеколот“ (Мат. 5, 27 - 30).
Ова е речено симболично и значи да ги отфрлиме сите грешни мисли и желби, и на таков начин да ја избегнеме можноста да сториме грев.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.109
Поени од реакции
10.138

Ич не му требаше оваа заповед со прељубата...ама тоа е, што е!
Сите сме грешни.
А дали гледање туѓи голи задници на форум или на слики од списанија е грев?
;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom