Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема потреба да се осеќаш загрозен.Титулата “поставувач на неодговорени прашања“ не ми е воопшто примамлива :pipi:
Бегаш, а?...:sneaky:
--- надополнето: 3 март 2013 во 23:10 ---
Јас се извинувам што се дрзнувам да одговорам на твоево прашање,иако не сум деклариран Христијанин,но во право си,никаде не е забрането третирање на стерилитет или ин-витро оплодување,ниту во Стариот ниту во Новиот завет..
Во ред, тога, Ти, како нехристијанин, кажи ми и просветли ме: каде во Писмото е дозволен тој третман?
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
MIKI1 од толку “напади“ си станал параноичен па некој и да се накашла ти мислиш те напаѓа :D
Прашав затоашто искрено ме интересира а веќе видов дека се дискутира на таа тема. Моето досегашно мислење (сеуште) на тоа прашање е поинакво од твоите погоре напишани постови ама не ја исклучувам можноста дека некаде ми се провлекла информацијата незабележано. Затоа и си прашав. Ако имаш да ми посочиш одговор ОК ако немаш/несакаш пак е ОК.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
А уз пивце, сигурен сум дека ќе ми ги покажеш сите излечени слуачи, кои се побројни од луѓето кои јас лично ги знам?

А што мислиш, тие кои ги знам, нели се само дел од поголемата бројка од живи луѓе, кои јас лично не ги знам, а кои бараат чаре за нивниот проблем, а тоа барање е најчесто на погрешни места?....


Да, не е мудар потез, затоа што задира во волјата Божја, односно, оној кој упорно бара чаре за својот проблем а нејќе да се помири (и смири) со проблемот кој му е од Бога испратен, таквиот, тврдоглаво се инаети на она кое Бог му го одредил. Не исклучувам можност од успешно лечење (т.е. крпење...) на тешки болести, но со тоа, пациентот, доколку е верник, сам си ја намалува можната голема награда на Небесата, а можеби и целосно губење на истата...

За верните, животот не се сведува само на овосветовно краткотрајно битисување, туку за верните, овосветовново време ни‘ е дадено како време за подготовка за вечноста, крај нашиот Творец, кој (Творец) не прима ликови во Рајот, кои само изразиле желба за Рајот, а ни малку не се помачиле или ни малку не ги прифатиле она кое Севишниот им го допуштил.
Колкумина јас и ти познаваме, па и цел форум да се собереме што ги познаваме, нема ни 0,00001% да биде од тие што имале таков проблем во светот. Сосема е небитно е колкумина познава Мики1 или Атест. Медицината над 70% успешно ги третира тие проблеми, веројатно и знаеш, некогаш проблемот е и кај мажите. А поголемиот дел од нив успеале да го надминат проблемот и без анатемисаната ин витро постапка.
Ако постои место каде треба да се побара “лекот“ тоа секако и на прво место ќе биде медицината. Ирелевантно дали тие, пациентите, се верници или не. Севишниот ако така некому одредил не ќе постеше медицината која тоа го лекува, макар и со инвитро.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
MIKI1 од толку “напади“ си станал параноичен па некој и да се накашла ти мислиш те напаѓа :D
.
ION,

нападот е надјобрата одбрана, така?...:sneaky:

Ти постави прашање, „као„ си бил јааако заинтересиран, ја‘ се нафтив да одговорам, а за возврат, побарав од Тебе контра-услуга, од која, како гледам, бегаш, и се‘а, нормално, ја‘ сум кривецот...:sneaky:
--- надополнето: 4 март 2013 во 00:13 ---
Колкумина јас и ти познаваме, па и цел форум да се собереме што ги познаваме, нема ни 0,00001% да биде од тие што имале таков проблем во светот. .
Ова е некоја Твоја „домаќа„ статистика, така?...
--- надополнето: 4 март 2013 во 00:15 ---
.
Ако постои место каде треба да се побара “лекот“ тоа секако и на прво место ќе биде медицината..
Напротив: не е медицината, туку се гатачите и бајачите, па ако не „запали„ со нив, тогаш се преоѓа на медицината, па ако и со неа нема успех, ајде, конечно, да пробаме и во Црквата„....:mad:
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
ION,
Ти постави прашање, „као„ си бил јааако заинтересиран, ја‘ се нафтив да одговорам, а за возврат, побарав од Тебе контра-услуга, од која, како гледам, бегаш, и се‘а, нормално, ја‘ сум кривецот...:sneaky:
--- надополнето: 4 март 2013 во 00:13 ---

Јас бев искрено заинтересирана ама ти како гледаш/сваќаш твоја работа.

Прашање до христијаните:
Зошто христијанството не оправдува лечење на стерилитет, и посебно вештачко оплодување.
За среќа денес го имаме чичко Гугл па (си) најдов одговори таму :
http://www.rsrevision.com/GCSE/shortcourse/medicalethics/fertilitytreatment.htm
http://www.spuc.org.uk/about/evangelicals/petersmith/ivf
http://www.gotquestions.org/in-vitro-fertilization.html
http://www.gotquestions.org/infertility.html

ION,
нападот е надјобрата одбрана, така?...:sneaky:
Ете, доколку ги имаше приближно овие информации можеше овде претходно да ги споделиш а не одма со “нападот е надјобрата одбрана“.

Посегнувањето по медицински лек не секогаш може да се смета за негирање на Бог. (y)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ја‘ и не велам дека посегнувањето по медицината значи негирање на Бог, туку велам дека тоа е мешање во Божјата волја, како опозит од почитувањето на истата...
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Ја‘ и не велам дека посегнувањето по медицината значи негирање на Бог, туку велам дека тоа е мешање во Божјата волја, како опозит од почитувањето на истата...
За ова кога ќе ви се придружам со Атеист на пивце ;)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Двајца атеисти и еден теист?! Нееее, многу е...:D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Напротив: не е медицината, туку се гатачите и бајачите, па ако не „запали„ со нив, тогаш се преоѓа на медицината, па ако и со неа нема успех, ајде, конечно, да пробаме и во Црквата„....:mad:
То е шо го викаме овде во БТ, ВЗШ - Вишото Земјоделско Школо (во народот попознато како Ваша задња шанса) , постапката е следна, еуфорични среќни родители ќе го запишат деттето (паметен на тато убав на мајка) на технички факултет па после 3 години гњавење и 3 дадени испити , ќе си спуштат нивото на очекувања и ќе го запишат на педагошка... и таму по 3 години гњавење и 4 дадени испити конечно ќе се помират со судбината и ќе го префрлат на ВЗШ каде сакал неќел - ќе заврши.
Така да обраќње кон црква да ти реши проблеми е повеќе чекор на очајник кој е спремен на се само некакода се извлече а не некоја свесна разумна постапка
 
M

Muranyi

Гостин
Во ред, тога, Ти, како нехристијанин, кажи ми и просветли ме: каде во Писмото е дозволен тој третман?
Светото писмо вооопшто не се занимава со третманот ин-витро кој им помага на илјадници,ако не и милион парови на светско ниво,да ја уживаат најголемата животна радост,а тоа се децата.Во Светото писмо ниту е забрането,ниту е дозволено ин-витро оплодувањето,како и третманот на уште многу други состојби и болести.Конкретно во случајов,забраната е поставена од страна на Црквата,која го впрегнала народот и се претставува како посредник меѓу човекот и Бога,улога која сама ја има земено да ја игра и на велико ја злоупотребува поради манипулација на верниците.
Мики,добивам впечаток дека Христијаните повеќе се наслонуваат на Црквата и што ќе каже Црквата отколку на Библијата и тоа што кажал Исус.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики,добивам впечаток дека Христијаните повеќе се наслонуваат на Црквата и што ќе каже Црквата отколку на Библијата и тоа што кажал Исус.
Малку нешта кажал Исус, во однос на обемот од Светото Писмо, а кои се запишани од Апостолите. Но, очигледно е дека не ја разбираш структурата и улогата од Црквата во овој Свет, така да, трај си...
--- надополнето: 4 март 2013 во 19:00 ---
Светото писмо вооопшто не се занимава со третманот ин-витро .
Благодарам на Вашиот исцрпен одговор...
--- надополнето: 4 март 2013 во 19:04 ---
Така да обраќње кон црква да ти реши проблеми е повеќе чекор на очајник кој е спремен на се само некакода се извлече а не некоја свесна разумна постапка
Не постојат поголеми очајници, кои се надеваат дека други луѓе (читај: смртници...) ќе им ги решат проблемите...

А очајот е уште поголем, кога немањето пород се „лечи„ кај гатачи, бајачи, кај видовити, вакви и такви, па ај малку да пробаме „на лекар„ па кога од сето тоа нема да бидне ништо, ај да тркеме до Црква, можи тауи ќе ни‘ помогнат...Па кога онака, наполнети со зло, ќе се обратат и до Црквата, како крајна инстанца па кога и од Црквата ќе немаат помош, тогаш, нормално, Црквата е дежурниот кривец.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јас прв пат слушам дека хриатијанското учење темелено на записите од Библијата е против медицинско третирање на стерилитетот и ин витро методот. Ај ако може да ми се посочи каде во Библијата, поточно во Новиот Завет е дадено објаснување кое би го поткрепило ова тврдење?!
Христијанството (барем она што е основано од Христос и втемелено на Библиското учење) не забранува никаде медицинско третирање на стерилитетот. Проблемот конкретно со ин витро методот е што при самата процедура се убиваат стотици или илјадници оплодени јајце клетки. За тие што не им е познат овој метод, ќе објаснам на кратко:
Со помош на женски хормони кај жената се предизвикува созревање на повеќе јајце клетки. Потоа овие се вадат и се ставаат во одреден сад каде што се додава и машка сперма. При контактот на овие клетки и спермата, се оплодуваат многу јајце клетки. Потоа една од овие клетки се враќа во женската утроба и се чека дали таа ќе биде успешно прикачена и дали плодот ќе се развива. Ако не успее од прва, постапката се повторува (а и не мора доколку останатите оплодени јајце клетки се замрзнат). Како што кажав, етичкиот проблем овде се останатите оплодени јајце клетки кои се уништуваат или евентуално замрзнуваат (а потоа парот одлучува што понатаму со нив). Но во принцип тие се исфрлуваат и потоа умираат.
Многу од луѓето не ги сметаат нив за „живи“, па така немаат ни етички проблем, ниту ги гризе совест откако ќе ги исфрлат.

Постојат многу несогласувања околу тоа кога настанува човечкиот живот и овие прашања се повеќе актуелни околу дебатата за абортусот. Но и ова е еден вид на абортус бидејќи се убива оплодена јајце клетка, иако надвор од утробата на мајката.
Во Библијата има индикации дека животот на човекот започнува со неговото/нејзиното зачнување во утробата.

„Твоите очи го видоа мојот зародишок, веќе сè беше запишано во Твојата книга; деновите ми беа одредени, уште додека не беше ниеден. “ (Псалм 139:16, Библијата)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
за чудо, јас никогаш не би отишол кај бајач или некој сличен преварант, ама на лекар обавезно. и тоа од прва. а ако не ми успее од прва, ќе му идам на втора мајка. па и на трета. ама во црква да идам за да ме излечи НЕ, не зезај, ко божем ќе ми ги реши здравствените проблеми. НЕ, само можеби ќе ми биде поарно на душичката, ќе ми се роди некоја мала караткотрајна надеж. ама на тоа и ќе си остане.
тоа е исто ко порано, немало пеницилин па умирале милиони. а сите тие луѓе си викале “како господ сака“. е не било како он сака, него колку и на луѓето им работи кликерот. дека не е само до милитвите. дека има и повеќе од молењето, а тоа е здравиот човечки разум!! со него и до месечината стигнавме. да било по план на горниот, ќе ни дал крила, нели? :D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А очајот е уште поголем, кога немањето пород се „лечи„ кај гатачи, бајачи, кај видовити, вакви и такви, па ај малку да пробаме „на лекар„ па кога од сето тоа нема да бидне ништо, ај да тркеме до Црква, можи тауи ќе ни‘ помогнат...Па кога онака, наполнети со зло, ќе се обратат и до Црквата, како крајна инстанца па кога и од Црквата ќе немаат помош, тогаш, нормално, Црквата е дежурниот кривец.
А оти од црквата да нема помош?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom