А уз пивце, сигурен сум дека ќе ми ги покажеш сите излечени слуачи, кои се побројни од луѓето кои јас лично ги знам?
А што мислиш, тие кои ги знам, нели се само дел од поголемата бројка од живи луѓе, кои јас лично не ги знам, а кои бараат чаре за нивниот проблем, а тоа барање е најчесто на погрешни места?....
Да, не е мудар потез, затоа што задира во волјата Божја, односно, оној кој упорно бара чаре за својот проблем а нејќе да се помири (и смири) со проблемот кој му е од Бога испратен, таквиот, тврдоглаво се инаети на она кое Бог му го одредил. Не исклучувам можност од успешно лечење (т.е. крпење...) на тешки болести, но со тоа, пациентот, доколку е верник, сам си ја намалува можната голема награда на Небесата, а можеби и целосно губење на истата...
За верните, животот не се сведува само на овосветовно краткотрајно битисување, туку за верните, овосветовново време ни‘ е дадено како време за подготовка за вечноста, крај нашиот Творец, кој (Творец) не прима ликови во Рајот, кои само изразиле желба за Рајот, а ни малку не се помачиле или ни малку не ги прифатиле она кое Севишниот им го допуштил.