Прашање за Христијанството III

Член од
3 септември 2010
Мислења
6.603
Поени од реакции
9.238
Сметам дека @GhostLeader веќе ти одговори, а нешто слично имам и самиот напишано: дека е тешко да се направи „идеален„ превод од еден на друг јазик, а без да се изгуби „нешто„ во преводот, како што е неизбежна загубата при преодот од една во друга состојба.

Уште е потешко да се направи превод на еврејски запис од пред 3500-3600 г. на македонски или некој од словенските јазици.
,

Tочно. И тоа не можеш идеален превод да направиш од српски на македонски, а камоли од старохебрејски на македонски. Но тоа претежно се однесува на зборови кои означуваат апстрактни поими.
На пример, српските глаголи кои означуваат сосема различни дејства volеti, želeti и hteti на македонски сите овие ги преведуваме како сака, а значењето го доловуваме од реченицата во која се употребени.
Исто грчките именки кои имаат сосема различно значење ерос, филос, сторге и агапи, ние на македонски ги преведуваме само со еден збор - љубов.

Но, произволно менување на глаголски времиња при превод е сосема друга работа и сметам дека таков пропуст е недозволив. Друго е на пример, ако јазикот нема такво време, како што некои јазици немаат идно време. Но хебрејскиот има и минато и идно време. И словенските јазици имаат и минато и идно време, па според тоа, нема потреба од никакви усогласувања при преводот.

Во Црквата, вистината се наоѓа во духот од учењето (во целината), а како што некој рекол, „...ѓаволот се крие во деталите...„.
Тука си сосема во право. И некои антихристови следбеници (знаеш кои, да не ги рекламирам), произволно го смениле идното време во И пак ќе дојде со слава (Исус Христос) во минато време и си мислат дека Веќе дошол. Затоа сметам дека е многу неодговорно да се менува глаголско време, ако нема КРАЈНА потреба.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тука си сосема во право. И некои антихристови следбеници (знаеш кои, да не ги рекламирам), произволно го смениле идното време во И пак ќе дојде со слава (Исус Христос) во минато време и си мислат дека Веќе дошол. Затоа сметам дека е многу неодговорно да се менува глаголско време, ако нема КРАЈНА потреба.
Ако вистината се наоѓа во целината и ако не треба непотребно да се менува значењето на одреден збор или реченица, што е со Марко 13:30? Во овој стих, кога Исус е прашан кога ќе се случат тие предзнаци што ќе укажуваат на последните денови а со тоа и на неговото враќање, евангелието го вели следново:

Марко 13
30. Вистина ви велам: нема да помине оваа генерација, дури сето тоа не се збидне.

Еве го оргиналниот текст на грчки:

ἀμὴν λέγω ὑμῖν ὅτι οὐ μὴ παρέλθῃ ἡ γενεὰ αὕτη μέχρις οὗ ταῦτα πάντα γένηται.
γενεὰ - generation.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А, не ти текналео, дека можеби е протестант:)
Таа можност е секогаш отворена...[DOUBLEPOST=1411238883][/DOUBLEPOST]
,
Тука си сосема во право. И некои антихристови следбеници (знаеш кои, да не ги рекламирам), произволно го смениле идното време во И пак ќе дојде со слава (Исус Христос) во минато време и си мислат дека Веќе дошол. Затоа сметам дека е многу неодговорно да се менува глаголско време, ако нема КРАЈНА потреба.
Посочи, колку е временското траење на временскиот израз „јом„?
Или, на кое време се однесува афирмацијата „амин„?[DOUBLEPOST=1411239236][/DOUBLEPOST]
,
Но, произволно менување на глаголски времиња при превод е сосема друга работа и сметам дека таков пропуст е недозволив. Друго е на пример, ако јазикот нема такво време, како што некои јазици немаат идно време. Но хебрејскиот има и минато и идно време. И словенските јазици имаат и минато и идно време, па според тоа, нема потреба од никакви усогласувања при преводот.
.
Верните во нашата „соседна„ религија, велат дека нивната света книга е непорменета во минатите 14 векови: нема никакви промени во истата, дотолку повеќе што им е откриена на само еден јазик (арапски) па кој сака да го проучува Исламот, мора да научи и арапски јазик.

Дали ненемливоста на наведената книга ги обликува нејзине поклоници во доблесни луѓе?
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.603
Поени од реакции
9.238
Таа можност е секогаш отворена...[DOUBLEPOST=1411238883][/DOUBLEPOST]
Немој со такви ad hominem аргументи.


Посочи, колку е временското траење на временскиот израз „јом„?
Или, на кое време се однесува афирмацијата „амин„?[DOUBLEPOST=1411239236][/DOUBLEPOST]
יוֹם (yом) значи временски период со неодредена должина, од еден ден до вечност.

Афирмацијата "амин" e вонвременска и вонпросторна, зашто се однесува на Бог и значи вечна Божја Вистина, Почеток и Оној Кој вечно Е жив.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
יוֹם (yом) значи временски период со неодредена должина, од еден ден до вечност.
.
Кога еден „јом„ е еден ден, а кога еден „јом„ е подолг временски период, при преведување од еврејски на друг јазик?[DOUBLEPOST=1411242891][/DOUBLEPOST]
Афирмацијата "амин" e вонвременска и вонпросторна, зашто се однесува на Бог и значи вечна Божја Вистина, Почеток и Оној Кој вечно Е жив.
Изразот „амин„ се преведува како:
-„така е„.
-„така нека биде„,
што значи дека опфаќа и сегашно и идно време. Би било нелогично некој да благословува во минато време, нели...

Така, како што „јом„ може да биде и „ден„ а може да биде и подолг временски период„, како што „амин„ означува афирмација и во сегашно и во идно време, така е тешко да се направи „идеален„ превод на Писмото.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Прашање до христијаните:
Колку грама ураним се потребни за да заменат поле со ветерни мелници од еден квадратен километар?

П.С. Се надевам @Изгрев го знае одговорот па ќе не удостои со истиот.

Имаш две грешки на прашањево и тоа:
1. Немаш дефинирано колкава е моќноста на ветерниците
2. Немаш дефинирано за кој ураниум станува збор
:P
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Цел- духовен раст,спасение.
Два вида- Василева(според Василиј велики- 10 пати во годината) и Златоустова(според св. Јован Златоуст останатиот дел од годината)...
И трета Јаковлева, која се врши само на денот на св. Јаков
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Едно прашање што го имав претходно поставено али не добив одговор.
Дали господ лаже или пак сака да си игра мајтап?
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Ако вистината се наоѓа во целината и ако не треба непотребно да се менува значењето на одреден збор или реченица, што е со Марко 13:30? Во овој стих, кога Исус е прашан кога ќе се случат тие предзнаци што ќе укажуваат на последните денови а со тоа и на неговото враќање, евангелието го вели следново:

Марко 13
30. Вистина ви велам: нема да помине оваа генерација, дури сето тоа не се збидне.

Еве го оргиналниот текст на грчки:

ἀμὴν λέγω ὑμῖν ὅτι οὐ μὴ παρέλθῃ ἡ γενεὰ αὕτη μέχρις οὗ ταῦτα πάντα γένηται.
γενεὰ - generation.
γενεὰ е РОД во тој контекст...
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Да се потсетиме:
ОК, супер е ова за почеток
Сега, која е разликата во Васил и Златоуст?
Потоа, извршувачот, еден или може повеќе? Ко на свадба на пример што прават и до 5-ца.
Зошто е потребно тоа надополнување? Која е улогата на извршувачот, а која на хорот?
Кога за прв пат се појавила литургијата?
Кој ја вовел?
Колку свети тајни има?
Дали во библијата е опишана литургијата?
Дали има исповед и дали е истото запишано во библијата?
Ако НЕ, тогаш како се има појавено?
Претерав со прашањава, ..... но нека стојат како патоказ, па да почнеме со првите 3 е сосема доволно
Мики, предложив да бидат само првите три прашања за да не се изгуби и во динамика и во континуитет.
-Го спомна изгрев со неговиот одговор, но тој само кажа дека едното е 10дена во годината, а другото во останатите. Не е комплетно, зошто е тоа така? И која е разликата помеѓу тие две?
-Значи само еден, ОК(y)
-Комуникација, а? Хммм, Зошто е одбрана таквата комуникација? Што зборат? Зошто комуникацијата не е на ниво на зборови? Зошто е потребен тој вознес на умот на тој начин и кој го открил?

За другите во продолжение, нели?;)
[DOUBLEPOST=1411254554][/DOUBLEPOST]Делимичниот одговор кој го добив од мики е:
- Разликата меѓу литургиите од Светите Василиј и Златоуст не ја знам, ама мислам дека Изгрев ја објасни.
- Една литургија води еден свештеник. Можат да бидат присутни и други парохиски свештеници, но само еден од нив ја служи литургијата: барем така знам и тоа го гледам на литургија.
- Свештеникот и штецот (или хорот) практично „разговараат„ едни со други во текот од литургијата и ја надополнуваат службата како заедница помеѓу овосветовната и Небесната Црква. Пеењето кај луѓето, секогаш е поврзано со вознес на умот кон Небесата а не кон испразни песнопојки.
- Првата литургија е напишана од Св. Ап, Јаков, ми се чини наречен и „брат Господов„, односно еден од синовите од праведниот Јосиф, очувот Исусов.
- Црквата има 7 Свети Тајни: крштевање, миропомазание, брак, исповест, причест, маслосвет и свештенсто.
- Во Библијата е опишано „кршењето леб„, (види во Делата, 2.42), односно причеста, која е придружена со заедничарење, односно еден ран вид литургија.
- Исповеста е дадена лично од Господа: види во Јаков, 5.16., а поврзано со проштевањето на гревовите: види во Јован, 20.23.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Не е точно! γενεὰ на грчки е генерација, не род!
ТОЧНО Е! А акознаеш повеќе од мене како е РОД на грчки?.... лелееее доста ми е од овие што си ја вртат водата на нивна воденица како им одговара...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.603
Поени од реакции
9.238
γενεά

Едно од значењата е севкупното мноштво од луѓе кои живеат во исто време, како што е во Марко 13:30

3.the whole multitude of men living at the same time: Matthew 24:34; Mark 13:30; Luke 1:48 (πᾶσαιαἱγενεαί); ; Philippians 2:15; used especially of the Jewish race living at one and the same period: Matthew 11:16; Matthew 12:39, 41f, 45; Matthew 16:4;Matthew 23:36; Mark 8:12, 38; Luke 11:29f, 32, 50; Luke 17:25;Acts 13:36; Hebrews 3:10; ἄνθρωποι τῆς γενεάς ταύτης,Luke 7:31; ἄνδρες τῆς γενεάς ταύτης, Luke 11:31; τήνδέ γενεάν αὐτοῦ τίς διηγήσεται, who can describe the wickedness of the present generation, Acts 8:33 (from Isaiah 53:8the Sept.) (but cf. Meyer, at the passage).

За другите значења на γενεά види на следниов линк:

http://biblehub.com/greek/1074.htm
 

Kajgana Shop

На врв Bottom