kooperativa
Г-ин Пола Милениум
- Член од
- 2 октомври 2012
- Мислења
- 7.633
- Поени од реакции
- 8.601
1. Што си доживеал?1. Знам дека не ме разбираш, треба да го доживееш.
2. Напротив може, тоа е целта, ако човек е позитивен само при позитивни надворешни влијанија тој ништо не постигнал, а станал зависен од тие најчесто променливи влијанија. Тоа што си го напишал за стравот и религијата е апсолутно неправилно, резултат од неправилно толкување и разбирање на истата, како и резултат на богоборството. Религијата го дава точно обратното- НАДЕЖ, СИГУРНОСТ, а не страв и фобија. Тука имам и прашање до тебе од кај знаеш што дава верата кога не веруваш?
3. Сето тоа што си го напишал е матријално кое што значи променливо не постојано, и штом по таков начин се постигнало позитивно мислење, такво и ќе биде - непостојано.
2. Значи ти си робот, така? Интересно. Значи ти си имун на се' што се случува околу тебе? Не е важно дали некој крвари, ама тебе те боли уво и си проаѓаш покрај него ко да не е тука, така? Или пак ја силуваат некоја, ти ќе им се приближиш и ќе ги замолиш, ко прав христијанин да не го прават тоа и дека тоа ќе ги однесе во пеколот? Или пак ако те засегнува тоа дејание, ќе ја земеш првата даска или камен и ќе пробаш да ја одбраниш кутрата девојка?
2а. Како тоа надеж? Базнирано на страв? Ќе се молам на бога секој ден, постам секоја среда и петок за да идам во рајот, во спротивно ќе ме прати во пеколот!!! Не е тоа уцена, а уцената за да се засили стравот кај поединецот? То е исто ко да кажам “ќе ти силувам женско челаде ако не ми ги дадеш парите“. Ти од страв, ќе потклекнеш на уцената и “ќе направиш добро дело“. Или ај друг пример, ако тој ти е многу екстремен, .......... Кој е тој твој бог да ми суди на мене ако не го признавам, или поточно кажано верувам во него? Може ли да ми суди друга држава за .............. било кое криминално дело што сум го направил во Македонија? Тој може да си суди меѓу своите верници, а не и на оние кои ги не го признаваат.
3. Живееме во материјален свет. Се што не опкружува е од некаков материјал. А тие материјали играат улога во нашето расположение. Нема да идам многу далеку, доволно е пред 300 год кога не постоела струјата. Тогаш тој што немало да собере доволно дрва за зимата бил во многу полоша состојба него оној кој има. Или ......... ти и верниците се исклучок од ова и ако се навратам на точка 2 би испаднало дека тебе би ти било и топло во куќата во која е -15 степени?