Прашање за Христијанството III

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Dumbledore мозокот нема никаква улога во вонтелесното битсување на постоењето.Демоните можат да говорат на било кој јазик на кој и ќе посакаат бидејки поседуваат моќ за истото и постојат уште пред да биде создаден човекот и имале доволно време да научат/изучат сите можни мозочни келии,итрини и аномалии на човечката огревовеност.

Ако веќе говориме за јазиците мајчиниот јазик на тогашните Евреи и времето кога Спасителот на светот со Апосотолите бил и говореле на Арамејскиот кој е веќе изумрен и кој во современиов свет се користи во многу мал број на граѓани.
Демонологијата воопшто не ме интересира, но ме интересира, дали има пишани или материјални докази за потврда на истово?
И мозокот има и те како важна улога. Ако е така тогаш и покојниот може па продолжи да чита и учи по смртта! Може да се сеќава на се затоа што мемориите се скриени длабоко во душата (гледано од религиозен агол) односно не му треба мозокот како орган!
Но ти кажа дека тоа не е од овој свет и нема логика. Добро, но ако нема логика, како човекот ќе го сфати и пред се ќе поверува во истото? И исто така многу важно, од кој друг свет? Друга димензија или?
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Нема логика. Да речеме дека некој демон (црна енергија) навлезе во некое човечко тело. Тој може да се однесува според и до степенот на знаење на самиот човек затоа што во својата духовна форма нема мозок т.е. не може да размислува. Односно значи дека не може да зборува латински, грчки или некои заборавени стари јазици ако самиот поединец не ги знае истите. И ако и тоа нема логика, 2 духовни тела во едно материјално, ама за тоа веќе дискутиравме.
И не разбирам, како мислиш (или на што мислиш) околу јазиците кои се зборуваат во рајот? Има ли некој Библиски цитат или некој друг доказ?
Демонот е паднат ангел, што значи свесно битие кое по своја воља одлучило да се побунтува против Бога. Значи, немора да има мозок како човек за да размислува, туку нивната свесност е во зависност од ншто друго. Слично на тоа е и душата човечка која и покрај смртта (одвојување од телото) останува свесна.
Според тоа, има способност да размислува, да учи па знаењето јазици не би било проблем. Значи кога човек е опседнат, тоа не значи дека тој се спојува со демонот и стануваат ЕДНО! Црна енергија алудира на нешто што постои, што нема свест која сама по себе како би можела (безсвесно) да одлучи да влезе во човек за да го обземе? Значи нема логика.
Демонологијата воопшто не ме интересира, но ме интересира, дали има пишани или материјални докази за потврда на истово?
И мозокот има и те како важна улога. Ако е така тогаш и покојниот може па продолжи да чита и учи по смртта! Може да се сеќава на се затоа што мемориите се скриени длабоко во душата (гледано од религиозен агол) односно не му треба мозокот како орган!
Но ти кажа дека тоа не е од овој свет и нема логика. Добро, но ако нема логика, како човекот ќе го сфати и пред се ќе поверува во истото? И исто така многу важно, од кој друг свет? Друга димензија или?
Мозокот има улога, ама како што реков до одреден степен, најверојатно додека е душата во телото заради координација со телото (движења и сл.). Душата има свесност и мемории, со што улогата и значењето на мозокот не е примарна. Сега, со телесната смрт човекот го губи телото и душата оди при Бога, чекајќи го Вечниот Суд каде повторно секој човек ќе добие повторно тело, кое овој пат нема да биде трулежно и ќе биде вечно. На едните за вечни маки, ана други за вечен живот во рајот со Бога. Затоа и велиме дека човекот е психофизочко битие, составено од тело и дух (душа).
Тоа е накратко, ако не си задоволен од прашањата, прашај нешто поконкретно.
 
Скептичен сум околу црковната приказна за падот.
Секако повторно е нелогична (за мене). Знам дека мислиш дека човечкото тело се состои од материјални и духовни елементи и колку што разбрав, веруваш дека свеста се наоѓа токму во духовниот дел т.е. душата!
Значи ли тоа дека енергијата на паднатиот ангел кога ќе навлезе во било кое суштество, таа не се спојува со истото (веќе ми одговори на ова прашање)? Тогаш веројатно таа енергија ќе ја истера старата душа, се населува и го контролира човекот! Односно како потоа егзорцистот (како што рече, може да биде секое свето лице) го истерува демонот и ја враќа душата на кревкиот?
И уште едно прашање, дали поедината душа расте и се развива, како што расте и се развива самиот човек?
Од одговорите сум задоволен, никаде не спомнав дека не сум, а тоа што не се сложувам темелно со тебе, тоа е веќе сосема друго прашање и сосема друга приказна.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Демонологијата воопшто не ме интересира, но ме интересира, дали има пишани или материјални докази за потврда на истово?
Секако дека има не пишуваме тука измислици,Постојат еден тон книги и списи околу истото!

И мозокот има и те како важна улога. Ако е така тогаш и покојниот може па продолжи да чита и учи по смртта! Може да се сеќава на се затоа што мемориите се скриени длабоко во душата (гледано од религиозен агол) односно не му треба мозокот како орган!
Точно! Душата по смртта е целосно свесна за себе од овој свет.Мозокот како телесен орган е потребен само за телесното додека во духовното бестелесно постоење духот односно човечкото постоење постои нешто како свеста па духот го прави телото живо.

Но ти кажа дека тоа не е од овој свет и нема логика. Добро, но ако нема логика, како човекот ќе го сфати и пред се ќе поверува во истото? И исто така многу важно, од кој друг свет? Друга димензија или?
Преку Духовниот опит,подвигот во верата!

Тој друг свет е паралелен на овосветовниот. По затварањето на овосветовните телесни очи се отвараат духовните кој личноста се буди во својот матичен свет одкаде потекнува каде по неговиот живот поминат на земјата ќе му се суди дали ќе биде поблиску до Бога или поради неговите зли дела одалечен од Бога т.е неговиот творец.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Во случајов те возат тебе који добро ти го извозеле духовниот живот!

За да ти биде појасна состојбата е следна:
Душата е бесмртна и вечна се раѓа и вечно постои тоа е светот на духовноста.како и ангелите и демоните .Постоењето е во зависност од состојбата на душата дали е светла или темна!
Пеколот не е надворешна димензија или геогравска положба туку парарелен свет одлепен /одалечен од Благотата Божја!
Сега наврати се на моите постови и прочитај меѓуредови! (ако веќе ти се чита ако не е дискусијава тролање од твоја страна)
Е па ај најпросто што може.

Демоните умираат во свињите и според твојот тие имаат темна душа.
Па каде идат у рајот или пеколот.

ПС дискусијава не е тролање туку методично разгледување на твоите постови.[DOUBLEPOST=1400769632][/DOUBLEPOST]
Одлично: бар‘ си ја признаваш грешката...[DOUBLEPOST=1400699730][/DOUBLEPOST]

Напротив: Богочовекот ги нарекува своите со изразот „...мало стадо...„ а не како „...апсолутно мнозинство...„, што значи дека не е пресуден кванитетот, туку поседувањето на вистината и начинот на спасение на душите човекови.

Да: многумина се повикани, а малкумина (ќе) се спасени.
Грешка... па не би рекол. Идеологијата е иста така да не е грешка.
А тоа дали биле дозволени или не икони по црквите, дали верските храмови ке ги нарекуваме цркви или катедрали и дали сметањето на времето ке биде по Јулиански или грегоријански календар според мене не ве прави различни.

...мало стадо... големината како што знаеш е релативна работа т.е. како доживуваш што е големо а што мало.
Од друга страна бројките никогаш не лажат.
Да точно квантитетот не е битен но од него произлегува сигурноста дека вие сте у право и да ја наложувате вашата идеологија врз другите
 
Последно уредено:
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Е па ај најпросто што може.

Демоните умираат во свињите и според твојот тие имаат темна душа.
Па каде идат у рајот или пеколот.

ПС дискусијава не е тролање туку методично разгледување на твоите постови.
Пуу тапа!
Абре ти ги читаш моите претходни постови?
Демоните како духовни битија и душата не умираат неколку пати ти потенцирав.Задача/Мислија,Дејност на нивното невидливо постоење на земјава на секој од нив е да ја угнетуваат човечката душа и однесат во пеколот па така откако демоните ги убиле свињите останале слободни во својата волја и најверојатно отишле да бараат друга душа/човек која ќе им се препушти!
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
според мене не ве прави различни.
О.К.
Го прифаќам Твојов коментар, но добро велиш: „...според мене (т.е. Тебе)...„, оти според другите, не си во право.[DOUBLEPOST=1400777452][/DOUBLEPOST]
...мало стадо... големината како што знаеш е релативна работа т.е. како доживуваш што е големо а што мало.
Што Богочовекот вели дека Неговите се „..мало стадо...„, тоа значи дека ги има, но не во мнозинство и без однапред утврден и точен број, оти врвењето по Христа е ствар на личен избор, а не на однапред определен резултат.[DOUBLEPOST=1400777527][/DOUBLEPOST]
Да точно квантитетот не е битен но од него произлегува сигурноста дека вие сте у право и да ја наложувате вашата идеологија врз другите
Ние сме во право, отии вистината и Вистината се во Црквата, но не гледам начин на кој нашата „идеологија„ им ја наложуваме на „другите„.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Незнаев дека еволуцијата, астрофизиката, геологијата и ред слични области биле дел од вашата идеологија.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Секако дека има не пишуваме тука измислици,Постојат еден тон книги и списи околу истото!

Точно! Душата по смртта е целосно свесна за себе од овој свет.Мозокот како телесен орган е потребен само за телесното додека во духовното бестелесно постоење духот односно човечкото постоење постои нешто како свеста па духот го прави телото живо.

Преку Духовниот опит,подвигот во верата!

Тој друг свет е паралелен на овосветовниот. По затварањето на овосветовните телесни очи се отвараат духовните кој личноста се буди во својот матичен свет одкаде потекнува каде по неговиот живот поминат на земјата ќе му се суди дали ќе биде поблиску до Бога или поради неговите зли дела одалечен од Бога т.е неговиот творец.
А најчесто, врз што се темелат тие книги?

И како може душата да има свест? Дали и ти мислиш дека сите чуства и емоции потекнуваат од самата душа?
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Скептичен сум околу црковната приказна за падот.
Секако повторно е нелогична (за мене). Знам дека мислиш дека човечкото тело се состои од материјални и духовни елементи и колку што разбрав, веруваш дека свеста се наоѓа токму во духовниот дел т.е. душата!
Значи ли тоа дека енергијата на паднатиот ангел кога ќе навлезе во било кое суштество, таа не се спојува со истото (веќе ми одговори на ова прашање)? Тогаш веројатно таа енергија ќе ја истера старата душа, се населува и го контролира човекот! Односно како потоа егзорцистот (како што рече, може да биде секое свето лице) го истерува демонот и ја враќа душата на кревкиот?
И уште едно прашање, дали поедината душа расте и се развива, како што расте и се развива самиот човек?
Од одговорите сум задоволен, никаде не спомнав дека не сум, а тоа што не се сложувам темелно со тебе, тоа е веќе сосема друго прашање и сосема друга приказна.
Како прво, не разбрав дали ти е одговорено на прашањето или не?! Ке се обидам да бидам појасен:
Човекот не се состои од "материјални и духовни" елементи туку е сложено битие (за разлика од животните, птиците и другите овоземски створови) бидејќи е од дух и од тело. Значи дух (или душа) + тело = Човек! Ангелите се личности кои се пред се духовни (не се како Бог чија суштина- материја, неможе човек да ја спознае) туку се ограничени во времето и просторот. Според Светото Писмо и Црковното Предание, гледаме која е улогата на ангелите (од грчки ГЛАСНИК) и кои се ангелските чинови според службата која ја имаат од Бога. Бидејќи се личности, ограничени во простор и време, тие не се СЕГДЕПРИСУТНИ како Бог, туку можат да бидат на едно место и во одредено време.
Муабетот ми беше дека според сите работи кои ги изнесов погоре може да се заклучи едно, дека Ангелите се небесни суштества, создадени од Бога што знали не се "некакви енергии" црни или бели кои немаат свест па така влагаат во некој човек по некаква случајност (штом се енергии како што наведе дека мислиш, а не личности). По кој критериоум тогаш избираат да влезат во кој човек? Тоа е едно сериозно прашање од моја страна. Меѓу другото, кај човекот е неразделива природата (дух и тело). Штом се раздвојат настапува смрт, што пак би значело дека по твоја гледна точка со обземањето на човека од демон, што се счучува со душата? Каде оди таа, на пуш пауза додека не се изгони демонот? Нема смисла! Значи неможе Ангел + Човек = Човек?!
Тоа би било накратко (и навистина е) во врска со темата што ја постави која е доста опширна и зафаќа две поглавја од Православното Богословие (Антропологија и Ангеологија). Ако требе посебен детаљ за објаснување нека се наведе, а ако джабе везам ондак смени тема во подфорумов!
...
Тој друг свет е паралелен на овосветовниот. По затварањето на овосветовните телесни очи се отвараат духовните кој личноста се буди во својот матичен свет одкаде потекнува каде по неговиот живот поминат на земјата ќе му се суди дали ќе биде поблиску до Бога или поради неговите зли дела одалечен од Бога т.е неговиот творец.
Незнам што сакаше да кажеш, но
духовните очи се отвораат и во овој свет преку пост, молитва и општење со Бога Живиот! Кој е тој матичен свет на душата кога настанала во ист момент кога и телото а душа без тело не постоела претходно (ерес од Ориген) ниту телото постоело пред душата! По затварање очи, душата заминува кај Творецот на привремен суд, чекајќи го Вечниот Суд каде ќе се представи во веќе добиенот вечно нетрулежно тело за да воскресне во Бога или за вечни маки во Пеколот.[DOUBLEPOST=1400789919][/DOUBLEPOST]
А најчесто, врз што се темелат тие книги?

И како може душата да има свест? Дали и ти мислиш дека сите чуства и емоции потекнуваат од самата душа?
Како комплексно творение, како што претходно наведов, чувствата и емоциите се реакции како на телесното, така и на душевното така да потекнуваат и од телото и од душата како взаемна реакција на она што човек , на пр. го гледа со телесни очи, доживува врз своја кожа и.т.н.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Незнаев дека еволуцијата, астрофизиката, геологијата и ред слични области биле дел од вашата идеологија.
Тачно: не се дел од нашата „идеологија„.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тогаш зошто "вашата идеологија" ја имплементирате на нив?
За која иделогија и за каква имплементација зборуваме? Кои се тие „нив„“?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За која иделогија и за каква имплементација зборуваме? Кои се тие „нив„“?
Кратка меморија, знам. Нема проблем, овде се останува запишано:
Ние сме во право, отии вистината и Вистината се во Црквата, но не гледам начин на кој нашата „идеологија„ им ја наложуваме на „другите„.
Незнаев дека еволуцијата, астрофизиката, геологијата и ред слични области биле дел од вашата идеологија.
Тачно: не се дел од нашата „идеологија„.
Е сега. Ако еволуцијата, астрофизиката, геологијата и слично не се дел од идеологијата на вашата црква, зошто вашата црква преку својата идеологија ги оспорува посочениве области?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom