Прашање за Христијанството III

Член од
21 март 2013
Мислења
176
Поени од реакции
149
Со ваквија прашања, обрати се у „христијанскиот трговски центар„ у Дебар Маало и ќе добиеш исцрпни одгвори, а може ќе добиеш и примерок од Светото Писмо, бесплатно, секако, у духот од христијанството, а може и ќе Те поканат на тест на Твојата емотивна интелигенција, од кој (тест) ќе заклучат дека со Тебе нешто не е у реду и дека под хитно треба да бидеш саниран...
Зашто ми ја навредуваш интелигенцијата? :confused:
Мене само ме интересира дали црковните лица во Македонија се однесуваат во склад со она што го налага христијанството?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Вршат ли православните попови егзорцизам? Како се постапува во православието во скучај на демонска опседнатост?
Молитвата кон Бога, поточно, секојдневните молитви кон Бога, се најдобар егзорцист.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 23:53 ---
Мене само ме интересира дали црковните лица во Македонија се однесуваат во склад со она што го налага христијанството?
А што налага христијанството и зашто тоа наложување не почнеш да го практикуваш, туку очекуваш дека некој друг треба да го стори она кое Ти го мислиш, а Ти треба да седиш „на страна„ и да гледаш сеир?....
 
Член од
14 февруари 2011
Мислења
55
Поени од реакции
30
христијанството налага ли парите кои ги земал попот од дневни литургии или осветувања (не знам како се викаат) да ги троши на рулет? и зашо јас би плакал данок на сите пари кои ги заработам а попот да не плаќа ништо?
 
Член од
21 март 2013
Мислења
176
Поени од реакции
149
А што налага христијанството и зашто тоа наложување не почнеш да го практикуваш, туку очекуваш дека некој друг треба да го стори она кое Ти го мислиш, а Ти треба да седиш „на страна„ и да гледаш сеир?....
Па види сеа вака, до сега не сум имал прилика да одделам од моето време за да ја земам во раце библијата и да ја читам, така што не можам да се сметам себеси за религиозен, додека блаженството Стефан, владиката Петар (така мислам се викаше) и сличните на нив, ако не друго сигурно се запознаени со библијата. Но со оглед на тоа што сум од христијанско семејство, се сеќавам дека како мал од дома ми велеа нешто као "Исус рекол, тоа што го имаме да го делиме со оние луѓе кои го немаат, така и јас задоволен и они" можеби грешно ми кажувале, не знам, нека ме исправи некој. Е сега, не ми е јасно зошто едни претставници на христијанството во Македонија како што се блаженството Стефан, владика Петар... не го делат тоа што го имаат со останатите, туку сакаат да живеат во луксуз?
И, дали тоа автоматски ги прави неверници?
Тоа ме интересира.

Фала.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Caffè, дали знаеш дека 90% од оние што ги ругаат поповите и МПЦ, кога ќе дојде време за брак, крштевка, венчавка, погреб, пак поп викаат, му плаќаат според ценовникот и бакшиш му оставаат? 15 секунди после плаќањето пак мрчат како попот бил без осет, како набрзинка отпеал, си ги зел парите и си отишол кај следниот муштерија не стигнувајќи ни да се поздрави со луѓето.
Едноставно тоа е генот на македончето, за жал.
 
Знам..

Дали блаженството Стефан, владика Петар и останатите се всушност неверници, а сепак се залагаат за градење цркви и за снимање кампањи кои имаат за цел што поголем дел од сиромашниот и неук народ да иде во црква и да остава пари за они да живеат луксузен живот?
 
Член од
11 февруари 2013
Мислења
156
Поени од реакции
241

Да. :pos:
премини на друго прашање.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
христијанството налага ли парите кои ги земал попот од дневни литургии или осветувања (не знам како се викаат) да ги троши на рулет?
Ајдееее, сега, покрај колите, џипојте и петкатните куќи, и рулетот дојде на ред...:pos:
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 01:41 ---
и зашо јас би плакал данок на сите пари кои ги заработам а попот да не плаќа ништо?
И поповите плаќаат данок, не се секирај...
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 01:44 ---
Е сега, не ми е јасно зошто едни претставници на христијанството во Македонија како што се блаженството Стефан, владика Петар... не го делат тоа што го имаат со останатите, туку сакаат да живеат во луксуз?
И, дали тоа автоматски ги прави неверници?
.
Да, тоа ги прави ептен големи неверници, а Тебе Те прави јак верник, според она кое Ти го кажале Твоите родители или можеби, некоја неука бабичка...Следно прашање?
 
Член од
14 февруари 2011
Мислења
55
Поени од реакции
30
не бе MIKI1 се е смешно, поповите не играат рулет, не се коцкат, не се педофили они се светци ... се додека постојат такви како тебе шо стојат на нивна страна и слепо им веруват, лугето се повеќе ќе се оддалечуват од верата
 
Член од
21 март 2013
Мислења
176
Поени од реакции
149
Да, тоа ги прави ептен големи неверници,
А сепак претставници на МПЦ? Браво за нив што го лажат и крадат народот.
а Тебе Те прави јак верник, според она кое Ти го кажале Твоите родители или можеби, некоја неука бабичка...
Јас како што кажав претходно, не се сметам себеси за религиозен, но сум далеку похуман од црковните лица во Мк, за кои што и ти се слагаш дека се неверници и уживаат на смета на сиромашни луѓе.
Следно прашање?
Читајќи те низ темава дојдов до заклучок дека си верник кој знае речиси се за христијанството, тогаш зошто еден верник би застанал во одбрана на луѓе кои имаат статус на попови, митрополити, блаженствени... а всушност се неверници кои праат само маска пред народот за на некој начин да успеат што повеќе пари да украдат од истиот тој народ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
не бе MIKI1 се е смешно, поповите не играат рулет, не се коцкат, не се педофили они се светци ... се додека постојат такви како тебе шо стојат на нивна страна и слепо им веруват, лугето се повеќе ќе се оддалечуват од верата
Луѓето се оддалечуваат од верата оти тоа е нивен личен избор а не заради мене или заради однесувањето од свештениците. Свештениците се дел од Црквата, јас сум дел од Црквата и ќе го бранам свештенството се‘ додека се однесува според редот од Црквата.
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 08:22 ---
А сепак претставници на МПЦ? Браво за нив што го лажат и крадат народот.
Ако веќе тврдиш дека некој лаже и краде, тоа тврдење треба и да го докажеш, оти во спротивно стануваш обичен клеветник, кој клевети на основа од својата омраза кон свештенството а не според докажливи нешта.
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 08:23 ---
Јас како што кажав претходно, не се сметам себеси за религиозен, но сум далеку похуман од црковните лица во Мк,
Алал да Ти е: затоа гледам дека сите социјални проблеми во МК се веќе разрешени...
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 08:26 ---
за кои што и ти се слагаш дека се неверници и уживаат на смета на сиромашни луѓе.
Не се слагам: очигледно дека не си ја забележал иронијата во мојот пост.
Уште помалку дека уживаат на сметка од сиромашните: ако сиромашните се сиромашни и не можат за врзат „крај со крај„, тогаш како може некој да ужива на нивната сиромаштија?...:confused:
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 08:29 ---
Читајќи те низ темава дојдов до заклучок дека си верник кој знае речиси се за христијанството, тогаш зошто еден верник би застанал во одбрана на луѓе кои имаат статус на попови, митрополити, блаженствени...
Свештенството ја чини црковната ерархија, свештениците го чуваат учењето од Црквата, свештениците имаат двојно поголема одговорност пред Бога отколку верниците, и свештениците се дел од Црквата исто колку што сум и јас дел од таа иста Црква. За разлика од Тебе и сличните на Тебе, јас не ги гледам свештениците како мои непријатели.
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 08:30 ---
... а всушност се неверници кои праат само маска пред народот за на некој начин да успеат што повеќе пари да украдат од истиот тој народ?
Како свештениците крадат од народот?
Како свештениците крадат, кога Бог тоа го забранува?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
До некаде у право е MIKI1, свештениците не крадат пари од народот, тие не му земаат пари со сила, туку народот сам им ги дава парите и плус и плус бакшиш им остава (зашто така е редот нели, така останало од старите). Свештениците поштено си наплаќаат согласно нивниот ценовник и никој не ги тера со сила да ги користат нивните услуги.

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Може, како не можело...А Г.Г Стефан му е брат на татко Ти, така?...:unsure:

cicko stefan ne e brat na tatko mi, ama najverovatno e brat na majka ti........
ja znaes onaa narodnata

AKO IMAS VUJKO VLADIKA I TI POP KE BIDES
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
cicko stefan ne e brat na tatko mi, a
Тогаш, зашто архиепископот Стефан би бил „чичко„?...
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 10:45 ---
ama najverovatno e brat na majka ti........
Не е брат на мајка ми ни најверојатно, ни помалку веројатно...
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 10:49 ---
До некаде у право е MIKI1, свештениците не крадат пари од народот, тие не му земаат пари со сила, туку народот сам им ги дава парите и плус и плус бакшиш им остава (зашто така е редот нели, така останало од старите). Свештениците поштено си наплаќаат согласно нивниот ценовник и никој не ги тера со сила да ги користат нивните услуги.

Чорба,

колку чини кај Вас крштевањето?
 
mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Како свештениците крадат од народот?
Како свештениците крадат, кога Бог тоа го забранува?

До некаде у право е MIKI1, свештениците не крадат пари од народот, тие не му земаат пари со сила, туку народот сам им ги дава парите и плус и плус бакшиш им остава (зашто така е редот нели, така останало од старите). Свештениците поштено си наплаќаат согласно нивниот ценовник и никој не ги тера со сила да ги користат нивните услуги.
Najprvo gi ubedivaat lugeto vo nekakvi bozestveni sili, deka celo vreme nekoj gi gleda i prati sto tie pravat, deka ke bidat SUDENI od toa bozestveno sustestvo za nivnite dela, vnesuvaat strav vo nivnite umovi deka nesto loso ke im se sluci, deka ke gorat vo pekolot ako ne gi izvrsuvaat zapovedite na nivniot bog napisani vo sveta kniga. Deka nivnite deca ke gorat vo pekolot dokolku i oni samite ne ja sledat svetata kniga - ovde veke ima pritisok od roditelite kon svoite deca za prifakanje na religijata bidejki dokolku ne ja prifakaat samite roditeli ke mislat deka nivnite deca ke plakaat za nivnite "grevovi" i so toa tie ke nemat mir vo sebe, ke se plasat za svoite deca.

I koga lugeto ke navlezat vo ovoj krug na kontrola na umot istite mislejki deka so odredeni rituali ke si ja osugiraat dobrata volja na nivniot bog tie bez problem gi izvrsuvaat ovie rituali, a dali treba i kolku treba da platat za toa nikoj ne se ni osmeluva da prasuva - bidejki dokolku ne go napravat ritualot nivniot "bog" ke gi kazni. Noseni od ovoj strav lugeto gi izvrsuvaat ovie rituali - kako odenje vo crkva i so toa sledi ostavanje pari vo crkvata "za dobro", plakanje za vrsenje na ritualite i na kraj samata korupcija na popovite - BAKSIS

dali ste videle stari babi koi cel zivot go pominale odejki vo crkva kakov stres e za niv nivnoto vnuce da ne e krsteno vo crkva, nivnite vnuci koga odbivaat da se vencat vo crkva, koga mladite ne im davat znacenje na ritualite kako za bozik ili veligden, koga sakaat da perat alista ili da rabotat nesto po doma na nekoj praznik.
ili pak koga treba da pee pop na grob na niven blizok a popot ne saka da dojde bidejki minatiot pat mu dala samo 50 denari pa ke go goni niz grobistata i ke go moli i za da dojde ke treba unapred da mu dade baksis. (pa i popovite znaat ekonomija - toa ti e profaktura).

ova se e PERENJE mozok
 
Kajgana Shop

На врв Bottom