Прашање за Христијанството III

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Не си играм со чуствата ниту сакам да му го променам мислењето на некој кој не го прифаќа постоењето на Бог.и самиот Бог им рекол на апостолите кој не ме прифаќа само истресете ја прашината од неговиот имот од обувките.
Ти со самото пишување се интересираш за Христијанството и тука се отвара нашата должност да ти ја пренесеме вистината за спасение на твојата душа.

Не се плашиме од Бог,тој е добар и милостлив кон сите луѓе тој не го сака гревот.Се плашиме од страшниот негов суд!

Не барам туку само те известувам како треба да се живее како Христов следбеник.Изборот е твој дали ќе го избереш тесниот и трнлив пат кој води до спасение и вечен живот.Или широкиот и асфалтиран пат кој води кон пропаст.

Ако не постои Бог залудно е нашето постоење.
Погледни околу себе се е креирано со причина и се одвива како механизам.
Вселената падна од небо или од каде?
Ако бараш доказ дека постои Бог тоа е најголемо сатанско прашање кој и самата сатана се прашува од каде си ти од каде дојде.

Христијанството учи на соживот со Бог.а подобро да бидеш Божји роб него сатански служител.

Верувај ми дека некогаш кога ќе ти дојде времето ќе се прашуваш што сега.
вечен гроб би било убаво во спротивно за вечните и страшни маки што не очекуваат.

Dali ima nekoe dostoinstvo vo tvoite tekstovi pocnav da se prasuvam. Ako ne si igras so custvata na lugeto sto predstavuva ovoj tekst, te citiram

Сакам да ти кажам да се плашиш од тој што може да го убие не само телото туку и душата.(Бог)

Сакам да ти кажам дека со непознавање на божјите закони и неизвршување наспроти некоја човечка морална идеологија е резултат на пропаст.

Не ти се заканувм туку ти одговарам во контекст со темата дека безбожниците и со самото тоа грешни еретици ДА ќе бидат казнети и фрллени во пекол.

Не се плашиме од Бог,тој е добар и милостлив кон сите луѓе тој не го сака гревот.Се плашиме од страшниот негов суд!

Не барам туку само те известувам како треба да се живее како Христов следбеник.Изборот е твој дали ќе го избереш тесниот и трнлив пат кој води до спасение и вечен живот.Или широкиот и асфалтиран пат кој води кон пропаст.
Ако не постои Бог залудно е нашето постоење

Христијанството учи на соживот со Бог.а подобро да бидеш Божји роб него сатански служител.

vo tvoite zborovi pogore imas zakani kon neistomislenici, najgolemata kazna sto postoi ke ja dobijat samo zatoa sto ne go "prifakaat" tvojot bog.
Ti so ovie recenici i zborovi probuvas da vneses strav vo lugeto, da se plasat od "tvojot Bog" i deka loso ke gi snajde za kazna i edinstveno spasenie e prifakanje na "tvojot Bog". Posle ke pocnes so drugi recenici propovedas lubov spasenie i.t.n. Ako mislis deka ova ne e igra so custvata na lugeto tuku tvoe spasenie kon niv so golema zal te izvestuvam deka 100 % ti e isperan mozokot.
Ti samiot ne mozes da postignes vnatresen mir bez da misles na nekoja imaginarna licnost, i ovaa licnost te prati celo vreme, te sledi i gleda sto pravis i dokolku ti se sluci nesto loso ke ti pomogne na negov nacin (za tebe misticen nacin) se razbira dokolku gi izvrsuvas negovite zapovedi.

te citiram

Христијанството учи на соживот со Бог.а подобро да бидеш Божји роб него сатански служител.

ne veruvam vo veruvanje vo bog a isto taka ne veruvam vo veruvanje vo satana i nemam namera da im sluzam na nikoja od navedenite imaginarni licnosti. Kako mozes da si zemas za pravo da ponizuvas nekogo so "sataniziranje".
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да, поповите, т.е. свештенстово во целина, е наследник на Апостолите преку преемството, односно ракополагањето и примање на даровите од Светиот Дух. Видо во делата Апостолски, 6.6.
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 01:11 ---

Не ми ги извртуј работите: миљон пати напишав дека предмениот стих ниту во асоцијација не наведува беспатно крштевање!

Еве каде Христос ја воведува Светата Тајна крштевање: види во Јован, 3.5, каде крштевањето не е наведено како бесплатно!
А рецептот за сарма од лозов лист каде е?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Што е црковниот ценовник? Црковниот ценовник кажува колку треба секој човек да плати за одредена црковна услуга. Тоа значи дека на пример за крштевање секој треба (или барем од секој се очекува) да плати 1200 денари.

Но што вели Библијата? Библијата вели дека секој треба доброволно да даде онолку колку што си одлучил во срцето.

„ Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.“ (2 Коринтјаните 9:7, Библијата)

Ова значи дека ако некој одлучил дека сака да даде за крштевањето 200ден, тој треба да даде 200 ден.
Ако некој одлучи во свето срце да даде 17.500 денари, тогаш нека даде толку (ама со алал да ги даде, а не после да мрчи колку го ошурила црквата).
Ако некој одлучи во свето срце да даде 10 денари, тогаш нека даде толку.
Ако некој нема ич пари, нека не дава ич за крштевањето, а Црквата е должна да го крсти бидејќи тоа е заповед од Христос!

Ете тоа значи да се дава од срце, без принуда, без мрчење и со радост.
Протестантските цркви го имаат решено ова на следниов начин: Сите црковни услуги се бесплатни, а независно од црковните услуги си постојат каси со доброволен прилог каде што секој може дискретно и доброволно да си даде колку сака и кога сака и АКО сака.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А рецептот за сарма од лозов лист каде е?
Рецептот за сармата и јас го барав...

Што се однесува до крштевањето, посочив дека стихот за „беслатноста„ воопшто не го засега крштевањето, но посочив и стих, во кој Христос јасно ја поставува Светата Тајна крштевање како чин на раѓање од „...Дух и вода...„, но и тој стих не наведува бесплатно крштевање. Го посочив и стихот во кој Христос им заповеда на Апостолите да ги крштеваат сите народи во името од Троичниот Бог, но и во тој стих, Христос (не јас...) не наведува и не условува бесплатно крштевање.
 
Како заклучи дека не го засега? Зарем поракате не е очигледна - не наплатувајте!! Каде видовте вие поделба на услуги кој се наплаќаат и не се наплаќаат?
Дали според тебе, кога со стап ги нападнал трговците во храмот требало да остави попис и список на производи кој смеат акој не смеат да се продаваат пред храмовите, па затоа сите манастири и цркви на поголемите празници се претворени во панаѓури? Затоа што никаде во библијата нема дека е забрането да се продава пиштолче на вода?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како заклучи дека не го засега? Зарем поракате не е очигледна - не наплатувајте!!
Немам намера да го објаснувам она кое веќе 2-3 пати го објаснив.
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 12:21 ---
Дали според тебе, кога со стап ги нападнал трговците во храмот требало да остави попис и список на производи кој не смее да се продаваат пред храмовите,
Христос ги истера трговците затоа што храмот го претворија од „...дом за молитва...„ во пазар.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Христос ги истера трговците затоа што храмот го претворија од „...дом за молитва...„ во пазар.
Ме интересира што би му направил на свештенството од МПЦ кое им забранува на верниците да купуваат свеќе ако не се од кај нив. Тоа не е пазар?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
па затоа сите манастири и цркви на поголемите празници се претворени во панаѓури? Затоа што никаде во библијата нема дека е забрането да се продава пиштолче на вода?
Во манастирите се продаваат точно утврдени предмети, кои имаат своја поврзаност со Црквата или учењето од Црквата.

Тоа што пред црковните храмови, за големи празници, се продава се‘ и сешто, тоа е појава која не ја одобрувам и не сум дел од истата. Трговијата пред црковните храмови ја одобруваат луѓе кои од верата немаат поим, иако истите се исповедаат за православни рисјани.
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 12:26 ---
Ме интересира што би му направил на свештенството од МПЦ кое им забранува на верниците да купуваат свеќе ако не се од кај нив. Тоа не е пазар?
Свеќите се поврзани со Црквата, со верните и со начинот на живеење во Црквата и Црквата може да ги произведува и продава а не било кој.

Она кое се чини во Црквата, редовно се чини си благослов од свештенството, а она кое се чини надвор од Црквата, се чини по својата волја.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Свеќите се поврзани со Црквата, со верните и со начинот на живеење во Црквата и Црквата може да ги произведува и продава а не било кој.

Она кое се чини во Црквата, редовно се чини си благослов од свештенството, а она кое се чини надвор од Црквата, се чини по својата волја.
Значи ако запалиш свеќа која не е продадена од МПЦ правиш грев?

:)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Веќе одговорив:

„...Тоа што пред црковните храмови, за големи празници, се продава се‘ и сешто, тоа е појава која не ја одобрувам и не сум дел од истата. Трговијата пред црковните храмови ја одобруваат луѓе кои од верата немаат поим, иако истите се исповедаат за православни рисјани....„
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во манастирите се продаваат точно утврдени предмети, кои имаат своја поврзаност со Црквата или учењето од Црквата.
Јас во еден од нив, поточно на тезгите во манастирот имам купено неколку пентаграми. Ај објасни ми за што точно се утврдени и поврзани со црквата и нејзиното учење?
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 12:33 ---
Веќе одговорив:

„...Тоа што пред црковните храмови, за големи празници, се продава се‘ и сешто, тоа е појава која не ја одобрувам и не сум дел од истата. Трговијата пред црковните храмови ја одобруваат луѓе кои од верата немаат поим, иако истите се исповедаат за православни рисјани....„
Па никаде не се вели дека Исус забранил пиштолчиња на вода да се продаваат, исто како што не кажал за крштевка да не се наплаќа! Што е разликата?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи ако запалиш свеќа која не е продадена од МПЦ правиш грев?

:)
Свеќата треба да биде и произведена и продадена во рамките од Црквата а не во приватна свеќоливница, која е надвор од надлежноста од Црквата.

Дали е грев палењето свеќа која не е од црковната свеќоливница, не можам со сигурност да одговорам, но свеќите кои ги палам по храмовите, се произведени и набавени од црковната свеќоливница така да по тоа прашање немам личен проблем или дилема дали е‘ или не е грев.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Свеќата треба да биде и произведена и продадена во рамките од Црквата а не во приватна свеќоливница, која е надвор од надлежноста од Црквата.

Дали е грев палењето свеќа која не е од црковната свеќоливница, не можам со сигурност да одговорам, но свеќите кои ги палам по храмовите, се произведени и набавени од црковната свеќоливница така да по тоа прашање немам личен проблем или дилема дали е‘ или не е грев.
Мислиш дека на Бог му е гајле од која свеќоливница си купил свеќа?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас во еден од нив, поточно на тезгите во манастирот имам купено неколку пентаграми. Ај објасни ми за што точно се утврдени и поврзани со црквата и нејзиното учење?
Пентаграмот е стар симбол од масонскиот еснаф, се‘ до крајот од 18-от век, и тој знак означувал симбол за живот и здравје за членовите од еснафот. Во античка Елада, пентаграмот бил подлога од која архитектите ги изведувале/граделе објектите на лице-место, по соодветна геометриска постапка.

Од распадот на стариот масонски/ѕидарски еснаф, новокомонираната (денешнава) масонерија го превзема целото наследство од старите ѕидари, вклучувајќи го и пентаграмот, кој со себе го крие ликот од Бафомет, односно козјата глава со роговите.

Петокраката, која е изведена од пентаграмот, ја користеа и ја користат многу овоземни структури (држави, армии..).

Пентаграмот никогаш немал врска со Црквата и нејзиното учење.
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 12:40 ---
Ј
Па никаде не се вели дека Исус забранил пиштолчиња на вода да се продаваат, исто како што не кажал за крштевка да не се наплаќа! Што е разликата?
Разликата е во тоа што Светата Тајна крштевање, која е зададена лично од Христа Бога, не можеш да ја поистоветиш со детска играчка, произведена од смртник, за нецрковни потреби.
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 12:41 ---
Мислиш дека на Бог му е гајле од која свеќоливница си купил свеќа?
Мислиш дека на Бога не Му е гајле за Неговата Црква?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom