Скептичен сум околу црковната приказна за падот.
Секако повторно е нелогична (за мене). Знам дека мислиш дека човечкото тело се состои од материјални и духовни елементи и колку што разбрав, веруваш дека свеста се наоѓа токму во духовниот дел т.е. душата!
Значи ли тоа дека енергијата на паднатиот ангел кога ќе навлезе во било кое суштество, таа не се спојува со истото (веќе ми одговори на ова прашање)? Тогаш веројатно таа енергија ќе ја истера старата душа, се населува и го контролира човекот! Односно како потоа егзорцистот (како што рече, може да биде секое свето лице) го истерува демонот и ја враќа душата на кревкиот?
И уште едно прашање, дали поедината душа расте и се развива, како што расте и се развива самиот човек?
Од одговорите сум задоволен, никаде не спомнав дека не сум, а тоа што не се сложувам темелно со тебе, тоа е веќе сосема друго прашање и сосема друга приказна.
Како прво, не разбрав дали ти е одговорено на прашањето или не?! Ке се обидам да бидам појасен:
Човекот не се состои од "материјални и духовни" елементи туку е сложено битие (за разлика од животните, птиците и другите овоземски створови) бидејќи е од дух и од тело. Значи дух (или душа) + тело = Човек! Ангелите се личности кои се пред се духовни (не се како Бог чија суштина- материја, неможе човек да ја спознае) туку се ограничени во времето и просторот. Според Светото Писмо и Црковното Предание, гледаме која е улогата на ангелите (од грчки ГЛАСНИК) и кои се ангелските чинови според службата која ја имаат од Бога. Бидејќи се личности, ограничени во простор и време, тие не се СЕГДЕПРИСУТНИ како Бог, туку можат да бидат на едно место и во одредено време.
Муабетот ми беше дека според сите работи кои ги изнесов погоре може да се заклучи едно, дека Ангелите се небесни суштества, создадени од Бога што знали не се "некакви енергии" црни или бели кои немаат свест па така влагаат во некој човек по некаква случајност (штом се енергии како што наведе дека мислиш, а не личности). По кој критериоум тогаш избираат да влезат во кој човек? Тоа е едно сериозно прашање од моја страна. Меѓу другото, кај човекот е неразделива природата (дух и тело). Штом се раздвојат настапува смрт, што пак би значело дека по твоја гледна точка со обземањето на човека од демон, што се счучува со душата? Каде оди таа, на пуш пауза додека не се изгони демонот? Нема смисла! Значи неможе Ангел + Човек = Човек?!
Тоа би било накратко (и навистина е) во врска со темата што ја постави која е доста опширна и зафаќа две поглавја од Православното Богословие (Антропологија и Ангеологија). Ако требе посебен детаљ за објаснување нека се наведе, а ако джабе везам ондак смени тема во подфорумов!
...
Тој друг свет е паралелен на овосветовниот. По затварањето на овосветовните телесни очи се отвараат духовните кој личноста се буди во својот матичен свет одкаде потекнува каде по неговиот живот поминат на земјата ќе му се суди дали ќе биде поблиску до Бога или поради неговите зли дела одалечен од Бога т.е неговиот творец.
Незнам што сакаше да кажеш, но
духовните очи се отвораат и во овој свет преку пост, молитва и општење со Бога Живиот! Кој е тој матичен свет на душата кога настанала во ист момент кога и телото а душа без тело не постоела претходно (ерес од Ориген) ниту телото постоело пред душата! По затварање очи, душата заминува кај Творецот на привремен суд, чекајќи го Вечниот Суд каде ќе се представи во веќе добиенот вечно нетрулежно тело за да воскресне во Бога или за вечни маки во Пеколот.[DOUBLEPOST=1400789919][/DOUBLEPOST]
А најчесто, врз што се темелат тие книги?
И како може душата да има свест? Дали и ти мислиш дека сите чуства и емоции потекнуваат од самата душа?
Како комплексно творение, како што претходно наведов, чувствата и емоциите се реакции како на телесното, така и на душевното така да потекнуваат и од телото и од душата како взаемна реакција на она што човек , на пр. го гледа со телесни очи, доживува врз своја кожа и.т.н.