Браос за тебе, добро дете си, иако не приметуваш дека ти помагам...
Сите наши претходници умреле во незнаење според тебе, по твојава логика највероватно и ние, а тешко и на тие во иднина.
Разбираш ли у каква состојба си?[DOUBLEPOST=1409673604][/DOUBLEPOST]
Без коментар.
ДА, во овосветовна состојба. Пошто само оваа ја познавам.
Тоа што умреле во незнаење, не го менува фактот дека дека нема доказ.И ДА, вероватно и ние ќе умреме без да знаеме дали е тоа така или онака.
Но имам едно прашање за тебе, што ако не постои ништо после смртта? Што ако ти се случи исто ко на животните? Дали тогаш имало поента тоа твое верување?
Ајде да претпоставиме дека ти си во право и дека Бог не постои. Која е смислата на твоето постоење? Која е смислата да си го губиш драгоценото време од животот читајќи и дискутирајќи на форумов? Зарем не би бил посреќен кога би немал разум, туку само инстинкти? Кога ќе бидеш гладен ќе се најадеш, кога ќе ти се крене либидото, ќе легнеш некоја и ќе бидеш среќен. Вака, знаеш дека си смртен и дека ништо не можеш да промениш и сето образование, учење, морални вредности, духовно усовршување сето тоа е залудно бидејќи ќе падне во вода кога ќе умреш. Зошто си живеел? Која била целта на твоето постоење на Земјата?
Некако одговоров не коренспондира со мојот пост, ко да ги избегнуваш целиот тој пост. Но ќе ти прифатам и ваква дискусија.
Јас, а и сите други појма немаат од тоа дали има смисла нашето постоење. Тоа е исто и ко да се прашаме зошто постојат животните/инсектите? Е сега, пошто како што спомна имаме разум, па затоа и си ги поставуваме тие тешки прашања. И затоа трагаме. И ќе трагаме додека не дојдеме до одговорот.
А за другиот дел околу тоа дал ибибил посреќен ако немам/немаме разум? Па ДА, сигурен сум дека би биле посреќни, немало да се распараваме/војуваме, немало да се убиваме, немало да има сиромашни и богати, не би имало ништо од она што не прави луѓе, а воедно и тоа е проблемот/злото. Животните не знаат за убиство, не знаат за пари, знаат само да се прехранат и како што спомна крене либидото.
Со ова пак се наметнува едно друго прашање: Дали бог навистина не сака кога не остава да бидеме такви какви што сме? Ако е семоќен, тогаш за него е многу лесно да го уништи злото/ѓаволот. Нели ѓаволот е отпаднат ангел, кој всушност е подреден на бога, а со тоа и нема толкава моѓ/сила да се спротистави рамноправно со бог? Тоа е исто ко со индијанците и каубојците. Едни со лак и стрелли, други со пушки и пиштоли. Се знае однапред резултатот. Така и со бог, ......... има и пушка и пиштол, ама си ги чува во фиока. И затоа што тој толку многу не сака
[DOUBLEPOST=1409674470][/DOUBLEPOST]
Нели беше атеист? или сега агностик стана?[DOUBLEPOST=1409674558][/DOUBLEPOST]
Тој напредна од атеист стана агностик.
Атеист до јаја. А колку за твоја информација, исто ко и теизмот има неколку свои деноминации, меѓу кои и агностицизмот.
Јас НЕ верувам во бог/богови. Јас не тврдам дека нема бог/богови. Огромна разлика. Но тебе ти промакна некако. Не е никаков напредок.
Него, пак нешто ми цитираш, ама не те разбирам. А ти поставив просто прашање, дури и одговор дадов во твое име на кој само требаше да напишеш ДА или НЕ, односно дали е така или не. Но ти некако ни тоа не го разбираш. Не знам како поинаку да го преформулирам прашањето за да добијам конкретен одговор.